Александер Ален Милн
Александер Ален Милн (англиски: Alexander Allan Milne) (Лондон, 1882 — Хартфилд, 1956, Британија) — англиски новинар, драматург и писател за деца.
Александер Ален Милн | |
---|---|
Александер Ален Милн | |
Роден/а | Александер Ален Милн Alan Alexander Milne 18 јануари 1882 Килбурн, Лондон, Англија |
Починат/а | 31 јануари 1956 Хартфилд, Сасекс, Англија | (возр. 74)
Занимање | Романописец, драматург, поет |
Националност | Британец |
Апсолвент на | Тринити колеџ, Кембриџ |
Период | Едвардијанска ера |
Жанр | Детска литература |
Значајни дела | Вини -Пу |
Сопруг/а | Дороти "Дафне" де Селинкурт ( 1913) |
Деца | Кристофер Робин Милнеј |
Потпис |
Животопис
уредиМилн е роден во Лондон, во 1882 година. Се школувал во Вестминестерското училиште, а потоа студирал на Универзитетот во Кембриџ. Активно учествувал во Првата светска војна. Умрел во Хартфилд, Сасекс, во 1956 година.[1]
Творештво
уредиНовинарските написи на Милн се издадени во неколку дела, од кои најзначајни се: „Не оти тоа е значајно“ (1919) и „Ако смеам“ (1922). Неговите најзначајни драми се собрани во книгите: „Први драми“ (1919), „Втори драми“ (1921), „Три драми“ (1923) и „Четири драми“ (1926). Исто така, тој пишувал и поезија, а неговите песни за деца се застапени во две збирки. Сепак, тој е најпознат по приказните за деца, од кои најголема популарност имаат книгите: „Вини Пу“ (1926) и „Куќата на Пуовиот агол“ (1928).[2]