Александар Станојевиќ
Александар Станојевиќ (Белград, 28 октомври 1973) бил поранешен српски фудбалер и актуелен фудбалски тренер. Моментално е тренер на белградскиот тим Партизан.
Професинална кариера
уредиАлександар Станојевиќ е роден во Белград, на Лион.[1] Ги поминал сите помлади категории на екипата на Партизан. Подоцна настапувал во екипата на Обилиќ, а во 1995 година заминал во Шпанија во составот на Мајорка, каде настапувал една сезона. Во 1996 година се вратил во составот на Обилиќ.
Наредната 1997 година, преминал во клубот на ОФК Белград, каде што останал вкупно две сезони. Во текот на 1999 година тој се вратил во екипата на Партизан каде што претходно настапувал во јуниорските категории. Со црно-белите го освоил националниот куп во 2001 година. За првиот тим на составот на Партизан одиграл вкупно 116 натпревари и постигнал еден гол. Сезоната 2001/02 ја поминал во екипата на ОФК Белград, а во 2002 година заминал да настапува во клубот на Видеотон, во Унгарија, каде што во 2003 година ја завршил својата натпреварувачка кариера.
Тренерска кариера
уредиПочетоци
уредиСвојата тренерска кариера Станојевиќ ја започнал во екипата на ОФК Белград каде што бил помошник на шефот на стручниот штаб, а покрај таа позиција ги тренирал и помладите категории на клубот. Подоцна својaта тренерската кариера ја продолжил во екипата на Срем од Сремска Митровица и тoa како шеф на стручниот штаб. Во 2007 година дошол во екипата на Партизан, и во тој период му бил асистент на првиот тренер Мирослав Ѓукиќ.
Станојевиќ му бил помошник на Мирослав Ѓукиќ и во сениорската репрезентација на Србија. Тој подоцна останал во ФСС (фудбалски сојуз на Србија) и му била доверена функцијата, селектор на младинската селекција за играчи до 19 години. Станојевиќ го освоил третото место со селекцијата на Србија до 19 години на ЕП во Украина. Со селекцијата остварил две победи (Шпанија 2:1, Турција 1:0), еден нерешен резултат (Франција 1:1) и еден пораз (Украина 3:1).[2]
Партизан
уредиНа 16 април 2010 година, Станојевиќ бил назначен за нов тренер на составот на Партизан, наследувајќи го Горан Стевановиќ, кој претходно си поднел оставка од тренерската позиција.[3] Станојевиќ успеал да ја надополни загубата на бодови во однос на составот на Црвена ѕвезда и ја освоил титулата шампион на Србија на крајот од сезоната 2009/10.[4] Подоцна екипата на Партизан ги елиминирала составите на Пјуник, Хелсинки и Андерлехт во квалификациите за Лигата на шампионите, со што успеал да го воведе составот на Партизан во групната фаза од Лигата на шампионите. Тој бил првиот српски тренер што успеал да го постигне таквиот успех.[4] Во групата со екипите на Арсенал, Шахтјор и Брага, клубот на Партизан го заземал последното место со вкупно остварени шест порази.[5]
Во сезоната 2010/11 Станојевиќ го предводел составот на Партизан до освојување на „двојната круна“.[6] На крајот на месец мај 2011 година, тој потпишал нов, двегодишен договор со клубот.[7] Иако бил успешен на домашната сцена, екипата на Партизан во сезоната 2011/12 не го повторила резултатот во европските натпреварувања. Клубот на Партизан бил елиминиран во 3то коло од квалификациите за Лигата на шампионите од страна на белгискиот тим на Генк.[8] Подоцна екипата која ја предводел Станојевиќ доживеала шокантен пораз и од ирскиот состав на Шамрок во плејофот за пласман во групната фаза на Лига Европа.[9] Во месец септември управата го отстранила Станојевиќ од тренерската позиција во клубот, но многу брзо сепак го вратила на истата позиција.[4] Екипата на Партизан успеала да ја надмине кризата по елиминацијата од составот на Шамрок и да ја врати доминацијата во српската лига. Есента, клубот завршил со 10 бодови предност пред екипата на Црвена ѕвезда.[4]
Веднаш по есенскиот дел од сезоната, во екипата на Партизан, се случиле големи потреси. Младен Крстајиќ, тогашниот спортски директор, јавно проговорил и одговорил на критиките на претседателот на клубот Драган Ѓуриќ на сметка на спортскиот дел од клубот.[10] Раководството подоцна го сменила Младен Крстајиќ,[11] а поради таа одлука, со која не се согласувал, тренерот Станојевиќ истакнал дека е веќе „поранешен тренер“ и дека нема да се врати на местото тренер на црно-белиот тим.[12] Сепак, тој набрзо се предомислил и решил да остане на клупата,[13] но овојпат на 13 јануари 2012 година клубот одлучил да го замени и на негово место да го постави тренерот Абрахам Грант.[14]
За неполни две години во клубот, Станојевиќ имал само три порази во првенството.[15] Ги предводел црно-белите во шест вечни дербија, во кои постигнал пет победи и само еден пораз, но тој пораз бил оној кој не бил важен. Тоа бил пораз со резултат од 1:0 на возвратниот натпревар од полуфиналето на Купот 2011 година кога екипата на Партизан веќе имала резултат од 2:0 од првиот натпревар. Првото дерби во кое славел тренерот Станојевиќ било она на домашен терен на улицата Хумска на крајот од сезоната 2009/10 кога неговиот тим победил со резултат од (1:0). Голот го постигнал играчот на Партизан, Петровиќ. Подоцна, во есента 2010 година, црно-белите повторно победиле со идентичен резултат од 1:0, но овојпат на стадионот Маракана. Голот го постигнал напаѓачот Мореира. Следувале споменатите натпревари во Купот, по кои составот на Партизан ја освоиле шампионската титула во 2011 година. Во таа сезона дуелот на домашен терен завршил со резултат од 1:0, со гол на играчот Теиг и 2:0 на гостински терен со головите на Звонимир Вукиќ и Марко Шќеповиќ.[15]
Странски земји
уредиНа почетокот на месец април 2012 година, Станојевиќ бил назначен за тренер на кинескиот состав на Далиен.[16] Станојевиќ го преземал клубот кога бил во зоната за испаѓање (0-3-1 - сооднос на победи, нерешени и порази), а на крајот од кинеската Супер лига, на клубот му недостасувал само еден бод за да се квалификува за азиската Лига на шампиони. Станојевиќ го донел составот на Далиен до петтото место на табелата, а додека бил тренер клубот имал сооднос од 11-8-7 (победи, нерешени и порази). Сепак, и покрај добрите резултати, тој неочекувано поднел оставка во месец ноември 2012 година.[17]
Во месец декември 2012 година го презел кинескиот суперлигаш Пекинг Гуан.[18] Под водство на тренерот Станојевиќ, екипата на Пекинг го освоила третото место во кинеската Супер лига. Добри резултати и двојни првенствени победи клубот имал над Шандонг на тренерот Антиќ (3:1, 3:0), еден нерешен резултат со екипата на Гвангжу на тренерот Марсел Липи (1:1) и една убедлива победа над тимот кој го водел шведскиот тренер Свен Горан Ериксон (Гвангжу Р&Ф, 6:0). Клупските лидери биле задоволни од неговите резултати, поради тоа на средината на месец септември 2013 година, Станојевиќ го продолжил договорот до месец декември 2015.[19] Неочекуваните резултати и порази од 0:1 и 1:6 на крајот на месец ноември, не ги смениле плановите на раководните лица, кои со тренерот Станојевиќ го договориле планот на подготовките и засилувањата за наредната сезона. Меѓутоа, во месец декември 2013 година клубот изненадувачки му врачил отказ на тренерот Александар Станојевиќ.[19]
На 25 април 2014 година, Станојевиќ бил назначен за тренер на израелскиот прволигаш Макаби од Хаифа.[20] На клупата на Макаби останал до 28 декември истата година, кога поднел оставка по лошите резултати. Станојевиќ во есенскиот дел од сезоната 2014/15 претрпел осум порази на 15 натпревари. Во моментот на неговиот отказ, клубот бил четврти на табелата, со 19 бодови и 13 бода зад водечкиот тим на Хапоел Хиријата Шмона.[21]
На 12 јануари 2015 година, Станојевиќ го презел кинескиот второлигаш Пекинг Ентерпрајс.[22] Не успеал да го внесе во кинеската Супер лига, па во месец декември 2016 година го напуштил клубот.[23]
Александар Станојевиќ на 16 јуни 2017 година бил назначен за тренер на клубот ПАОК од Солун, со кој потпишал тригодишен договор.[24] Сепак, тој останал на клупата на ПАОК само до 11 август истата година. Станојевиќ го напуштил кормилото на клубот од Солун по само 56 дена и по само два натпреварувачки натпревари. Српскиот тренер обезбедил пласман во плеј-оф рундата од квалификациите за Лигата на Европа, бидејќи бил подобар од составот на Олимпик од Доњецк.[25] Сепак, челниците на составот на ПАОК не биле задоволни од начинот на кој Станојевиќ ја водел екипата, па поради тоа му врачиле отказ.[26]
На 24 мај 2018 година, Александар Станојевиќ бил претставен како нов тренер на екипата на Ал Кадисија, клуб од Саудиска Арабија.[27] На клупата на овој клуб останал до 5 ноември истата година, кога добил отказ по шест последователни порази.[28]
Во месец декември 2018 година, Станојевиќ го преземал кинескиот суперлигаш Пекинг Рене.[29] Тој останал на клупата на кинескиот клуб до 9 јули 2019 година, кога поднел оставка, од лични причини. Така било наведено во официјалното соопштение на клубот. Прекинот на соработката дошол по серијата од четири последователни порази, меѓу кои и два последователни неуспеси на домашен терен, едниот од екипата на Далиан (1:3), а другиот од составот на Шандонг (0:2). Како селектор на составот на Пекинг, Станојевиќ остварил 12 порази на 18 натпревари.[30]
Враќање во екипата на Партизан
уредиНа 1 септември 2020 година, Александар Станојевиќ по втор пат во кариерата бил назначен за тренер на составот на Партизан.[31] Со екипата на Партизан, тој успеал да се пласира во премиерното издание на европското клупско натпреварување Лига на конференции, победувајќи во плеј-офот против португалскиот тим на Санта Клара (сезона 2021/22).[32] Во првиот дел од сезоната 2021/2022, Станојевиќ го предводел тимот што го постигнал најдобриот резултат во српското првенство во историјата на клубот со вкупно 19 победи и 2 нерешени натпревари, со ниту еден пораз, со што стигнал до првото место во првенството на Србија, со најмногу (57) постигнати голови и најмалку примени голови (6). Предноста над екипата на Црвена ѕвезда била 5 бодови. Во Конференциската лига, составот на Партизан го освоил второто место во групата и се пласирал во шеснаесетфиналето од тоа натпреварување.
Успеси
уредиУспеси како играч
уреди- Партиза
- Освоен е Купот на СР Југославија (1): 2000/01.
Тренерски успеси
уреди- Партизан
- Освоена е Српската Суперлига (2): 2009/10, 2010/11.
- Освоен е Купот на Србија (1): 2010/11.
Наводи
уреди- ↑ „Љубав према Партизану“. politika.rs. 28 август 2010. Посетено на 10 јули 2019.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Ко је Александар Станојевић?“. sport.blic.rs. 16 април 2010. Посетено на 10 јули 2019.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Станојевић дошао по титулу“. novosti.rs. 16 април 2010. Посетено на 10 јули 2019.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 „Станојевић: Да наставим где сам стао!“. mondo.rs. 6 јануари 2012. Посетено на 10 јули 2019.
- ↑ „Лига шампиона: Партизан без бодова завршио такмичење“. nezavisne.com. 9 декември 2010. Посетено на 1 септември 2020.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Дупла круна за "црно-беле"!“. b92.net. 25 мај 2011. Посетено на 10 јули 2019.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Станојевић у Хумској до 2013“. novosti.rs. 1 јуни 2011. Посетено на 10 јули 2019.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „ЛШ: Партизан пропустио шансу, Генк иде даље“. novosti.rs. 3 август 2011. Посетено на 1 септември 2020.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Партизан се осрамотио“. b92.net. 25 август 2011. Посетено на 10 јули 2019.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Крстајић изнео истину о Ђурићу“. b92.net. 22 декември 2011. Посетено на 10 јули 2019.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „Крстајић: Ђурићу, дај оставку!“. sport.blic.rs. 28 декември 2011. Посетено на 10 јули 2019.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „Станојевић "бивши тренер Партизана"“. rts.rs. 26 декември 2011. Посетено на 10 јули 2019.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „Станојевић: Желим да завршим започето“. novosti.rs. 6 јануари 2012. Посетено на 10 јули 2019.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „Станојевић отпуштен, Грант тренер“. b92.net. 13 јануари 2012. Посетено на 10 јули 2019.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ 15,0 15,1 Марковић, Небојша (1 септември 2020.). „Станојевић и Партизан обнављају стару љубав: "Гробари" су га обожавали због титула, дербија и Лиге шампиона!“. mondo.rs. Посетено на 1 септември 2020.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „Станојевић у Далијену за 800.000 евра годишње“. novosti.rs. 3 април 2012. Посетено на 5 април 2012.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Александар Станојевић слободан тренер“. mondo.rs. 9 ноември 2012. Посетено на 10 јули 2019.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Станојевић засукао рукаве“. novosti.rs. 16 декември 2012. Посетено на 9 јули 2019.
- ↑ 19,0 19,1 „Моцарт Спорт сазнаје: Станојевићу отказ у Кини! Чекали да оде на одмор, па га отпустили телефоном“. mozzartsport.com. 17 декември 2013. Посетено на 10 јули 2019.
- ↑ „Александар Станојевић тренер Макабија“. mozzartsport.com. 25 април 2014. Посетено на 9 јули 2019.
- ↑ „Александар Станојевић поднео оставку“. mondo.rs. 28 декември 2014. Посетено на 9 јули 2019.
- ↑ „Станојевић опет у Пекингу“. b92.net. 12 јануари 2015. Посетено на 9 јули 2019.
- ↑ „Александар Станојевић је слободан тренер“. mozzartsport.com. 30 декември 2016. Посетено на 9 јули 2019.
- ↑ „Станојевић промовисан: Време је да радим, знам све о играчима и ПАОК-у (ВИДЕО)“. mozzartsport.com. 16 јуни 2017. Посетено на 9 јули 2019.
- ↑ „Сале Станојевић смењен после две такмичарске утакмице!“. mozzartsport.com. 11 август 2017. Посетено на 9 јули 2019.
- ↑ „Салету Станојевићу се дрма клупа: ПАОК чека Луческуово ДА“. mozzartsport.com. 11 август 2017. Посетено на 9 јули 2019.
- ↑ „Станојевић потписао: Уговор на годину дана у Саудијској Арабији“. mozzartsport.com. 24 мај 2018. Посетено на 9 јули 2019.
- ↑ „Пресудила му серија од шест пораза: Станојевић добио отказ у Арабији“. mozzartsport.com. 5 ноември 2018. Посетено на 9 јули 2019.
- ↑ „Званично: Станојевић се вратио у Кину“. mozzartsport.com. 18 декември 2018. Посетено на 9 јули 2019.
- ↑ „Званично: Станојевић поднео оставку“. mozzartsport.com. 9 јули 2019. Посетено на 9 јули 2019.
- ↑ „Званично: Александар Станојевић нови тренер Партизана“. mozzartsport.com. 1 септември 2020. Посетено на 1 септември 2020.
- ↑ „Partizan je u Ligi konferencija!“. 26 август 2021. Посетено на 27 август 2021.
Надворешни врски
уреди- Александар Станојевиќ на веб-страницата на Трансфермаркт