Александар Архипенко
Александар Порфирович Архипенко (украински: Олександр Порфирович Архипенко; 30 мај 1887 - 25 февруари 1964) бил Американец, роден во Украина, авангардаен сликар, вајар и графичар.[1]
Александар Архипенко | |
---|---|
Роден(а) | Олександар Порфирович Архипенко 30 мај 1887 Киев, Руска Империја (денес Украина) |
Починал(а) | 25 февруари 1964 Њујорк, Њујорк САД | (возр. 76)
Образование | Киевска уметничка школа |
Познат(а) по | вајар |
Значајни дела | Боксер, 1914 |
Правец | Кубизам |
Избран | Американска академија за уметности (1962) |
Тој бил еден од првите што ги примени принципите на Кубизамот во архитектурата и вајарството, анализирајќи ја човечката фигура претставена со геометриски форми.
Животопис
уредиАлександар Архипенко е роден во Киев, Руска Империја, сега Украина во 1887 година, татко му бил Порфириј Антонович Архипенко а мајка Паросковја Василивна Мачова Архипенко, тој бил помладиот брат на Еуген Архипенко[2].
Од 1902 до 1905 година учел на Киевската уметничка школа (ККУ). Во 1906 година го продолжил образованието за уметност кај Сергиј Светославски (Киев), а подоцна истата година имал со Александар Богомазов изложба во истото училиште. Подоцна се пресели во Москва каде што имал можност да ја покаже својата работа на неколку групни изложби. Архипенко се преселил во Париз во 1908 година.
Во 1912 година Архипенко ја имал својата прва самостојна изложба на Карл Ернст Остхаус-музеј - Музеј Фолкванг во Хаген во Германија, а од 1912 до 1914 година предавал на сопствената Уметничка школа во Париз.
Архипенко се пресели во Ница во 1914 година. Во 1920 година учествувал на „Дванаесеттото биенале во Венеција“, Италија а го отворил и свое второ уметничко училиште во Берлин следната година. Во 1922 година, Архипенко учествуваше на „Првата руска ликовна изложба” во Галеријата ван Диемс во Берлин заедно со Александра Екстер, Казимир Малевич, Соломон Никритин, Ел Лисицки и други.
Во 1923 година емигрирал во САД, каде што учествувал на изложба на "Руски сликари и вајари". Тој станал државјанин на САД во 1929 година. Во 1933 година учествувал на украинскиот павилјон во Чикаго каде се одржувал Светскиот саем. Александар Архипенко со своите дела најмногу придонел за успехот на украинскиот павилјон[3].
Во 1936 година, Архипенко учествувал на изложбата „Кубизам и апстрактна уметност“ во Њујорк, како и на бројни изложби во Европа и на други места во САД. Тој бил избран за предавач на Американска академија за уметности и писма.
Александар Архипенко починал на 25 февруари 1964 година, во Њујорк[4].
Придонес во уметноста
уредиАрхипенко, заедно со француско-унгарскиот вајар Јосиф Цсаки, изложувале на првите изложби за кубизмот, во Париз - 1910 и 1911, први по Пикасо[5]. Архипенко создал нов начин на гледање на човечката фигура, покажувајќи голема разновидност кон темите. Тој бил познат и по воведувањето вајарски празнини во неговите творби и по неговото инвентивно мешање на жанровите во текот на неговиот севкупен творечки пат: осмислувал „вајарски слики“, а подоцна експериментирал со материјали како што се акрилик и теракота. Инспириран од делата на Пикасо и Брак, тој е бил исто така заслужен за афирмацијата на колажот и тоа до поширока публика, особено со неговиот циклу „Медрано“[6].
Колекции
уредиМеѓу истакнатите колекции кои ги чуваат дела на Александар Архипенко се[7]:
- Адисон галерија за американска уметност (Андовер, Масачусетс)
- Уметничкиот институт во Чикаго
- Делавер уметнички музеј (Вилмингтон, Делвер)
- Музејот на уметноста Денвер (Колорадо)
- Музеј за ликовни уметности на Сан Франциско
- Музејот Соломон Р. Гугенхајм (Њујорк)
- Музејот Ермитаж (Санкт Петерзбург)
- Музејот Хиршхорн и Градината за скулптури (Вашингтон.)
- Музејот на уметноста Хонолулу
- Музејот на уметноста округот Лос Анџелес
- Музеј за ликовни уметности, Бостон
- Музеј на модерна уметност (Њујорк)
- Национален музеј на Србија (Белград, Србија)
- Национална галерија на уметноста (Вашингтон)
- Колекцијата Пеги Гугенхајм (Венеција)
- Смитсонијан американски уметнички музеј (Вашингтон)
- Штедел Музеј (Франкфурт)
- Тејт Модерн (Лондон)
- Музејот на уметноста во Тел Авив (Израел)
Галерија
уреди-
Жена ја чешла косата, 1914, бронза, Изрелски музеј, Ерусалим
-
Портал скулптури, 1950, обоен челик, Универзитет во Мисури - Канзас Сити
-
Кралот Соломон на Универзитет во Пенсилванија кампус
-
Гробницата на Александар Архипенко во Гробиштата Водлавн, Бронкс, Њујорк
Наводи
уреди- ↑ archipenko
- ↑ „Archipenko“. Архивирано од изворникот на 2020-05-22. Посетено на 2020-04-04.
- ↑ archipenko
- ↑ Alexander Archipenko
- ↑ “Alexander Archipenko: Space Encircled.”
- ↑ Архипенко, Олександер
- ↑ Alexander Archipenko (American/Ukrainian, 1887–1964)
Надворешни врски
уреди- Artcyclopedia page with links to images
- [1] "Refashioning the Figure – The Sketchbooks of Archipenko c.1920", by Marek Bartelik (Henry Moore Institute Essays on Sculpture No. 41) at archipenko.org. Retrieved 26 July 2012.
- Archipenko. Catalogue of Exhibition and Description of Archipentura. New York, The Anderson Galleries, 1928.
- Katharine Kuh. Alexander Archipenko. A Memorial Exhibition 1967-1969. The UCLA Art Galleries, 1969.
- Nagy Ildiko, Archipenko Album, 1980