Икос
Икос (од грчкиот οίκος, „дом“) — црковна песна во која се прославува некој светител или празник.[1]
Икосите името го добиле затоа што биле пеани по домовите, каде што во молитва ноќите ги минувал Преподобен Роман Слаткопевец. Тој бил нивниот прв составувач според Св. Марко Ефески.
Икосите заедно со кондаците го сочинуваат акатистот. Разликата меѓу икосот и кондакот е во нивната должина. Кондакот е покус, а икосот подолг — кондакот е темата, а икосот нејзиното развивање.
Икосот се наоѓа и во осумгласниците, минеите и трипеснеците. Во нив доаѓа по шестата песна од канонот.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Таковски, Јован, протојереј (1999). „Терминологија од областа на теологијата“ (PDF). Македонска терминологија. Скопје: МАНУ. 102 (4): 44.