Адата (село)

поранешно село во Серско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Ада Чифлик)

Адата или Ада Чифлик — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, денес на територија на општината Сер на Серскиот округ, Грција. Било населено со Македонци.[1]

Адата
Αγία Ελένη
Адата is located in Грција
Адата
Адата
Местоположба во областа
Адата во рамките на Сер (општина)
Адата
Местоположба на Адата во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°2.14′N 23°26.57′E / 41.03567° СГШ; 23.44283° ИГД / 41.03567; 23.44283
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСер
Општ. единицаКиспикеси
Надм. вис.&1000000000000001000000010 м
Население
 • Вкупноиселено
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓало југозападно од Сер, во заблатена месност на север од Струма, североисточно од Долна Камила.[2]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX век Адата бил мал македонски чифлик во Серската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Адата (Adata) имала 40 домаќинства сочинети од 45 жители Македонци.[3][4]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Адата, на ЈИ од градот 2 часа, близу до реката Та Јани. Околното поле бластесто, но многу плодно. Жителите ги користат половина од житните производи, 20 куќи, 100 жители Македонци.[5][6]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Адата имала 180 жители Македонци христијани.[3][7]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Адата (Adata) имала 184 жители Македонци под Цариградската патријаршија и 6 Роми.[3][8]

Селаните од Адата се жалеле на европските конзули и властите го осудиле кметот на селото.[9]

= Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото имало 117 жители, а во 1920 г. во него се попишани 128 лица.[1]

Адата се распаднала кога земјиштето им е одземено на неговите жители и доделено на грчки доселеници во Долна Камила, како и поради регулацијата на реката Белица и копањето за канали за наводнување.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 245. ISBN 9989-9819-6-5.
  2. По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  3. 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 118–119. ISBN 954-8187-21-3.
  5. Нарекувајќи ги „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
  6. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 840.
  7. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 176. ISBN 954430424X.
  8. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 200–201.
  9. Одрински глас, брой 18, 11 май 1908, стр. 4.