Абдест
Абдест – верско чистење кај муслиманите пред молитва.
Потекло на поимотУреди
Зборот доаѓа од персискиот збор دستنماز што значи „миење раце“.
Видови на абдестУреди
Верници „земаат“ абдест пред молитва во џамијата Бадшахи, Лахоре, Пакистан
ОчистувањеУреди
Очистувањето се изведува со отстранување на нечистотиите од облеката и телото на оној што се клања и местото каде се клања.
Очистувањето се изведува со две работи:
- природна вода – таа ги има сите природни особини така што со неа не е измешано со што било што вообичаено не се наоѓа во неа, без разлика дали е тоа нечисто или чисто.
- чиста површина на земја – чисто Земјино тло во вид на прашина, песок или камен.
Чиста водаУреди
Како чиста вода се сметаат:
- изворска вода
- дождовница
- снеговица
- протечна вода
- непротечна вода
- бунарска вода
- морска солена вода
Во рамките на џамиските или текиските комплекси постои посебен објект или просторија наменет за земање абдест кој се нарекува абдестана.
Надворешни врскиУреди
„Абдест“ на Ризницата ? |