Џон Гришам Реј, Џуниор (8 февруари 1955[1]) - американски бестселер-автор, адвокат, политичар и активист, најпознат по неговите популарни правни трилери.

John Grisham crop

Џон Гришам дипломирал на државниот универзитет Мисисипи, но пред да се запише на Правниот факултет на Универзитетот во Мисисипи во 1981 година, кривичното право го употребувал околу една деценија. Тој служел и во Претставничкиот дом во Мисисипи од јануари 1984 до септември 1990 година. Започнал да пишува во 1984 година и веќе во јуни 1989 година го имал објавено својот прв роман. Од 2008 година па натаму, неговите романи се распродадени во преку 200 милиони примероци ширум светот. Како добитник на наградата Галакси бритиш бук авардс (Galaxy British Book Awards), се вборјува меѓу тројцата автори кои успеале да продадат преку 2 милиони примероци со првото печатење. Останатите двајца се Том Каланс и Џ. К. Роулинг.

Првиот бестселер на Гришам е наречен „Фирмата“. Бил објавен во 1991 година, и се продал во повеќе од седум милиони примероци. Книгата е адаптирана и како игран филм. Покрај овој роман, седум од неговите други романи: „Комората“, „Клиентот“, „Обоена куќа“, „Досието пеликан“, „Идеалист“, „Порота во бегство“ и „Време кога се убива“, биле адаптирани како филмови. Неговите книги се преведени на 29 јазици и објавени насекаде во светот. Негови други бестселери се „Тестаментот“, „Брокерот“ и „Поканата“.

Детство и образование

уреди

Џон Гришам, вториот од петте браќа и сестри, е роден во Јонесборо, Арканзас, како дете на Ванда Скидмор Гришам и Џон Гришам. Неговиот татко работел како градежен работник и земјоделец кој се занимавал со памук, додека неговата мајка била домаќинка. Семејството често се селело, додека конечнo не одлучило да остане во градот Саутхевен во областа Десото, Мисисипи. Гришам тогаш имаl 4 години. Како дете, Гришам сакал да биде играч на безбол. И покрај фактот што родителите на Гришам немале формално образование, неговата мајка, го охрабрувала својот син да чита книги и да се фокусира на своето образование.

Тој се запиша на Нортвестерн џуниор колеџот во Сенатобија, Мисисипи и подоцна отишол на Државниот универзитет Делта во Кливленд. Гришам за време на своето школување дури трипати сменил колеџи пред да добие диплома за завршено средно образование. Тој дипломирал на Државниот универзитет Мисисипи во 1977 година како сметководител. Подоцна се запишал на Правниот факултет Оле Мис за да стане адвокат за даноци, но неговиот интерес се префрлил на општите граѓански судски постапки. Дипломирал во 1983 година со специјализација во кривичниот закон.

Брак и семејство

уреди

Гришам стапил во брак со Рене Џонс на 8 мај 1981 година, и заедно имаат две деца: Шеј и Тај. Семејство го поминува своето време во своите два дома, викторијанскиот дом, една фарма, надвор од Оксфорд, Мисисипи, и еден дом во близина на Шарлотсвил, Вирџинија.

Во 2008 година, тој и неговата сопруга купиле имот во Мекkоркл, место во Чапел Хил, Северна Каролина. Тој и неговата сопруга, исто така, предаваат во неделното училиште во првата Баптистичка црква во Оксфорд.

Кариера

уреди

Почетоци

уреди

Џон Гришам како тинејџер работел во расадник – наводнувајќи грмушки за 1,00 $ на час. Тој наскоро беше унапреден во екипажот за ограда за 1,50 $ на час. За оваа работа тој напишал: „Нема иднина во неа.“ На 16 години, Гришам прифатил работа како водоводџија но не добил никаква инспирација од „таа мизерна работа“.

Преку контакти на неговиот татко, тој успеал да најде работа како дел од екипажот за автопати во Мисисипи. Тогаш имал седумнаесет години. За време на таа работа, еден несакан инциндент го натерал да го сфати сериозно запишувањето на колеџ. Еден петок избувнала тепачка помеѓу екипажот придружена со истрели од огнено оружје од која Гришам, за да избега, се скрил во тоалетот. Седел внатре сè додека полицијата не пристигнала. По таа случка тој автостопирал до дома и започнал да размислува на колеџ.

Неговата наредна работа била во малопродажба, каде работел како продавач во стоковна куќа, во одделот за долна облека за мажи, која ја опишал како „понижувачка“. По донесувањето одлука да даде отказ, тој одлучил да остане откако му понудиле покачување. Му било дадено уште едно покачување кога побарал да биде префрлен во одделот за играчки, а потоа во одделот за електрични уреди. На крајот конфронтација со шпион од компанијата кој се претставувал како клиент го убедил да ја напушти продавницата.

Во тоа време, Гришам веќе бил на половина пат да заврши колеџ. Неговите планови да стане адвокат за даноци биле наскоро надминати заради „сложеноста и лудилото“ на звањето. Решава да се врати во својот роден град како парничен адвокат. Со право и политика Гришам се занимавал околу една деценија, и на изборите во државата Мисисипи како демократ бил претставник во Домот на претставниците во периодот од 1983 до 1990 година со годишна плата од 8.000 $. Со својот втор мандат во државата Мисисипи во законодавниот дом, тој бил заменик-претседател на Изборниот комитет, но исто така и член на Воениот комитет, судството и осигурувањето.

Писателската кариера на Гришам процвета со успехот на неговата втора книга, „Фирмата“, и тој престанал да работи како адвокат, освен кога накратко се вратил во 1996 година само за да брани едно семејство, во кое еден од членовите загинал на работното место. Неговата официјална страница вели дека со тоа му оддал последна почит на правото, пред да се повлече и да стане писател со полно работно време. Гришам успешно го одбранил случајот и заработил отштета за семејството од 683.500 $ - најголема пресуда во неговата кариера.

Писателска кариера
уреди

Секоја година, по изборите за членови во Претставничкиот дом во Мисисипи, Гришам го поминувал своето време од јануари до март, во државниот суд, сонувајќи за голем случај.

Гришам рече: „Големиот случај дојде во 1984 година, но тоа не беше мој случај“. Врткајќи се околу судот, тој начул едно 12-годишно девојче како ѝ кажува на поротата што се случило со неа. Нејзината приказна го заинтригирала Гришам и тој почнал да присуствува на судењето. Тој ги видел членовите на поротата како плачеле кога таа им кажала како била силувана и тепана. Тоа бил моментот кога Гришам подоцна напишал во „Њујорк тајмс“, дека приказната е родена. Претпоставувајќи што би се случило доколку таткото на девојката би го убил нејзиниот напаѓачи, на Гришам му биле потребни три години да ја заврши својата прва книга, „Време на убиство“.

Наоѓањето на издавач не било лесно. Книгата била одбиена од 28 издавачи, сè додека Винвуд прес, непознат издавач, се согласил да ја испечати во 5.000 примероци. Била објавена во јуни 1989 година. Еден ден откако ја завршил книгата „Време за убиство“ тој започнал да работи на својот втор роман, приказна за еден амбициозен млад адвокат. „Фирмата“ останала на списокот на бестселерите на Њујорк тајмс цели 47 недели, и станала најдобро продаваниот роман во 1991 година.

Почнувајќи со „Обоена куќа“ во 2001 година, авторот го прошири својот фокус од законот за повеќе општи работи за руралниот Југ, но продолжи да пишува и правни трилери. Поголемиот дел од насловите на правните трилери на Гришам се во членувана форма, односно на англиски започнуваат со зборот „The“.

Тужба за клевета
уреди

На 28 септември 2007 година, поранешниот окружен обвинител на Оклахома, Бил Петерсон, истражниот агент Гери Роџерс, и криминалистот Мелвин Хетт поднеле граѓанска тужба за клевета против Гришам и двајца други автори. Тие тврделе дека Гришам и другите двајца автори биле критични за некој случај за убиство кој го водел Петерсон. Тужбата се однесувала на тоа дека овие автори се обиделе да фрлат лажна светлина на случајот, притоа генерирајќи публицитет за себе. Гришам бил споменат поради неговите излагања за судењето во неговата нефиктивна книга „Невин човек“. Тој во својата книга ги испитувал грешките во истрагата во текот на судењето за убиството на една келнерка во Ада, Оклахома. Исто така, тој ги образложува и ДНК доказите со кои погрешно биле осудени Рон Вилијамсон и Денис Фриц. Судијата ги отфрлил сите обвиненија за клевета на 18 септември 2008 година, велејќи: „За погрешно осудените Рон Вилијамсон и Денис Фриц мора да се разговара поотворено и со поголемо внимание.“

Собата на Џон Гришам

уреди

Државниот универзитет Мисисипи, во својата библиотека, има соба наречена Џон Гришам. Оваа соба, всушност е архива која ги содржи сите материјали поврзани со неговото пишување за време на неговиот мандат.

Големата животна страст на Гришам за бејзболот е изразена во неговиот роман „Обоена куќа“ и во неговата поддршка на активностите во Малата лига во Вирџинија Оксфорд, Мисисипи и Шарлотсвил.

Го напишал оригиналното сценарио и го продуцирал бејзбол филмот Мики (Mickey), со Хари Коник Џуниор (Harry Connick, Jr) во главната улога. Филмот е издаден на DVD во април 2004 година. Тој останува навивач на бејзбол тимот на Државниот универзитет Мисисипи и пишувал за неговите врски со универзитетот.

Гришам е добро познат во литературните кругови по неговите напори за поддршка на продолжување на книжевната традиција во родниот Југ. Тој многупати обезбедил стипендии и живеалишта за писателите од Универзитетот на Мисисипи, на катедрата за англиски јазик и на додипломската креативна програма за пишување. Тој е основач и издавач на Оксфорд америкен (Oxford American), списание посветено на литературата и книжевноста. Списанието е познато по своето годишно музичко издание. Во ова издание има ЦД компилација со композиции на современи и класични музичари од Југот, почнувајќи од блуз и госпел па сè до алтернативен рок.

Во октомври 2006 година во интервјуто во Шоуто на Чарли Роуз, Гришам изјавил дека нему му се потребни само шест месеци за да напише книга и дека неговиот омилен автор е Џон ле Каре.

Романи

уреди
  • Време за убивање (1989)
  • Фирмата (1991)
  • Досието пеликан (1992)
  • Клиентот (1993)
  • Комората (1994)
  • The Rainmaker (1995)
  • Порота во бегство (1996)
  • Партнерот (1997)
  • Уличниот адвокат (1998)
  • Тестаментот (1999)
  • The Brethren (2000)
  • Обоената Куќа (2001)
  • Прескокнувајќи го Божиќ (2001)
  • Поканите (2002)
  • The King of Torts (2003)
  • Bleachers (2003)
  • Последниот поротник (2004)
  • Брокерот (2005)
  • Пиво и пица (2007)
  • Жалбата (2008)
  • Помошникот (2009)
  • Теодор Бон:Адвокатот дете (2010)
  • Признанието (2010)

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди