Џаферли
Џаферли (грчки: Τζαφερλή, Ѕаферли) — поранешно село во Валовишко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот округ, Грција.[1]
Џаферли Τζαφερλή | |
---|---|
Местото каде се наоѓало Џаферли | |
Координати: 41°17.4′N 23°7.9′E / 41.2900° СГШ; 23.1317° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Синтика |
Општ. единица | Беласица |
Надм. вис. | 120 м |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓало во пазувите на Беласица, источно од Горно Порој.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиНа крајот од XIX век Џаферли било село во Демирхисарската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Џаферли Чифлик (Djaferli-tchiflik) било село со 24 домаќинства на 70 жители Македонци.[2][3]
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
„ | Џаферли, во пазувите на Беласица, на И од Порој. Тоа е чифлик на х. Лазо од Солун. Освен со земјоделство, селаните се занимаваат и со дрварство. 60 куќи само Македонци.[4][5] | “ |
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Џаферли броело 100 жители Македонци и 50 Роми.[2][6]
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Џеферли (Djeferli) имало 120 Македонци, сите под врховенството на Цариградската патријаршија.[7]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година во него се попишани 44 жители[8] Селото настрадало за време на Првата светска војна, и затоа грчката воена статистика во 1915 г. го води како напуштено.[9] На британска рововска карта од 1918 г. изработена според воздушни снимки се забележуваат 17 запустени градби.[10] Во 1920 г. во селото се попишани 5 жители.[11]
Во 1927 г. селото е отпишано.
Наводи
уреди- ↑ Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 214. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 136–137. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Нарекувајќи ги „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
- ↑ Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 859.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 185. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 188–189.
- ↑ Υπουργείο Εθνικής Οικονομίας - Διεύθυνση Στατιστικής (1915). Απαρίθμησις των Κατοίκων των Νέων Επαρχιών της Ελλάδος του Έτους 1913 (PDF). Αθήνα: Εθνικό Τυπογραφείο. стр. 49.
- ↑ Στατιστικοί πίνακες του πληθυσμού κατ' εθνικότητας των νομών Σερρών και Δράμας. Αθήνα: Επιτελική Υπηρεσία του Ελληνικού Στρατού. 1919. стр. 9.
44. Τζαφερλή
- ↑ Butkova, British First World War Trench Maps, Edition 1A, Scale 1:20.000. Survey Co., R.E., B.S.F. 1918-01-19. Посетено на 26 февруари 2024.
Dzaferli
- ↑ Υπουργείο Εθνικής Οικονομίας - Διεύθυνση Στατιστικής (1921). Πληθυσμός του Βασιλείου της Ελλάδος κατά την Απογραφήν της 19 Δεκεμβρίου 1920 - Πραγματικός πληθυσμός (PDF). Αθήνα: Εθνικό Τυπογραφείο. стр. 281.