Ќоселер (Леринско)
Ќоселер или Ќосилер (грчки: Αντίγονος, Андигонос; до 1928 г. Κιοσελέρ, Ќоселер[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 424 жители (2011). Сè до 1920-тите било населено со Турци.[3]
Ќоселер Αντίγονος | |
---|---|
Координати: 40°38.23′N 21°45.42′E / 40.63717° СГШ; 21.75700° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерински |
Општина | Суровичево |
Општ. единица | Чалџиево |
Надм. вис. | 570 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 424 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото е сместено во областа Сариѓол, на јужните падини на планината Каракамен.[3] Лежи 6 км источно од Чалџиево и 10 км јужно од Суровичево. Во селото се наоѓа Ќоселерскиот манастир („Св. Григориј Палама“).[4]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ за 1873 г. Куселери (Kusséléri) е спомнато двапати — еднаш како село во Леринската каза со 150 домаќинства од 160 муслимани и 340 Македонци,[5] а вторпат како село во Џумалиската каза со 15 домаќинства и од 29 жители муслимани.[6] Можно е првиот податок да се однесува на поранешна состојба, кога селото сè уште било етнички мешано.
Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Ќоселер:
„ | Село Кошлар со 100 куќи. Данокот на ова село е 11.800 пијастри. Сместено е близу езерото, во подножјето на планина. Жителите се занимаваат со земјоделство, сточарство, риболов и производство на рогозини. Има две џамии и две чешми.[7] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Ќоселери имало 750 жители Турци.[8] Според грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Ќуселер (Κιουσιλέρ) живееле 1.000 Турци.[9]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 1,084 жители кои во 1920 г. нараснале на дури 1.714.[3] По силата на Лозанския договор населението е иселено во Турција, а на негово место властите довеле грчки колонисти од Понд и Мала Азија. Во 1928 г. селото е преименувано во Андигонос.[10] Истата 1928 г. Ќоселер е заведен како наполно дојденско село со 595 жители (148 семејства).[11]
Во 1940 г. Ќоселер имал 572 жители, кои во 1961 г. пораснале на 653. Меѓутоа, во следните години дел од жителите се преселиле во градовите (особено во Кајлари) поради неплодноста на земјиштето.[3] Така, веќе во 1971 г. населението се намалило на 468 лица.[3]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 572 | 562 | 653 | 468 | 437 | 476 | 372 | 424 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κιοσελέρ -- Αντίγονος
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 178–179.
- ↑ „Ι.Μ. Αγίου Γρηγορίου του Παλαμά – Αντίγονο“. Ιερά Μητρόπολη Φλωρίνης, Πρεσπών και Εορδαίας. Посетено на 1 јануари 2015.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 82-83 и 98-99.
- ↑ Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр. 152.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 270. ISBN 954430424X.
- ↑ Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001.
- ↑ „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.