Долина на Смртта (англиски: Death Valley) — пустинска котлина што се наоѓа во источна Калифорнија, САД. Сместена е во пустината Мохаве, и претставува едно од најниските, најсушните и најтоплите места во Северна Америка[2] .

Долина на Смртта
Death Valley
Сателитска снимка на Долината на Смртта
Долина на Смртта is located in Калифорнија
Долина на Смртта
Долина на Смртта

„Мртовечкиот Премин“, „Кањонот на сувите коски“, „Погребалните планини“ се само некои од местата во калифорниската Долина на Смртта. Ова е најтоплото и најсувото место во Северна Америка - место на летни жештини кои буквално спржуваат се, место во кое може да помине и цела година, без да падне капка дожд. Во летните денови температурата најчесто покажува до 43 °C, а неретко достигнува до 49 °C.

Долината на Смртта држи уште еден рекорд: на својата најниска точка, 86 метри под нивото на морето, таа е најниското место на северноамериканскиот континент. Настанало кога големите карпести потонале долж две разединети линии, додека соседните блокови се воздигнале и ги обликувале околните планини.

Група трагачи по злато кои патувале кон Калифорнија случајно наишла на Долината на Смртта во 1849 година, а долината го добила името по нивното искуство. Тие скршнале од патеката, со надеж дека ќе најдат пократок пат, но наместо тоа, Предлошка:Lang-xxморале да се спуштаат по гола, сосема исушена долина без излез. Двајца од групата пронашле излез и се вратиле по останатите. Кога ја напуштале долината, еден од нив викнал: "Збогум, Долино на Смртта!". Така оваа пустелија го добила името.

Исушеното езеро Рејстрак Плаја (тркалиште) е уште една од атракциите на национален парк Долина на Смртта. На северниот крај на тркалиштето се наоѓа формација на карпи која поради својот облик е наречена "трибина". Парчињата карпи од "трибината" и другите околни формации се кршат и паѓаат во подножјето, на дното на исушеното езеро. Таму со нив се случува она што овој дел од заборавената долина го прави светски позната атракција. Имено овие камења чила големина најчесто изнесува од 30см до половина метар имаат способност да се движат по рамна површина. Но, денес научниците веруваат дека ја разрешиле мистеријата. Имено, кога ќе падне доволно дожд за да се навлажни некогашното дно на езерото (што е реткост, но се случува), тогаш силниот ветер кој тука достигнува и до 115 км на час ги расфрла камењата наоколу па фината и мазна површина од глина се вдлабнува.

Долината на смртта како тема во уметноста и во популарната култура

уреди
  • „Ноќите во Долината на смртта“ (Death Valley Nights) - песна на американската рок-група „Блу Ојстер Калт“ (Blue Oyster Cult) од 1977 година.[3]
  • „Долината на Смртта '69“ (Death Valley '69) - песна на американската рок-група „Соник Јут“ (Sonic Youth) од 1985 година.[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Предлошка:Cite GNIS
  2. „Death Valley National Park“. DesertUSA. 2009.
  3. Blue Oyster Cult: Death Valley Nights - YouTube Blue (пристапено на 24.4.2018)
  4. DISCOGS, Sonic Youth ‎– Bad Moon Rising (пристапено на 26.7.2019)