Тимбишански јазик

Тимбишански (Tümpisa) или панамитски (Panamint) e or Koso) е нумиски јазик од јазичното семејство на јутоацтечки јазици Јазикот е мајчин јазик на Тимбишанците, кои го населиле регионот на Долината на смртта во Калифорнија, САД. Денес јазикот го зборуваат само постари луѓе во Калифорнија и Невада, но сите зборуваат и англиски. До 20 век јазикот го именувале како „шошонски“. Кога добиле признавање како племенска заедница во САД, тие биле признати под името Тимбиша. Ова е англицизирано име на автохтоното име на Долината на смртта, што значи „карпеска боја“.

Тимбишански јазик
Панаминтски јазик
Застапен воСАД
ПодрачјеКалифорнија, Невада
Народ100 Тимбишанци (1998)
Говорници20  (2007)
Јазично семејство
јутоацтечки
Јазични кодови
ISO 639-3par

Класификација

уреди

Тимбишанскиот е дел од нумиските јазици, подгрупа на јутоацтечките јазици. Најсродни јазицина тимбишанскиот се шошонскиот и команчејскиот.

Географска распространетост

уреди

Порано јазикот се зборувал во регионот од Сиера Невада во источна Калифорнија па до регионот на Долината на смртта во Невада. Денес бројот на говорници е многу мал и областа во која се зборува е драматично намалена.

Фонологија

уреди

Самгласки

уреди
предни задни
незаоблени
задни
заоблени
високи i ɨ (ü) u
средни a o
дифтонзи ai (ai, e)

Согласки

уреди
двоусни коронални преднонепчени меконепчени гласилни
рамни лабијализирани
носни m n ŋ (ng) ŋʷ (ngw)
експлозивни p t k ʔ
слеани ts
струјни s h
полусамогласки j (y) w

Наводи

уреди
  • Jon P. Dayley. 1989a. Tümpisa (Panamint) Shoshone Grammar. University of California Publications in Linguistics Volume 115. Berkeley: University of California Press.
  • Jon P. Dayley. 1989b. Tümpisa (Panamint) Shoshone Dictionary. University of California Publications in Linguistics Volume 116. Berkeley: University of California Press.
  • John E. McLaughlin. 1987. "Panamint Phonology and Morphology," University of Kansas PhD dissertation.
  • John E. McLaughlin. 2006. Timbisha (Panamint). LINCOM Languages of the World/Materials 453. Munich: LINCOM Europa.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди