Мексико (сојузна држава)

сојузна држава во Мексико

Сојузната држава Мексико (шпански: Estado de México, изговорена Естадо де Мехико) е една од 32-те федерални единици на Мексико. Таа е најнаселена, како и најгусто населената држава. Поделена е на 125 општини и главен град е Толука де Лердо .

Сојузна држава Мексико
Тлахтохкајотл Мешихко
Tlahtohcayotl Mexihco
Сојузна држава
Estado Libre y Soberano de Mexico
Знаме на Сојузна држава МексикоАмблем на Сојузна држава Мексико
Амблем
Гесло: Libertad, Trabajo, Cultura
(Слобода, работа, култура)
Химна: Himno al Estado de México
(Химна на сојузната држава Мексико)
Местоположба на Сојузна држава Мексико
ДржаваМексико
ПрестолнинаТолука де Лердо
Најголем градЕкатепек де Морелос
Најголема метро областГолемо Мексико
Прием20 декември 1823[1]
Ред1ва
Управа
 • ГувернерАлфредо дел Мазо Маза PRI
 • Сенатори[2]Делфина Гомес Алварез
Игинио Мартинес Миранда
Хуан Мануел Зепеда Ернандес
Површина[3]
 • Вкупна22.351 км2 (8,630 ми2)
 25та по површина
Најг. вис.[4]&100000000000055000000005.500 м
Население (2015)[5]
 • Вкупно16,187,608
 • Ранг1ва
 • Густина0,00.072/км2 (0,0.019/ми2)
 • Ранг1ва
ДемонимМешиканец
(Mexiquense)
Час. појасЦЧП (UTC−6)
 • Лето (ЛСВ)ЦЧПЛВ (UTC−5)
Поштенски број50-57
ISO 3166MX-MEX
ИЧР 0.782 висок 15та по ИЧР
Бруто-домашен производ (Номинален)$91 милијарда[a] ·2ра по БДП
Мреж. местоСлужбено мрежно место
^ a. БДП-то на сој. држава Мексико било 1,230,628 милиони пезоси во 2015,[6] еднакво на 71.25 милијарди долари на САД, кога доларот вредел 17.2710 пезоси (вредност од 30 декември 2015).[7]

За сојузната држава Мексико честопати се користи кратенката „Едомекс“ од „Estado de Méxicо“ на шпански јазик, за да се разликува од името на целата земја. Сместена е во југо-средишно Мексико. Се граничи со државите Керетаро и Идалго на север, Морелос и Гереро на југ, Мичоакан на запад, Тласкала и Пуебла на исток,[8] и го опкружува градот Мексико (поранешната сојузна област) од три страни.

Потеклото на државата е на територијата на Ацтешката империја, која останала како политички дел на Нова Шпанија за време на шпанскиот колонијален период. После независноста, градот Мексико бил избран за главен град на новата нација; нејзината територија била одделена од државата. Неколку години подоцна, делови од државата биле растурени за да формираат држави Идалго, Гереро и Морелос. Овие територијални разделби ја оставиле државата со големината и формата што ја има денес, со долината Толука на западниот дел на градот Мексико и географски издадена површина што се протега околу север и исток од овој ентитет.

Името на сојузната држава е едноставно Мексико според Уставот на Обединетите мексикански држави од 1917 година, но за да се разликуваат и градот и земјата, најчесто се нарекува Естадо де Мехико. Демонимот кој се однесува на луѓето од сојузната држава е Мешиканец (mexiquense), различен од Мексиканец („mexicano“), кој ги опишува луѓето од целата земја.

Потекло и етимологија

уреди

Mēxihco првично било нахуатлово име за мексиканската долина каде градовите на Мешихка (правилното име на Ацтечкиот троен сојуз) се наоѓале. Како таква, областа што станала градот Мексико била позната како Мешихко-Теночтитлан во годините непосредно пред и по шпанското освојување. После шпанското освојување, терминот Мексико се користел за Теночтитлан/град Мексико и за сите пред-освојувани земји што ги контролирал, вклучително и неколку други споменати мексикански сојузни држави првично вклучени во границите на сојузната држава Мексико.

Сестри-држави

уреди

Наводи

уреди
  1. „Las Diputaciones Provinciales“ (PDF) (шпански). стр. 15.
  2. „Senadores por el Estado de México LXIV y LXV Legislaturas“. Senado de la República. Посетено на 19 март 2020.
  3. „Resumen“. Cuentame INEGI преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2013-03-29. Посетено на 19 март 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  4. „Relieve“. Cuentame INEGI преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2011-07-23. Посетено на 19 март 2020.
  5. „Encuesta Intercensal 2015“ (PDF). Посетено на 19 март 2020.
  6. „Estado de Mexico“. 2015. Посетено на 19 март 2020.
  7. „Reporte: Consulta de Series“. Banco de Mexico преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2016-09-01. Посетено на 19 март 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  8.   Chisholm, Hugh, уред. (1911). „Mexico (state)“ . Encyclopædia Britannica. 18 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 344.

Надворешни врски

уреди