Јуриј Оганесјан
Јуриј Цолакович Оганесјан (руски: Юрий Цолакович Оганесян, ерменски: Յուրի Ցոլակի Հովհաննիսյան; р. 14 април 1933) — руски јадрен физичар со ерменско потекло.[1] Важи водечки стручњак во светот во истражувањето на супертешките елементи.[2] Заедно со неговата екипа, ги открил најтешките елементи во периодниот систем.[3][4] Добитник е на многу награди, признанија и одликувања од руската и советската држава.
Јуриј Оганесјан Юрий Цолакович Оганесян Յուրի Ցոլակի Հովհաննիսյան | |
---|---|
Оганесјан во 2011 г. | |
Роден(а) | 14 април 1933 Ростов на Дон, РСФСР |
Националност | руска, ерменска |
Полиња | јадрена физика |
Установи | Лабораторија за јадрени реакции „Г.Н. Фљоров“ |
Образование | Московски инженерско-физички институт |
Познат по | сооткривач на најтешките елементи во периодниот систем; по него наречен елементот оганесон |
Образование и научна работа
уредиОганесјан е роден во Ростов на Дон. Во 1956 г. дипломирал на Московскиот инженерско-физички институт (МИФИ). На возраст од 28 години стапил во групата на Георгиј Фљоров во Обединетиот институт за јадрени истражувања во Дубна.[2]
Денес е главен научен раководител во Лабораторијата за јадрени реакции „Г.Н. Фљоров“ (ЛЈРФ).[5] Околу 1970 г. го измислил ладното соединување кај нуклеосинтезата „атом по атом“ (несродна со истоимената псевдонаучна соединување), а во доцните 1990-ти прв ја вовел топлата соединување.[2] Во 2009 г. научници од САД го потврдиле откривањето на флеровиумот, кој Оганесјан и неговата екипа го направиле пред повеќе од една деценија.[6] Оганесјан е значаен истражувач на полето на островите на стабилноста, а работи и на истражување на оливинот и паласитот, со надеж дека ќе најде супертешки елементи во природата.[2]
Оганесон
уредиВо ноември 2016 г. Меѓународниот сојуз за чиста и применета хемија (IUPAC) објавил дека елементот 118 отсега се нарекува оганесон во чест на Оганесјан.[7][8][9] Иако веќе постојат дузина елементи наречени по личности[10] оганесонот е еден од само два елемента наречени по жив човек (другиот е сиборгиумот, наречен додека Глен Сиборг уште бил жив).
Наводи
уреди- ↑ „New Element In Periodic Table To Be Named After Armenian Physicist“. Asbarez. 9 June 2016.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Chapman, Kit (November 30, 2016). „What it takes to make a new element“. Chemistry World. Royal Society of Chemistry. Посетено на December 3, 2016.
- ↑ „EPS introduces new Lise Meitner prize“. CERN Courier. IOP Publishing. April 2, 2001. Архивирано од изворникот на 2016-06-04. Посетено на 2016-12-22.
- ↑ „Yuri Tsolakovich Oganessian“. flerovlab.jinr.ru. Flerov Laboratory of Nuclear Reactions. Архивирано од изворникот на 2016-06-12. Посетено на December 7, 2016.
- ↑ „FLNR Directorate“. Архивирано од изворникот на 2013-10-12. Посетено на October 16, 2013.
- ↑ „Element 114 confirmed“. RSC.org. Royal Society of Chemistry. 30 September 2009. Посетено на 19 November 2011.
- ↑ „Periodic Table of Elements“. МСЧПХ. 2016-11-28.
- ↑ „IUAPC announces the names of the elements 113-115-117-118“. МСЧПХ. 2016-11-30.
- ↑ „Names proposed for new chemical elements“. BBC News. 8 June 2016.
- ↑ останатите 12 елементи наречени по личности се: кириумот, ајнштајниумот, фермиумот, менделевиумот, нобелиумот, лоренциумот, радерфордиумот, сиборгиумот, бориумот, мајтнериумот, рендгениумот и копернициумот; уште пет се наречени по места/нешта кои пак се наречени по луѓе: самариумот, гадолиниумот, берклиумот, флеровиумот, ливермориумот)
Надворешни врски
уреди- Профил на Јуриј Оганесјан — Руска академија на науките ru
- Јуриј Оганесјан Архивирано на 12 јуни 2016 г. — Лабораторија за јадрени реакции „Г.Н. Фљоров“ (англиски)
Оваа биографска статија за личност од Русија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |