Јужнокорејски вон
Вон (корејски: 원) (симбол: ₩; ISO 4217: KRW, бројчен код: 410) е валута во Јужна Кореја. Еден вон е поделен на 100 јеони, како помала парична единица. Јеоните денес не се користат во платниот промет, туку само на курсните листи.
Јужнокорејски вон | |
---|---|
대한민국 원 (хангул) 大韓民國 圓1 (ханча) | |
Монети и банкноти што сега се во оптек | |
ISO 4217 | |
Код | KRW |
Составници | |
Подединица | |
1/100 | јеон (전/錢) теоретски (не е во употреба) |
Множина | Јазикот на кој припаѓа единицата нема граматички број. |
Симбол | ₩ |
Банкноти | ₩1000, ₩5000, ₩10000, ₩50000 |
Монети | ₩10, ₩50, ₩100, ₩500 |
Демографија | |
Корисник/ци | Јужна Кореја |
Издавач | |
Централна банка | Банка на Кореја |
Мреж. место | eng.bok.or.kr |
Печатар | Korea Minting and Security Printing Corporation |
Мреж. место | english.komsco.com |
Ковачница | Korea Minting and Security Printing Corporation |
Мреж. место | english.komsco.com |
Вредност | |
Инфлација | 2.5% |
Извор | UPI, 2008 (Национално биро за статистика, Јужна Кореја) |
Начин | CPI |
|
Еден јужнокорејски вон (на 25 мај 2011 г.) изнесувал 0.124676 Севернокорејски вони, според официјалната севернокорејска курсна листа.[1]
Потекло на поимот
уредиВонот е сроден со кинескиот јуан и јапонскиот јен. Сите три имиња произлегуваат од ханча називот 圓 (원), што значи „тркалезност“. Toj бил поделен на 100 јеони (хангул: 전; ханча: 钱; романизација: Jeon; Мекун-Рајшауер: Chon), што значи „пари“, а на ханча се однесува на стари бронзени и бакарни монети.
Прв јужнокорејски вон
уредиИсторијат
уредиВонот се употребувал илјадници години. Во периодот додека Кореја била под јапонска власт тој бил заменет, по номинална вредност, со јенот, при што се нарекувал корејски јен.
Во 1945 година, по Втората светска војна, Кореја била поделена, што резултирало со две одделни валути наречени вон, и во Јужна и во Северна Кореја. Првиот јужнокорејски вон бил поделен на 100 јеони.
Јужнокорејскиот вон првично бил врзан за американскиот долар, по стапка од 15 ₩ = 1 долар. Потоа следувала серија на девалвации, а дел од нив се должеле на Корејската војна.
Девизен курс на првиот јужнокорејски вон | |
---|---|
датум | вредност на 1 американски долар во вони |
октомври 1945 | |
15 јули 1947 | |
1 октомври 1948 | |
14 јуни 1949 | (само за невладини трансакции) |
1 мај 1950 | |
1 ноември 1950 | |
1 април 1951 |
Банкноти
уредиВо 1946 година, Банката на Кореја вовела банкноти од 10 и 100 ₩ , а во 1949 година банкноти од 5 до 1.000 ₩.
Во 1950 година била основана нова централна банка, (Банка на Кореја), која ги презела обврските на поранешната централна банка. Биле воведени банкноти (некои датирани во 1949 г.) во апоени од 5, 10 и 50 јеони, 100 и 1000 вони. Во 1952 година биле воведени банкноти од 500 ₩. Во 1953 година, била издадена серија на банкноти кои, иако имале деноминации во вони, всушност биле првите примероци на јужнокорејскиот хван.
Втор јужнокорејски вон
уредиИсторијат
уредиВонот повторно бил воведен на 9 јуни 1962 година, во однос 1 ₩ = 10 хван. Неговиот ISO 4217 код е KRW. При повторното воведување во 1962 година вредноста на вонот била: 125 ₩ = $ 1. Девизниот курс на вонот помеѓу 1962 и 1980 година бил:
Девизен курс на вториот јужнокорејски вон | |
---|---|
датум | вредност на 1 американски долар во вони |
10 јуни 1962 | |
3 мај 1964 | |
3 август 1972 | |
7 декември 1974 | |
12 јануари 1980 |
На 27 февруари 1980 година, биле направени напори да се воведе флуктуирачки курс, а конечно ваков курс бил воведен на 24 декември 1997 година, кога бил потпишан договор со Меѓународниот монетарен фонд[2] . Набрзо потоа, вонот доживеал девалвација за речиси половина од својата вредност, како резултат од источноазиската финансиска криза.
Наводи
уреди- ↑ Universal Currency Converter, The World's Favorite Currency Site
- ↑ Kurt Schuler (29 February 2004). „Tables of modern monetary history: Asia“. Currency Boards and Dollarization. Архивирано од изворникот 2007-01-12.