Јован (Прв војвода од Ланкастер)
Јован (6 март 1340 - 3 февруари 1399) бил војвода од Аквитанија во периодот од 1390 до 1399 како трет син на англискиот крал Едвард III и Филипа.
Јован | |
---|---|
војвода од Ланкастер; војвода од Аквитанија | |
Наследник | Хенри IV |
Почивалиште | |
Сопружник | Бланка 1359 - 1369 Констанца 1371 - Катерина 1396 - 1399 |
Деца | Филипа Елизабета Хенри IV Катерина Јован Хенри Бофорт Томас Бофорт Јоана Бофорт |
Династија | Династија Плантагенет Династија Ланкастер (основач) |
Татко | Едвард III |
Мајка | Филипа де Авен |
Познат е под името Јован од Гент, според местото каде е роден. Во времето кога неговиот малолетен брат бил прогласен за крал на Англија, тој де факто владеел во Англија.
Во 1360 година се оженил со своја роднина од трето колено, Бланка, ќерка на војводата од Ланкастер, По смртта на војводата од Ланкастер, тој ги наследил неговите земји и неговата титула. По смртта на неговата сопруга, тој во 1371 година се омажил за кастиљската инфанта Канстанција. Од тој брак, тој се здобил со титулата крал на Кастиља и Леон. Во 1386 година се обидел да изврши инвазија врз Кастиља, но во тоа не успеел.
Неговите потомци, познати како Ланкастери, опфаќале три кралеви: Хенри IV, Хенри V и Хенри VI. Негвата ќерка, Филипа, станала португалска кралица како сопруга на кралот Јован. Од потомците на Јован подоцна била основана династија Тјудори.