Јован Владимир

православен светец

Јован Владимир (околу 9904 јуни 1016) — владетел на Дукља од околу 1000 до 1016 година. Убиен е подмолно од Јован Владислав во Преспа и е прогласен за прв српски светец.

Јован Владимир
Икона на Св. Марина и Св. Јован Владимир, дел од иконостасот на Црквата „Свети Архангели“ во манастирот Св. Наум, крај Охрид
На престолоколу 1000 – 22 мај 1016
Роден(а)околу 990
Починал(а)22 мај 1016
Преспа, Самоилово царство
Почивалиште
Преспа

Животопис

уреди

Неговото владеење се случува во текот на долготрајната војна помеѓу Самоиловото Царство и Византија. Јован Владимир бил во добри односи со Византија, но тоа не му помогнало да ја сочува својата земја од цар Самуил. Тој ја освоил Дукља во 1009 или 1010 година, а кнезот Владимир го затворил во престолнината Преспа. Таму, во него се вљубува Самуилова ќерка Теодора Косара, која го замолила својот татко да и’ дозволи да се омажи за Владимир. Цар Самуил му ја даде Косара на Владимир за жена и му ја враќа Дукља да владее со неа како негов вазал.

Владимир не се вклучува во војната помеѓу Самоиловото Царство и Византија, која кулминира во 1014 година со византиската победа над Самуил. По смртта на Самуил и по убиството на Гаврил Радомир, новиот владетел на Самоиловото Царство, Јован Владислав, го повикува Јован Владимир да го посети во Преспа. Косара го убедува Владимир да не оди во Преспа и оди самата таму. Јован Владислав ја прима со почести и повторно го повикува Владимир да дојде во Преспа, испраќајќи му златен крст на кој се заколна дека нема ништо штетно да му направи. Според Летописот на поп Дукљанин, одговорот на Владимир на оваа покана бил следниот:

„Знаеме дека Господ наш Исус Христос, кој за нас страдаше, не е на златен или сребрен крст распнат, туку на дрвен. Значи, ако твоето ветување е искрено и твоите зборови вистинити, испрати ми по монасите дрвен крст и, надевајќи се во помошта Господова на нашиот Исус Христос и полагајќи надеж во живиот крст и вредното дрво, ќе дојдам.“

Два епископи и еден аскет отишле кај дукљанскиот кнез, му предале дрвен крст и му потврдиле дека царот на него се заколнал дека никакво зло нема да му се случи. Владимир го бакнал крстот и со мала придружба заминал за Преспа. Штом стигнал таму, влегол во една црква за да се помоли. Кога излегол од црквата, држејќи го во раце дрвениот крст што му го испратил Јован Владислав, уште пред самите црковни порти го нападнале војниците на Јован Владислав и му ја отсекле главата. Тоа се случило на 22 мај 1016 година (стар календар).

Погребан е во Преспа, во истата црква пред која е убиен. Неколку години по неговата смрт, Косара ги пренела неговите мошти во црква близу неговиот двор во Дукља. Од 1381 година неговите мошти се чуваат во Манастирот на Свети Јован Владимир во Елбасан, а од околу 1995 година во православната соборна црква во Тирана. На 22 мај, за време на празникот на светецот, неговите мошти се носат во манастирот во Елбасан, каде на тој ден се собираат верници. Всушност, моштите на светецот се чуваат на неколку места: Света Гора (черепот), црквата „Св. Никола Болнички“ во Охрид (раката) и Тирана (горниот дел на телото). Во септември 2016 година, во Бар била осветена голема црква посветена на св. Јован Владимир.[1]

Наводи

уреди
  1. Бранко Ѓорѓевски, „Верниците на СПЦ ги бакнуваа моштите на св. Јован Владимир што им ги подари МПЦ“, Дневник, година XX, број 6174, понеделник, 26 септември 2016, стр. 2-3.

Надворешни врски

уреди
Владејачки титули
Претходник
Петрислав
Кнез на Дукља
1000–1016
Наследник
Драгимир