Јовано, Јованке

песна

Јовано, Јованкемакедонска народна песна. Во песната се зборува за забранета љубов помеѓу двајца млади.

„Јовано, Јованке“
Песна од Александар Сариевски
Леб и сол
Васка Илиева
Кевсер Селимова
Ѓорѓи Желчески
Тоше Проески
Наум Петрески
Анета Мицевска
Јазикмакедонски
Напишана?
Објавена?
Жанрмакедонска народна музика
Должина2:59 - 04:30
Композитор(и)непознат, со разни
современи аранжмани

Текст

уреди
Јовано, Јованке
Крај Вардарот седиш, мори
Бело платно белиш,
Бело платно белиш, душо
Сè нагоре гледаш.
Јовано, Јованке,
Јас тебе те чекам, мори
Дома да ми дојдеш,
А ти не доаѓаш, душо
Срце мое, Јовано.
Јовано, Јованке,
Твојата мајка, мори
Тебе не те пушта,
Кај мене да дојдеш, душо
Срце мое, Јовано.

Изведби

уреди
  • Македонскиот пејач и текстописец Александар Сариевски ја изведувал традиционалната верзија на песната во текот на својата музичка кариера (1946–2002).[1]
  • 1967 – југословенската бит група Златни дечаци снимиле верзија на песната за филмот „Каде после дождот?“ на Владан Слијепчевиќ.[2]
  • 1967 – песната била изведена од Естер и Аби Офарим за нивниот албум 2 во 3.[3]
  • 1968 – турската пејачка Ајда Пекан снимила верзија на песната насловена Ne Tadı Var Bu Dünyanın со нов текст на турски јазик.
  • 1985 – германската фолклорна група Фарфарело ја извела Јовано на нивниот деби-албум.
  • 1986 – хрватскиот и југословенски хард-рок бенд Осми путник вклучиле дел од мелодијата во нивната песна „Јована“.
  • 1986 – македонскиот и југословенски џез-фузиски и рок бенд Леб и сол, создале инструментална верзија на песната.
  • 1991 – хрватскиот пејач и текстописец Браними Штулиќ ја снимил песната за својот албум „Севдах за Паулу Хорват“. Подоцна, во 2012, снимил уште една верзија во своето домашно студио во Холандија.
  • 1994 - македонската група Анастасија вклучила дел од мелодијата во "Coming Back Home 1" за музиката на филмот Пред дождот.
  • 1995 и 2006 – светската музичка група од Берлин 17 Hippies издала верзија на песната на нивните албуми „'Rock 'n' Roll 13'“ и „Hippies Live in Berlin“.
  • 1997 и 2003 – светската музичка група од Виена, Ним Софијан издала верзии на песната.
  • 1999 – романската група Трансилванија Феникс вклучина верзија од песната во нивниот албум Ора-хора.
  • 1999 – чешкиот бенд Готхарт вклучил верзија од песната на нивниот албум Adio querida.
  • 2001 – двајца пионери на келтско бузуки, Роџер Лендс и Чипер Томпсон, снимиле инструментална верзија на нивниот албум The Janissary Stomp.
  • 2003 – светската музичка група од Нов Зеланд Мени хендс издала верзија од оваа песна на нивниот албум Routes.
  • 2003 – полската група Кроке и виолинистот Најџел Кенеди ја извеле песната на нивниот албум East meets East.
  • 2006 – македонскиот пејач Тоше Проески издал верзија на песната на неговиот албум Божилак. Проески често ја исполнувал оваа песна на концертите во живо.
  • 2007 – бугарскиот забавувач Слави Трифонов ја извел песната и снимил патриотско видео како нејзина придружба, кое ја пресоздава бугарската победа во Битката кај Дојран за време на Првата светска војна.[4]
  • 2009 – хрватската група Hot Club de Istra направила ромски џез аранжман на песната.
  • 2009 – мелодијата на песната била користена во шестиот серија од ТВ рекламната кампања Македонија Вечна.
  • 2011 – полскиот продуцент Мартин Виросек издал верзија на песната со полката пејачка Каја.
  • 2011 - What Cheer? Brigade, лимен бенд во Провиденс, издала верзија на песната на нивниот албум Classy: Live in Pawtucket.
  • март 2014 – словенскиот хор Perpetuum Jazzile издал „а капела“ аранжман на песната.
  • 2015 – хрватската пејачка Нина Краљиќ, која ја претставувала Хрватска на Евровизија, ја исполнила песната во живо.[5]
  • 2017 – српската група Alice in WonderBand ја извела песната во аранжман за телесна перкусија, вокали и диџериду во телевизиското шоу Јас имам талент!.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Aleksandar Sarievski - Jovano Jovanke“. 2007. Архивирано од изворникот на 2001-10-25. Посетено на 2009-08-24.
  2. Janjatović, Petar (2007). EX YU ROCK enciklopedija 1960–2006. Belgrade: self-released. стр. 46.
  3. „Esther and Abi Ofarim - 2 in 3 - LP 1967, CD 1992“. esther-ofarim.de. Посетено на 4 септември 2018.
  4. „Slavi Trifonov i Ku-Ku Bend - Jovano Jovanke“. 2007-03-21. Посетено на 2007-07-28.Предлошка:Dead Youtube links
  5. Jovano, Jovanke performed by Nina Kraljić on YouTube

Надворешни врски

уреди