Ѓурга Пинџурова
Ѓурга Ѓурова Пинџурова (бугарски: Гюрга Гюрова Пинджурова) била пејачка на народни песни од Бугарија, изведувач на шопски народни песни. Таа била првата професионална народна пејачка во Бугарија со академско музичко образование.
Ѓурга Пинџурова | ||
Родена | 18 април 1895 Трн, Бугарија | |
---|---|---|
Починала | 10 ноември 1971 Софија, Бугарија |
Животопис
уредиПинџурова е родена на 18 април 1895 година во градот Трн, Перничка област. Таа го завршила првиот клас на Државното музичко училиште во Софија во 1917 година, каде учела пеење со бугарска оперска певица Христина Морфова. Потоа, Пинџурова завршила оперско пеење во Конзерваторијата во Прага. Во јануари 1921 година го одржала својот прв концерт во Бугарија, кога исполнила арии од опери и разработки на народни песни. Таа била учителка по пеење со мали прекини во периодот 1923-1938 година во Софија, Трн и некои трнски села. Соработувала со детскиот оддел на Радио Софија, го направила првите записи на винилни грамофонски плочи на арии и народни песни. Во 1936 г. за кратко била дел од хорот на Софиската народна опера. Од 1938 година пеела во живо народни песни на Радио Софија. Во 1939 година се појавиле и нејзините први плочи со народни песни. По 9 септември 1944 година таа развила богата концертна активност и станала една од најпопуларните пејачки на народни песни во Бугарија. Карактеристично за изведбите на Ѓурга Пинџурова е истакнато емоционално и уметничко претставување на текстот на песните. Во 1951 година ја добила „Димитровската награда“. Во 1969 година била удостоена со титулата „народен уметник“. Пинџурова починала на 10 ноември 1971 година во Софија. Денес општинското читалиште во Трн го носи името на „Ѓурга Пинџурова“.
Меѓу едни од симболични песни на Ѓурга Пинџурова се „Омиле ми Јагодо“, „Море чича рече да ме жени“ „Извор вода извирала“, „Та чие су тарабице“, „Гугутка гука в усое“, „Хеј, Балкан ти роден наш“ и многу други.