Трн (град)
Трн (бугарски: Трън) — град во Западна Бугарија, административен центар на општината Трн во Перничка Област. Има население од околу 2.460 жители (2022).[1]
Трн Трън | ||
---|---|---|
град | ||
Централниот плоштад во Трн | ||
Местоположба на Трн во Бугарија | ||
Координати: 42°50′11.34″N 22°39′3.55″E / 42.8364833° СГШ; 22.6509861° ИГД | ||
Земја | Бугарија | |
Област | Перник | |
Општина | Трн | |
Управа | ||
• Градоначалник | Цветислава Цветкова (ГЕРБ) | |
Површина | ||
• Вкупна | 21,582 км2 (8,333 ми2) | |
Надм. вис. | 900 м | |
Население (2022) | ||
• Вкупно | 2,460 | |
• Густина | 110/км2 (300/ми2) | |
Час. појас | EET (UTC+2) | |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | |
поштенски код | 2460 | |
Повик. бр. | +359 07731 | |
Мреж. место | tran.bg |
Географија
уредиТрн се наоѓа во планинско подрачје, во близина на границата со Србија. Градот се протега на бреговите на реката Ерма, во најисточниот дел од висорамнината котлина Знеполе. Опкружен е со ридовите Китка, Грчки Камен, Чарчалат и Мурговица.
Градот има влажна континентална клима со големи температурни амплитуди. Најниската температура во Бугарија −38,3 °C била забележана во Трн во јануари 1947 година. Бидејќи температурите честопати паѓаат на −20 °C - −25 °C во зима, Трн може да се смета за еден од најстудените градови во Бугарија.[2]
Историја
уредиНајраните траги од луѓе пронајдени во пештерите во Трнско датираат од неолитот. На територијата на градот Трн, археолозите пронашле траги од неколку праисториски населби. Животот во антиката во сегашниот град досега е документиран само со откриената античка гробница и со пронајдените римски монети од 4 век. Oвде последователно живееле Тракијци, Готи и Словени.
За прв пат Трнско влегло во границите на бугарската држава за време на владеењето на Кан Крум по заземањето на Средец во 809 година. За време на Првото Бугарско Царство, реонот бил подреден на болјарот Кракра, кому му биле доверени земјиштата во Пернишко, Средецко и Трнско. Повеќе од 10 години болјарот му пружил жесток отпор на императорот Василиј II, но и покрај тоа, во 1018 година, оваа област заедно со остатокот од Бугарија потпаднала под византиска власт.
Трн е стара, средновековна населба, регистрирана во османлиските документи од средината на 16 век под имињата Изнебол, Турун и Таран Паланка. За постоењето на населбата во овој период сведочи и средновековната гробишна црква „Св. Петка“, а исто така и од доцносредновековната керамичка печка откриена пред години кога започнала поновата градба во градот.
На крајот на Руско-турската војна (1877-1878), Трн бил привремено окупиран од Србија до 1879 година. Нејскиот мировен договор од 1919 година донесол сурови последици за градот Трн и неговата околија. Голем број населби биле дадени на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, а други како Врабча, Стрезимировци, Банкја и Петачинци, буквално биле преполовени од границата, поделувајќи ги на две дворови, гробишта, а исто така и многу семејства.[3]
Наводи
уреди- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
- ↑ Най-ниската температура в България 04.04.2022 (бугарски)
- ↑ Община Трън - История(бугарски)
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Официјална веб-страница на општина Трн (бугарски)
Оваа статија место во Бугарија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |