Why Don't You Love Me (песна на Бијонсе Ноулс)

Why Don't You Love Me“ е песна од американската Р&Б пејачка Бијонсе Ноулс од нејзиниот трет студиски албум, I Am… Sasha Fierce. Оригинално издадена како бонус песна при порана нарачка на делукс изданието на албумот, песната подоцна била издадена како бонус песна на дигиталниот EP албум наречен I Am... Sasha Fierce - The Bonus Tracks. Компонирана од Ноулсм Ангела Бејинсе, Соланж Ноулс и The Bama Boyz, песната користи ретро стил и има денс ритам. Во песната, Ноулс му поставува прашање на нејзиниот љубовник зошто не ја цени нејзината прекрасност. Се искачила на првото место на табелата во САД, Билборд Хот Денс Клуб Песни и останала таму една недела во февруари 2010, една година по оригиналното издавање на албумот.

„Why Don't You Love Me“
Промоционален сингл од Бијонсе
од албумот I Am... Sasha Fierce
Пуштенајули 2 2010 (2010-07-02)
ОбликДигитално спуштање
Снимена2008
ЖанрР&Б, денс-поп
Должина3:37
МаркаSony
ПеснописецБијонсе Ноулс, Соланж Ноулс, Ангела Бејинсе, Еди Смит III, Џес Ранкинс о Џонатан Велс
Продуцент(и)Bama Boyz, Бијонсе Ноулс

Инспирацијата во пишувањето на песната доаѓа од времето кое The Bama Boyz го поминале во Ноулс за време на крајот на нејзината B'Day Турнеја. „Why Don't You Love Me“ е Р&Б-денс-поп песна со ретро стил. Музичкото видео инспирирано од 50-тите е режирано од Мелина Мацукас и Ноулс позната под името, „Би-Зи“, која се појавува во видеото како „Б.Б. Домаќинка“. Ноулс ѝ оддала почит на Бети Пејџ во видеото, а истото го направила и во музичките видеа за „Telephone“ и „Video Phone“ во кои соработувала со Лејди Гага. Критичарите го пофалиле видеото поради костимите и сцените од 1950-тите и ги опишале глумечките способности на Ноулс како жешки, пријатни, шармирачки и забавни.

На 27 август 2010, песната била издадена како промоционален сингл во Обединетото Кралство каде биле овозможени и два ремикса на песната. Се искачила на 51 место на табелата за синглови во Британија, како и на табелата за Р&Б синлови во истата држава. Иако не била издадена како интернационален сингл, песната добила вниманија во Австралија на 73 место, а се искачила на табелите „bubbling under“ во Белгија како и на 44 место во Совачка. Во САД, се искачила на деветнаесеттото место на списокот на најпуштани песни во клубовите во 2010.

Позадина и издавање

уреди

Џонатан Велс од The Bama Boyz рекол дека тие одлучила да пробаат нешто поразлично од вообичаеното со мешање на различни жанрови.[1] Инспирацијата за песната дошла од времето кое тие го поминале во Лондон за време на B'Day Турнејата. Пишувањето и продукцијата започнало во Лондон и завршило на други место во 2008 година.[2] Тие признале дека структурата на песната е необична, сепак биле задоволни што завршила во рацете на Ноулс.[2] The Bama Boyz продуцираке две песни на вториот студиски албум на Соланж Ноулс, Sol-Angel and the Hadley St. Dreams и таа ги прашала дали може да направат и нешто за нејзината сестра, Бијонсе.[1] The Bama Boyz речиси намерно ја оставиле инструментацијата за „Why Don’t You Love Me“, бидејќи помислиле дека песната не звучи како другите песни кои Бијонсе ги снимала за нејзиниот албум во тоа време. Сепак, Џес Ранкинс објаснил дека тие ја запишале инструментацијата за „Why Don’t You Love Me“ во електронска пошта бидејќи знаеле дека Соланж сакала чудни снимки, но се договориле да ѝ ја пратат дури на крајот.[1]

Надвор од сите мејнстрим-инспирирани обиди, The Bama Boyz ѝ испратиле песни на Соланж и таа ја одбрала најнеочекуваната песна, „Why Don’t You Love Me“.[2] Џонатан Велс коментирал: „Кога го слушнавме демото на Соланж, бевме возбудени бидејќи таа песна имаше повеќе од нашиот вистински звук отколку другите [испратени песни], но сè уште не верувавме дека Бијонсе ќе ја пее...но сепак се надевавме!“[2] Бијонсе одишла во Music World Studios во Хјустон за снимачки сесии неколку месеци откако Соланж го исекла демото.[1] Ноулс ги повикала The Bama Boyz за време на сесиите во Music World Studios, Хјустон за албумот I Am... Sasha Fierce. Неочекувано, откако Бијонсе ја пуштила „Halo“, „Why Don’t You Love Me“ почнала да се слуша преку звучниците со гласот на Ноулс кој ја пее песната. The Bama Boyz биле почестени што таа ја снимила песната.[1] Според „Anti-Music“, песната била речиси отврлена двапати: првиот пат бил кога EMI Music припремиле демо на песната за да го испратат на други артисти без сознанието дека Ноулс веќе ја снимила песната и вториот пат за време на изборот на песни во I Am... Sasha Fierce, во кој извршните продуценти почувствувале дека песната не се совпаѓа со другите песни.[1]

Оригинално издадена како бонус песна за оние кои ќе го нарачаат албумот пред време на делукс изданието на I Am... Sasha Fierce,[3] песната била подоцна издадена како нова песна од платинското издание на албумот,[4] и како бонус песна заедно со „Poison“ и ремикс верзија на „Video Phone“ со поп пејачката Лејди Гага на дигитален EP наречен I Am... Sasha Fierce - The Bonus Tracks.[5] На 2 јули 2010, „Why Don’t You Love Me“ била издадена како дигитален сингл во Германија[6] додека музичкото видео било овозможено на дигитален EP.[7] Два ремикса на песната биле подоцна овозможени во Обединетото Кралство на 29 август 2009.[8]

Композиција

уреди

„Why Don’t You Love Me“ е поразлична од претходните денс-поп песни на Ноулс бидејќи користи ретро стил.[9] Во песната, Ноулс го прашува нејзиниот љубовник за причините поради кои тој не ја цени нејзината прекрасност,[9] покажана во текстот:„Зошто не ме сакаш..кога правам да бидам толку лесна за сакање..Убава сум..Класична сум..Имам стил и имам задник...“[10][11] Напишана од Бијонсе Ноулс, нејзината сестра Соланж Ноулс, нејзината братучетка Енџи Бејинсе и ко-напишана од The Bama Boyz,[2] „Why Don’t You Love Me“ е забрзана песна која користи и Р&Б.[10] Содржи енергетски удари,[10] тапани, фанки гитари и бас, физајниран за да ја направи песната ритмична како и танцувачка.[12]

Прием

уреди

Критички прием

уреди

All Noise ѝ дал позитивен преглед на песната, фалејќи го текстот и феминизамот на песната.[12] Исто така било изјавено дека песната е поволна за „зачувување на танцувачкиот под активен“ и дека е „инвентивно и храбро“ што песни како „Why Don't You Love Me“ ќе ја задржат Ноулс на врвот на поп-музиката.[12] Друг преглед од мрежната страница „Unreality Shout“ го пофалил ритамот и фанк влијанието во „Why Don't You Love Me“, а исто така ја нарекол интересна песна поради тоа што го напаѓа концептот да се биде игнориран од љубовник од „различен агол, а не се жали мизерно и пее во балада предводена од пијано.“[10]

Настап на табелите

уреди

Иако „Why Don't You Love Me“ не била издадена како сингл се искачила на врвот на Билборд табелата за Хот Денс Клуб Песни на 13 февруари 2010.[13][14] Станала дванаесеттиот број-еден хит на таа табела за Ноулс и исто така петтата последователна песна од I Am... Sasha Fierce која се искачила на првото место на таа табела.[15] На 11 јуни 2010, песната се за првпат се појавила на Австралиската Табела за Синглови.[16] Сепак наредната недела песната паднала на деведесет и првото место,[17] пред да излезе надвор од неа во наредната недела.[18] На 14 август 2010, песната за првпат се појавила на 142 место на британската табела,[19] и се поместила од седумдесет и првото на четириесеттото место на Р&Б табелата.[20] По дигиталното издавање на ремиксовите, песната се искачила на седумдесет и првото место на Британската Табела за Синглови,[21] станувајчи деветтиот последователен сингл од I Am... Sasha Fierce кој се искачил меѓу првите 75. Исто така се поместила и од четириесет и четвртото место на дваесет и петтото на Р&Б табелата на 11 септември 2010.[22] Следната недела, на 18 септември, „Why Don't You Love Me“ се поместила дваесет места во Британија за да се најде на педесет и првото место[21] и на четиринаесеттото место на Р&Б табелата.[23] Песната останала на главните табели во Белгија и се искачила на десеттото место на Ултратип табелата во Фландрија.[24]

Настапи во живо

уреди

Ноулс ја извела песната во живо на Гластонбери Фестивалот од 2011 на 26 јуни 2011. За време на настапот таа танцувала со позадински танчери, а официјалното музичко видео на песната било прикажано зад неа.[25]

Формати и списоци на песни

уреди
  • Германски дигитален сингл[6]
  1. „Why Don't You Love Me“ - 3:37
  2. „Why Don't You Love Me“ (Ремикс на Џамп Смокерс Клуб) - 3:57
  • Германски Дигитален EP[7]
  1. „Why Don't You Love Me“ - 3:37
  2. „Why Don't You Love Me“ (Ремикс на Џамп Смокерс Клуб) - 3:57
  3. „Why Don't You Love Me“ (Видео) - 4:50
  • ОК Дигитални Ремиксови[8]
  1. „Why Don't You Love Me“ (Ремикс на Емекј Ултрас - Радио Уредување) - 3:34
  2. „Why Don't You Love Me“ (Ремикс на Старсмит - Радио Уредување) - 3:33

Личности

уреди
  • Вокали - Бијонсе Ноулс
  • Продукција и снимање од - Bama Boyz, Бијонсе Ноулс
  • Вокална продукција - Бијонсе Ноулс
  • Текстописци - Бијонсе Ноулс, Соланж Ноулс, Ангела Бејинсе, Еди Смит III, Џес Ранкинс и Џонатан Велс

Извор:[26]

Табели

уреди

Табела (2010) Највисока
позиција
Австралија (ARIA)[16] 73
Белгија (Ultratip Фландрија)[24] 10
Бразил (Билборд) Хот 100 Ерплеј[27] 21
Германија (Deutsche Black Charts)[28] 4
Словачка (IFPI)[29] 44
Британски Синглови (The Official Charts Company)[30] 51
UK R&B (The Official Charts Company)[23] 14
САД Хот Денс Клуб Песни (Billboard)[31] 1

Годишни табели

уреди
Табела (2010) Позиција
САД Билборд Хот Денс Клуб Плеј Песни[32] 19

Историја на издавање

уреди
Датуми на издавање, издавачка куќа и детали за форматите
Држава Датум Формат Куќа
Германија[7] 2 јули 2010 Дигитален сингл, Дигитален EP Sony Music Entertainment
Обединето Кралство[33] 27 август 2010 Дигитален Ремикс Сингл

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „The Story Behind Beyoncé's Why Don't You Love Me“. Antimusic. 2010-05-12. Посетено на 2010-09-13.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Steven Roberts (2010-07-12). „Beyoncé's 'Why Don't You Love Me' Almost Didn't Happen, Bama Boyz Say“. MTV News]]. MTV Networks. Архивирано од изворникот на 2010-07-26. Посетено на 2010-07-22. Не се допушта закосување или задебелување во: |work= (help)
  3. „I Am...Sasha (Bonus Track Version)“ (холандски). iTunes Store. Apple Inc. 2008-11-14. Посетено на 2010-11-06.
  4. „I Am...Sasha Fierce (Platinum Edition) (Incl. Bonus Tracks and Music Videos): Beyonce: Music“. Amazon US. Amazon Inc. 2009-09-22. Посетено на 2009-12-31. Не се допушта закосување или задебелување во: |work= (help)
  5. „I Am...Sasha Fierce The Bonus Tracks: Beyonce: Amazon.fr: Téléchargements MP3“. Amazon France (француски). Amazon Inc. Посетено на 2009-12-31. Не се допушта закосување или задебелување во: |work= (help)
  6. 6,0 6,1 „Why Don't You Love Me?: Beyoncé“. Amazon.com. Amazon Inc. 2010-07-02. Посетено на 2010-08-23. Text "Amazon Germany" ignored (help)
  7. 7,0 7,1 7,2 „Why Don't You Love Me? - EP: Beyoncé“. iTunes. ]]Apple Inc.]] 2010-07-02. Посетено на 2010-08-23. Text "Itunes Germany" ignored (help)
  8. 8,0 8,1 „Why Don't You Love Me?: Beyoncé“. Amazon.com. Amazon Inc. 2010-08-27. Посетено на 2010-08-23. Text "Amazon Uk" ignored (help)
  9. 9,0 9,1 Claire (2010-12-16). „Video: Why Don't You Love Me by Beyoncé“. Fashion Boom Daily. Архивирано од изворникот на 2013-04-07. Посетено на 2010-09-13.
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 „Single Review: Beyoncé - 'Why Don't You Love Me?'. Unreality Shout. 2010-08-30. Посетено на 2010-09-13.
  11. Brad Wete (May 4, 2010). „Beyoncé's one hot housewife in 'Why Don't You Love Me' video“. Entertainment Weekly. Time Inc. Посетено на July 20, 2010.
  12. 12,0 12,1 12,2 „This weeks single releases – 30/08/2010“. All Noise (United Kingdom). 2010-08-30. Архивирано од изворникот на 2010-09-04. Посетено на 2010-09-13.
  13. „Dance Club Play Songs“. Billboard. Prometheus Global Media. 2010-02-12. Посетено на 2010-05-02.
  14. „Why Don't You Love Me (*)“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на 2010-05-02.
  15. Trust, Gary (2010-04-28). „Chart Beat Wednesday: Diva Domination“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на 2010-05-03.
  16. 16,0 16,1 "Week Commencing ~ 14 June 2010 ~ Issue #1059" ARIA Топ 100 Синглови. National Library of Australia.
  17. „Week Commencing ~ 21 June 2010 ~ Issue #1060“ (PDF). Australian Recording Industry Association]]. Pandora Archive. 2010-06-21. Посетено на 2010-08-06. Не се допушта закосување или задебелување во: |work= (help)
  18. „Week Commencing ~ 28 June 2010 ~ Issue #1061“ (PDF). Australian Recording Industry Association]]. Pandora Archive. 2010-06-28. Посетено на 2010-08-06. Не се допушта закосување или задебелување во: |work= (help)
  19. „CHART: CLUK Update 8/14/2010 (wk31)“. Zobbel.de. Посетено на 2010-08-14.
  20. „UK R&B Singles Chart (14th August 2010)“. The Official Charts Company. 2010-08-14. Посетено на 2010-10-27.
  21. 21,0 21,1 „Chart Stats - Beyoncé - Why Don't You Love Me“. The Official Charts Company. Chart Stats. 2010-09-05. Архивирано од изворникот 2010-09-21. Посетено на 2010-09-12. Не се допушта закосување или задебелување во: |work= (help)
  22. „UK R&B Singles (September 11, 2010)“. The Official Charts Company. 2010-09-11. Посетено на 2010-09-05.
  23. 23,0 23,1 "Archive Chart" UK R&B Chart. The Official Charts Company.
  24. 24,0 24,1 "Ultratop.be – Beyoncé – Why Don't You Love Me" (на холандски). Ultratip. ULTRATOP & Hung Medien / hitparade.ch.
  25. „Beyonce covers Kings Of Leon and Prince at Glastonbury“. IPC Media (Time Inc.). 2011-06-27. Посетено на 2011-06-27. Text "workNME" ignored (help)
  26. Бијонсе Ноулс – I Am... Sasha Fierce (Платинско издание) (Долни забелешки). Columbia Records (2009).
  27. "Brazil Hot 100 Airplay" (in Portuguese). Billboard Brasil (Brazil: bpp) (2): 100. October 18, 2010. ISSN 977-217605400-2
  28. „MTV Deutsche Black Charts“. MTV Germany. MTV Networks. Архивирано од изворникот на 2010-02-26. Посетено на 2010-07-03.
  29. "SNS IFPI" (in Slovak). Hitparáda – Radio Top100 Oficiálna. IFPI Czech Republic. Note: insert 201027 into search.
  30. "Chart Stats – Beyonce – Why Don't You Love Me" UK Singles Chart. Chart Stats.
  31. "Beyonce Album & Song Chart History" Billboard Hot Dance/Club Play for Beyonce. Prometheus Global Media.
  32. „Club Music, Hot Dance Songs, Club Songs, Dance Club Music Charts“. Billboard. Prometheus Global Media. 2010-12-31. Посетено на 2010-12-09.
  33. „Why Don't You Love Me? (Remixes) - Single“. iTunes Store. Apple Inc. 2010-08-27. Посетено на 2010-08-30.
Претходник
Did It Again“ од Шакира
U.S. Број-еден сингл на Билборд Хот Денс Клуб Песни
13 февруари 2010 - 20 февруари 2010
Наследник
Russian Roulette“ од Ријана

Надворешни врски

уреди