Вајна Капак

(Пренасочено од Wayna Qhapaq)


Хуајна Капак (кечуански: Wayna Qhapaq) бил единаесеттиот Сапа Инка на Империјата на Инките и шести владетел од династијата Ханан. Тој бил наследник на Тупак Инка Јупанки. Неговата жена и сестра била Која Кусиримај. Со неа немал машко дете, но тој имал над 50 деца со други жени, меѓу кои Нинан Кујочи, Хуаскар, Атахуалпа, Тупак Хуалпа, Манко Инка Јупанки, генералот Аток, Павлу Инка и Киспе Сиса. Скоро сите негови деца од овие наведениве, биле наследници или видни личности.

Сапа Инки
Приказ на Сапа Инките.
Хуринска династија
   Манко Капак
   Синчи Рока
   Локе Јупанки
   Мајта Капак
   Капак Јупанки
Хананска династија
   Инка Рока
   Јавар Вакак
   Виракоча
   Пачакути
   Тупак Инка Јупанки
   Вајна Капак
   Нинан Кујочи
   Уаскар
   Атауалпа
Сапа Инки од Вилкабамба
   Тупак Хуалпа
   Манко Инка Јупанки
   Паулу Инка
   Сајри Тупак
   Титу Куси
   Тупак Амару
Поврзано
   Тавантинсују
   Сапа Инка
   Список

Тој ја проширил Империјата на денешни Чиле и Аргентина, и се борел за територии во Еквадор и Колумбија. Хуајна Капак умрел во 1527 година за време на битките во Кито. Заедно со него умрел и неговиот син Нинан Кујочи.

Хуајна Капак според Пома де Ајала.

Пред неговата смрт, тој ја поделил империјата на неговиот омилен син Атахуалпа и на неговиот лигитимен наследник Хуаскар. Оваа поделба значела и ослабување на Империјата и подоцна тотален колапс.

Поврзано

уреди
Претходник
Тупак Инка Јупанки
Сапа Инка
1493-1527
Наследник
Хуаскар