Прирок-подмет-предмет

(Пренасочено од Verb–subject–object)

Прирок-подмет-предмет или глагол-подмет-предмет (меѓ. крат. VSO од анг. verb–subject–object) — вид на збороред во реченицата кај одредени јазици. Овој редослед на зборовите е трет најупотребуван во светот по подмет-предмет-прирок и подмет-прирок-предмет. Пример за овој редослед на зборовите е реченицата „Јаде Томе јаболка “.

збороред македонски
пример
застапеност
кај јазиците[1][2]
јазици
SOV Томе писмо носи. 45%
 
хинди, јапонски, латински
SVO Томе носи писмо. 42%
 
македонски, англиски, кинески
VSO Носи Томе писмо. 9%
 
хебрејски, ирски, запотечки
VOS Носи писмо Томе. 3%
 
фиџиски, малгашки
OVS Писмо носи Томе. 1%
 
апалајски, тамилски
OSV Писмо Томе носи. 0% јамамадиски, вараоански
Јазична типологија
морфолошка типологија
изолативен јазик
синтетичен јазик
полисинтетичен јазик
флективен јазик
аглутинативен јазик
морфосинтаксна типологија
морфосинтаксно порамнување
номинативно-акузативен јазик
ергативно-апсолутивен јазик
поделба на ергативност
австронезиско порамнување
активно-статичен јазик
тродолен јазик
номинативно-апсолутивен јазик
директно-спротивен јазик
синтаксен центар
улога тета
збороред
прирок-предмет
подмет-прирок-предмет
прирок-подмет-предмет
прирок-предмет-подмет
предмет-прирок
подмет-предмет-прирок
предмет-подмет-прирок
предмет-прирок-подмет
време-начин-место
место-начин-време

Јазиците кои имаат ваков редослед на зборовите се семитските јазици, меѓу кои арапскиот, хебрејскиот, гез. Покрај нив, овој редослед е присутен и кај келтските јазици, како што се ирскиот, шкотскиот гелски, манскиот, велшкиот и бретонскиот.

Јазици

уреди

Покрај горе напоменатите јазици, овој редослед се користи и кај следните јазични семејства:

Примери

уреди

Редоследнот на зборовите во арапскиот е:

реченица قرأ المدرس الكتاب
зборови الكتاب المدرس قرأ
транслитерација al-kitāba al-mudarrisu Qara'a
глос * книгата наставникот чита
делови* предмет подмет прирок
превод Наставникот ја чита книгата.

^* Редоследот на реченицата се чита од десно кон лево.

Пример за редоследот на реченицата во велшкиот:

реченица Siaradodd Aled y Gymraeg
зборови Siaradodd Aled y Gymraeg
глоси зборел Алед велшки(от)
делови глагол подмет предмет
превод Алед зборел велшки.

Наводи

уреди
  1. Introducing English Linguistics International Student Edition by Charles F. Meyer
  2. Russell Tomlin, "Basic Word Order: Functional Principles", Croom Helm, London, 1986, page 22

Поврзано

уреди