Изолативен јазик
Изолативен јазик е вид јазик со мал број морфеми во однос на еден збор. Во крајни случаи има и јазици каде една морфема е еден збор. Поимот „изолативен јазик“ е во сродност со поимот „аналитички јазик“, каде во крајна граница има целосно отсуство на инфлекција за означување граматички односи. Изолативните јазици се поставени наспроти синтетичките јазици, каде во зборовите има присуство на повеќе морфеми.
Објаснување
уредиИако историски јазиците биле поделени на три групи (изолативни, флективни и аглутинативни), овие морфолошки видови можат да бидат поделени според два параметра:
- односот меѓу морфемата и зборот (сразмер), и
- степенот на споеност меѓу морфемите.
Изолативен јазик може да биде дефиниран како јазик кој има совпаѓање еден со еден меѓу зборот и морфемата. Пример за ова совпаѓање е зборот „ти“, кој е еден збор и една морфема. Од другата страна пак во овие јазици може да има и зборови составени од повеќе морфеми, како што е зборот „преиспитување“ кој е еден збор составен од три морфеми: пре-, испитува, -ње.
Аналитички јазик
уредиАналитички јазик е јазик кој ги искажува граматичките односи по синтаксен пат, односно преку употреба на слободни морфеми кои функционираат како одделни зборови. Овие јазици послабо користат сврзани морфеми кои имаат флекција.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- Sapir, Edward. www.bartleby.com/186/6.html Types of linguistic structure. In Language: An introduction to the study of speech Chapter 6. (1921).
Оваа статија од областа на лингвистиката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |