Предмет-подмет-прирок
Предмет-подмет-прирок или предмет-подмет-глагол (меѓ. крат. OSV, од анг. object–subject–verb) е еден од збороредите кои се среќаваат во разни јазици во светот. Според овој редослед, на прво место во реченицата се наоѓа предмет, а потоа следува подметот или лицето и на крај доаѓа прирокот или глаголот. Пример за овој редослед е реченицата „Јаболко Томе јаде.“
збороред | македонски пример |
застапеност кај јазиците[1][2] |
јазици | |
---|---|---|---|---|
SOV | Томе писмо носи. | 45% | хинди, јапонски, латински | |
SVO | Томе носи писмо. | 42% | македонски, англиски, кинески | |
VSO | Носи Томе писмо. | 9% | хебрејски, ирски, запотечки | |
VOS | Носи писмо Томе. | 3% | фиџиски, малгашки | |
OVS | Писмо носи Томе. | 1% | апалајски, тамилски | |
OSV | Писмо Томе носи. | 0% | јамамадиски, вараоански |
Јазиви со редослед OSV
уредиОвој редослед на зборовите е најслабо застапен меѓу јазиците. Повеќето од јазиците каде овој редослед е стандардна појава се од Амазонија, како што се шавантиски, јамамадискиот, апурињскиот, кајапскиот или надепскиот јазик.[3]
Апурињски пример:[3]:
anana nota apa ананас јас носам Јас носам ананас.
Овој редослед на зборовите може понекогаш да се сретне и кај останатите јазици, меѓу кои и македонскиот, за да се долови некоја стилска, граматичка или синтаксна форма.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Introducing English Linguistics International Student Edition by Charles F. Meyer
- ↑ Russell Tomlin, "Basic Word Order: Functional Principles", Croom Helm, London, 1986, page 22
- ↑ 3,0 3,1 O'Grady, W. et al Contemporary Linguistics (3rd edition, 1996) ISBN 0-582-24691-1
Оваа статија од областа на лингвистиката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |