Предмет-прирок-подмет
Предмет-прирок-подмет (меѓ. крат. OVS, од анг. object–verb–subject) е еден од видовите на зборореди во реченицата. Овој збороред е меѓу послабо застапените меѓу јазиците. Пример за ваков редослед е реченицата: „Јаболко јаде Томе.“
збороред | македонски пример |
застапеност кај јазиците[1][2] |
јазици | |
---|---|---|---|---|
SOV | Томе писмо носи. | 45% | хинди, јапонски, латински | |
SVO | Томе носи писмо. | 42% | македонски, англиски, кинески | |
VSO | Носи Томе писмо. | 9% | хебрејски, ирски, запотечки | |
VOS | Носи писмо Томе. | 3% | фиџиски, малгашки | |
OVS | Писмо носи Томе. | 1% | апалајски, тамилски | |
OSV | Писмо Томе носи. | 0% | јамамадиски, вараоански |
Класификација
уредиОвој збороред се нарекува „предмет-прирок-подмет“ бидејќи најчесто кај овие јазици на прво место се наоѓа предметот, кој е проследен од глаголот и лицето кое го врши дејството. Ваквиот редослед во македонскиот скоро и да не се користи. Јазици кои го користат овој редослед се тамилскиот јазик, ураринскиот, хишкарјанскиот и други.
Наводи
уреди- ↑ Introducing English Linguistics International Student Edition by Charles F. Meyer
- ↑ Russell Tomlin, "Basic Word Order: Functional Principles", Croom Helm, London, 1986, page 22
Поврзано
уредиОваа статија од областа на лингвистиката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |