V1191 Лебед
V1191 Лебед — променлива ѕвезда со ознака за контактно двоен ѕвезден систем во соѕвездието Лебед.[12] Првпат било забележано дека е променлива ѕвезда во 1965 година, односно станува збор за променлива ѕвезда од типот на W Голема Мечка со максимална величина од 10,82. Се намалува за 0,33 величини за време на примарните затемнувања со период од 0,3134 денови, додека пак при второто затемнување се намалува за 0,29 величини.[10] Примарната ѕвезда, којае поладна ѕвезда, припаѓа на спектралниот тип F6V, додека пак секундарната е малку поладна и е од спектрален тип G5V.[3] Со маса од 1,29 сончеви маси и сјајност 2,71 од сончевата сјајност односно таа е малу помасивна и посјајна од Сонцето, додека пак секундарната е за 1/10 од масата и има сјајност половина од онаа на Сонцето. Со раздвоеност од 2,20 сончеви полупречници, преносот на маса е околу 2×10−7 сончеви маси годишно од секундарната кон примарната ѕвезда и е еден од најмасивните преноси на маса кој е досега познат за систем од овој тип.[9]
V1191 Лебед е променлива ѕвезда од типот W UMa,[7] што значи дека првичното затемнување се случува кога помалку масивната составница е затемнета од поголемата, помасивна составница, иако масите се невообичаено различни за овие системи.[13] Моменталниот период е многу краток за ваквиот систем од овој спектрален тип, навестувајќи дека ѕвездите се релативно мали за нивната маса и старост,[13] што најверојатно изнесува 3,85 милијарди години.[11] Орбиталниот период се зголемува со чекор од 4×10−7 денови годишно, еден од најголемите познати чекори помеѓу контактно двојните системи,[7] што се должи најверојатно на високиот чекор на трансфер на маса. Како дополнение на зголемувањето на периодот, постои циклична периодична промена од 0,023 денови во текот на 26,7 години, предизвикано најверојатно од трето тело со маса од 0,77 сончеви маси или пак од циклусите на магнетна активност. Преносот на маса најверојатно еден ден ќе придонесе системот да прерасне во единствена ѕвезда со голема вртежна брзина.[12]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Hog, E.; Kuzmin, A.; Bastian, U.; Fabricius, C.; Kuimov, K.; Lindegren, L.; Makarov, V. V.; Roeser, S. (1998). „The TYCHO Reference Catalogue“. Astronomy and Astrophysics. 335: L65. Bibcode:1998A&A...335L..65H.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Høg, E.; и др. (March 2000). „The Tycho-2 catalogue of the 2.5 million brightest stars“. Astronomy and Astrophysics. 355: L27–L30. Bibcode:2000A&A...355L..27H. doi:10.1888/0333750888/2862.
- ↑ 3,0 3,1 „Eclipsing variables: Catalogue and classification“. Astronomische Nachrichten. 334: 860–865. Bibcode:2013AN....334..860A. doi:10.1002/asna.201311942.
- ↑ . Bibcode:2008KFNT...24..480I. Наводот journal бара
|journal=
(help); Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ „TASS Mark IV Photometric Survey of the Northern Sky“. Publications of the Astronomical Society of the Pacific. 118: 1666–1678. arXiv:astro-ph/0610529. Bibcode:2006PASP..118.1666D. doi:10.1086/510197.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Cutri, R. M.; Skrutskie, M. F.; Van Dyk, S.; Beichman, C. A.; Carpenter, J. M.; Chester, T.; Cambresy, L.; Evans, T.; Fowler, J.; Gizis, J.; Howard, E.; Huchra, J.; Jarrett, T.; Kopan, E. L.; Kirkpatrick, J. D.; Light, R. M.; Marsh, K. A.; McCallon, H.; Schneider, S.; Stiening, R.; Sykes, M.; Weinberg, M.; Wheaton, W. A.; Wheelock, S.; Zacarias, N. (2003). „VizieR Online Data Catalog: 2MASS All-Sky Catalog of Point Sources (Cutri+ 2003)“. VizieR On-line Data Catalog: II/246. Originally published in: University of Massachusetts and Infrared Processing and Analysis Center. 2246: 0. Bibcode:2003yCat.2246....0C.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 Pribulla, T.; Vaňko, M.; Chochol, D. R.; Parimucha, Š.; Baluďanský, D. (2005). „Ccd Photometry of the Neglected Contact Binaries V344 Lac and V1191 Cyg“. Astrophysics and Space Science. 296: 281–284. Bibcode:2005Ap&SS.296..281P. doi:10.1007/s10509-005-4831-2.
- ↑ Mayer, P (1965). „Two new variable stars in the Cygnus“. Bulletin of the Astronomical Institute of Czechoslovakia. 16: 255–256. Bibcode:1965BAICz..16..255M.
- ↑ 9,00 9,01 9,02 9,03 9,04 9,05 9,06 9,07 9,08 9,09 9,10 9,11 9,12 9,13 Ulaş, B.; Kalomeni, B.; Keskin, V.; Köse, O.; Yakut, K. (2012). „Marginally low mass ratio close binary system V1191 Cyg“. New Astronomy. 17: 46–49. arXiv:1107.0277. Bibcode:2012NewA...17...46U. doi:10.1016/j.newast.2011.06.002.
- ↑ 10,0 10,1 „A catalogue of eclipsing variables“. Astronomy and Astrophysics. 446: 785–789. Bibcode:2006A&A...446..785M. doi:10.1051/0004-6361:20053137.
- ↑ 11,0 11,1 11,2 11,3 Yildiz, M. (2013). „Origin of W UMa-type contact binaries - age and orbital evolution“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 437: 185–194. arXiv:1310.5526. Bibcode:2014MNRAS.437..185Y. doi:10.1093/mnras/stt1874.
- ↑ 12,0 12,1 Zhu, L. Y.; Qian, S. B.; Soonthornthum, B.; He, J. J.; Liu, L. (2011). „Deep, Low Mass Ratio Overcontact Binary Systems. Xi. V1191 Cygni“. The Astronomical Journal. 142 (4): 124. Bibcode:2011AJ....142..124Z. doi:10.1088/0004-6256/142/4/124.
- ↑ 13,0 13,1 Rucinski, S. M.; Pribulla, T.; Mochnacki, S. W.; Liokumovich, E.; Lu, W.; Debond, H.; De Ridder, A.; Karmo, T.; Rock, M.; Thomson, J. R.; Ogłoza, W.; Kaminski, K.; Ligeza, P. (2008). „Radial Velocity Studies of Close Binary Stars. Xiii“. The Astronomical Journal. 136 (2): 586–593. arXiv:0805.1695. Bibcode:2008AJ....136..586R. doi:10.1088/0004-6256/136/2/586.