Циметна мечка

подвид на американската црна мечка
(Пренасочено од Ursus americanus cinnamomum)
Циметна мечка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Carnivora
Семејство: Ursidae
Род: Ursus
Вид: Ursus americanus
Триномен назив
Ursus americanus cinnamomum
Audubon and Bachman, 1854

Циметна мечка (науч. Ursus americanus cinnamomum) — подвид на американската црна мечка. Единствената голема разлика е бојата на крзното, кое кај оваа мечка има црвеникаво-кафеавкаста боја, по што и го добила името (cinnamon значи цимет).

И оваа мечка е сештојад, односно се храни претежно со храна од растително потекло како лешници, ореви, плодови, но понекогаш и со мед, инсекти, риба, мали глодачи или мрша.

Живеалиште

уреди

Овие мечки живеат во југозападна Канада и во северозападниот дел на САД, источен Вашингтон, источен Орегон, Ајдахо, западна Монтана, западен Вајоминг, источно Колорадо и североисточна Јута[1], односно региони со сува клима. Американските мечки кои живеат во региони со поголема влажност, најчесто имаат црна боја на крзното.

Размножување

уреди

Женките достигнуваат полова зрелост на 4-5 годишна возраст, додека мажјаците на 5-6. Сезоната на парење најчесто е од јуни до средината на јули. Периодот на бременост е околу 7 месеци. Како кај повеќето мечки и кај овие има задоцнета имплантација на оплодената јајце-клетка, со што и се дава време на мајката да наталожи доволно масти за неа и за развитокот на младенчето за време на зимата, односно за време на хибернацијата[2]. Младите се раѓаат во јануари или февруари, и остануваат со мајката околу 17 месеци.

Наводи

уреди
  1. "Range" in seaworld.org
  2. „Cinnamon bear“. Архивирано од изворникот на 2009-05-14. Посетено на 2008-11-19.