Филаделфија

(Пренасочено од Philadelphia)

Филаделфија (англиски: Philadelphia) — најголемиот град во сојузната држава Пенсилванија, втор по големина на источниот брег на Соединетите Држави и петти најнаселен град во Соединетите Држави. Се наоѓа во североисточниот дел на Соединетите Држави преку Делавер и рекире Скукил и е единствен консолидиран град-област во Пенсилванија. Со пописот направен во 2010 година,, граот има население од 1 526 006. Филаделфија е економски и културен центар на долината Делавер, дом на 6 милиони луѓе и петта најголема метрополска област во државата. Поделеноста на Филаделфија се состои од пет држави во Пенсилванија и има население од 4 008 994. Популарен прекар на Филаделфија е Фили Градот на Братската љубов, подоцна, кој произлегува од литературното значење на името на градот на грчки.

Филаделфија
Philadelphia
град-округ
Статуата на Бенџамин Френклин, Ѕвоното на слободата, Филаделфискиот ликовен музеј, Градскиот дом и Салата на независноста
Знаме на ФиладелфијаАмблем на Филаделфија
Амблем
Местоположба на Филаделфија
Филаделфија is located in САД
Филаделфија
Филаделфија
Местоположба во САД
Координати: 39°57′N 75°10′W / 39.950° СГШ; 75.167° ЗГД / 39.950; -75.167
Земја САД
Сој. држава Пенсилванија
Округ Филаделфија
Пор. колонија Пенсилванија
Основана27 октомври 1682
Градски статус25 октомври 1701
ОсновачВилијам Пен
Управа
 • ВидГрадоначалник-совет
 • ОрганГрадски совет
 • ГрадоначалникМајкл Натер (Д)
Површина
 • град-округ367 км2 (141,6 ми2)
 • Земјишна347,3 км2 (134,1[1] ми2)
 • Вода19,4 км2 (7,5 ми2)
 • Градска4.660,5 км2 (1.799,5 ми2)
 • Метро11.988,6 км2 (4.629 ми2)
Надм. вис.&1000000000000001200000012 м
Население (2014)[2]
 • град-округ1,560,297
 • РангV во САД
 • Густина4,492,4/км2 (11,635,3/ми2)
 • Метро6,051,170
 • CSA7,164,790
Час. појасEST (UTC-5)
 • Лето (ЛСВ)EDT (UTC-4)
Пошт. бр.191xx
Повик. бр.215, 267
FIPS42101 (округ) [3]
GNIS1215531[4]
Мреж. местоphila.gov

Во 1682 година, Вилијам Пен го основал градот за да служи како главен град на Колонијата на Пенсилванија. Од 1750 година го помина Бостон и стана најголемиот град и најпрометниот дел во Британска Америка и втор во Британската Империја, по Лондон. За време на Американската револуција, Филаделфија играше инструментална улога како место за средби на основоположувачите на Соединетите Држави кои ја потпишаа Декларацијата за Независност во 1776 година и Уставот во 1787 година. Филаделфија беше единсвениот главен град за време на Револуционерната Војна и градот служеше како привремен американски главен град додека Вашонгтон ДЦ беше во изградба. За време на XIX век, Филаделфија стана главен индустриски и железнички центар којшто прерасна од страна на европските имигранти. Стана прво одредиште а африканските американци за време на Големтата Преселба и се населија околу два милиони во 1950 година.

Историја на Филаделфија

уреди

Пред доаѓањето на европејците, областа Филаделфија била дом на Индијанци од Делавер во селото Шакамаксон. Европејците се населиле во долината Делавер во раниот XVII век, со првите населби основани од Холанѓаните кои во 1623 година го изградиле упориштето Насау на реката Делавер на спротивна страна на реката Скуикл на која сега е Бруклон, Њу Џерси. Холанѓаните сметале дека целата долина на реката Делавер ќе биде дел од нивната Нова холандска колонија. Во 1623 година, шведски доселеници предводени од одметнати холанѓани ја основале колонијата на Нова Шведска и Кристина Форт (денес во Вилмингтон, Делавер) и брзо ја распространиле на долината. Во 1644 година, Нова Шведска ги поддржа „Susquehannocks‟ во нивниот воен напад врз англиската колонија во Мериленд. Во 1684 година, Холанѓаните го изградиле упориштето Беверсреде на западниот дел на Делавер, јужно од Скуикл во близина на сегашен Иствик во Филаделфија, да ја рестартираат нивната доминација над областа. Швеѓаните возвратиле со изградба на Нов Корсхолм именуван по градот којшто сега е во Финска. Во 1655 година, холандскиот воен поход предводена од нов норвешки директор-генерал Петар Стујвесант којшто ја презел контролата врз Шведската Колонија, завршувајќи го неговото барање до независност, иако шведските и финските доселеници продолжиле да имаат своја милиција, религија и суд,а и да уживаат во значителна автономија над холанѓаните. Англичанитеја ја освоиле колонијата Нова Холандија во 1664 година, но ситуацијата баш и не се променила до 1682 година кога областа се вклучила во повелбата на Вилијам Пен.

Во 1681 година, во делумната отплата на долгот, англискиот крал Чарлс II и ја доделил повелбата Вилијам Пен со која Пенсилванија станала колонија. И покрај кралската повелба, Пен купил земјшите од локалниот „Lenape” за да биде во добри однси со домородните Американци и да обезбеди мир во неговата колонија. СПоред легендата, Пен направи спогодба од пријателство со предводникот на „Lenape” – Тамани под брезата на Шашкамаксон во тоа што сега е Фиштаун. Пен ја нарекол Филаделфија, чие име е грчки израз за братска љубов (од филос што значи љубов и од пријателство и аделофс брат) . Како квекер, Пен доживеал религиозно протерување затоа што посакувал својата колонија да биде место каде секој ќе може да се моли слободно.

Оваа толерантност , многу повеќе дозволена од страна на повеќе колонии, доведе до подобри односи со локалните и домородни племиња и доведе до брз раст на Филаделфија во најважен американски град кој бил под британска власт. Пен замислил град на реката Делавер кој ќе служи како место за влада. Надевајќи се дека Филаделдија ќе прерасне повеќе како англиски рурален град наместо во метропола, Пен изложил патишта на мрежи со цел да ги зачува куќите и бизнисите проширени далеку , со области за градини и овоштарници. Жителите на градот не го следеле плановите на Пен и како тие се собирале покрај реката Делавер на пристаништето ги разделиле и поделиле нивните имоти. Пред Пен да ја напушти Филаделфија за последен пат, тој ја издал Повелбата од 1701 година , воспоставувајќи го како град. Филаделфија станала многу важен трговски центар, сиромашните во прв, но сепак во задоволителни услови за живот од 1750-те. Бенџамин Франкли, водечки граѓанин, помогнал да се подобрат градските услуги и да се пронајдат нови, како противпожарна заштита, библиотека и една од првите болници во американските колонии.

Голем број на важни филозофски општества биле оформени, кои биле центри на интелектуалниот живот на фрадот : Општество за промовирање на земјоделството во Филаделфија (1785 година), Општество за поттикнување на производство на корисни уметности (1787 година), Академијата за Природни Науки (1812 година) и Институтот Франклин (1824 година)- Овие општества работеле за да се развијат и финансираат нови индустри и да се привлечат имигрнти од Европа со кфалификувани познавања.

Важноста на Филаделфија и централната локација во колониите ја направи домашен центар за американските револуционери. Градот го пречекал Првиот Континентален Конгрес пред војната, Вториот Континентален Конгрес кој ја потпишал Декларација за независност на Соединетите Држави за време на војната и Уставната Конвенција (во 1787 година) по војната. Неколку битки се одиграле во и блиску во Филаделфија, исто така.

Филаделфија служела како привремен главен град на Соединетите Американски Држави од 1790 до 1800 година, додека пак Сојузниот (федерален) град бил во изградба во областа на Колумбија. Во 1793 година, најголемата жолта треска во историјата на САД убила најмалку 4000 до 5000 луѓе во Филаделфија, приближно 10 % од населението на градот. Државната власт ја напуштила Филаделфија во 1799 година и федералната влада беше преместена во градот Вашингтон во 1800 година заедно со таа на „Белата Куќа“ и „Капитол“. Градот останал најмладата област со околу 50,000 жители на почетокот на XIX век,а исто така бил и финансиски и културен центар. Пред 1800 година, една црнечка заедница ја основала африканско медодоистичко бискупска црква, прво независно црнечко движење во земјата и прва црнечка бискупска црква. Независната црнечка заедница исто така основала многу училишта за нивните деца, со помош од квакерите. Њујорк многу скоро ја надминал Филаделфија во бројот на населението, но со изградбата на патиштата, каналите и железниците, Филаделфија станала првиот голем индустриски град во Соединетите Држави.

Во текот на XIX век, Филаделфија имала различни индустрии и бизниси, најголемата била текстилната индустрија. Големите корпорации во XIX и почетокот на XX век ја вклучила работата на локомотивата „Болдвин“, бродот на Вилијам Крамп и неговите синови , градежната компанија и железницата во Пенсилванија. Индустријата заедно со стогодишнината на Соединетите Држави била прославена во 1876 година со Стогодишната Експозиција, првиот официјален Светски Саем во САД. Имигрантите, во поголем број Ирци и Германци, се населиле во Филаделфија и околните области. Зголемувањето на населението на околните области помогнало да се донесе Актот на Консолидација во 1854 година каде што се барало градот на Филаделфија да ја вклучи целата област на Филаделфија. Градот бил одредиште на илјадници ирски имигранти бегајќи од „Големата глад“ во 1840-тите, вдомувањето за нив било развиено јужно од „Јужната улица“ и подоцна била окупирана од други имигранти. Тие развиле мрежа на Католички цркви и училишта и Католичкото свештенство доминирало со децении. Во подоцнежната половина на векот, имигрантите од Русија, Источна Европа и Италија и жителите со црнечко потекло од јужниот дел на САД се доселиле во градот. Помеѓу 1880 и 1930 година, Африканското население на Филаделфија се зголемило од 31 699 до 219 559 жители. Во XX век нови дојденци од црната раса биле дел од „Големата имиграција“ надвор од руралниот југ до север и средно - индустриските градови.

Од XX век, Филаделфија станала позната како „корумпиран и задоволен” град со безгрижно население и вградливи републиканско – политички машини. Првата голема реформа се случила во 1917 година кога во изборната година се случило убиство на полициски офицер и довело до пад на Советот на Филаделфија и од две "Куќи" да остане само една. Во Јули 1919 година, Филаделфија била еден од 36те индустриски градови кои на национално ниво страдале од етнички немири предизвикани од белците врз црнците за време на „Црвеното Лето“ во повоениот период од Првата светска војна кога новодојдените имигранти се натпреварувале со црнците за работа. Во 1920-тите, јавното непочитување на „Забранетите закони“, мобилното насилство и полициската вмешаност во нелегални активности довеле до назначување на бригадир-генералот Смедли Батлер на маринците на САД како директор за јавна безбедност, но политичкиот притисок спречил долгорочен успех борбата против криминалот и корупцијата.

Во 1940 година, нехиспанското бело население било конституирано со 86.8% од градското население. Населението достигнало повеќе од два милиони жители во 1950 година, па потоа почнало да опаѓа со повторно реструкирање на индустријата која довела до опаѓање на повеќе средни работни класи. Покрај тоа, провинцијалците не биле вметнати со побогатите жители барајќи нови живеалишта. Ревитализацијата и гестирификацијата на населби започнала во доцните 1970-ти години и продожила во XXI век со голем развој на центарот на градот и Универзитетските области на градот. Откако многу од производителите и бизнисите ја напуштиле Филаделфија или пак ја исклучиле, градот започнал со привлекување на бизнис услуги и почнал поагресивно да се промовира себеси како туристичко одредиште. Облакодери од стакло и гранит биле изградени во Центарот на градот. Историските области како „Националниот Историски Парк“ кој е сместен во стариот град и „Општестовото Хил“ биле обновени за време на реформистичко градоначалничка ера од 1950-тите до 1980-тите. Тие сега, се помеѓу најпосакуваните области за живеење во центарот на градот. Ова ја забавило 40 годишната популација откако изгуби скоро четвртина од своето население. Градот привлекол многу новодојдени имигранти како Хиспанците од Централна и Јужна Америка и бегалци од Азија, Виетнам и Камбоџа. Образованите Азијци од Индија имаале тенденција да се населат во предградијата на други средни или повисоки класи на луѓе.

Економија

уреди

Филаделфија се префрли на информациски и услуги засновани во економијата. Финанските активности се за сметка на најголемиот сектор на метро економијата и е еден од најголемите центри за здравство и центар за истражувања во СОединетите Држави. Историјата на Филаделфија привлекува многу туристи. Ѕвоното на Слободата привлече повеќе од 2 милиони посетители во 2010 година. Во Долината Делавер се наоѓаат седиштата на дванаесет компании, од кои четири од нив се во самиот град Филаделфија. Со бруто-домашен производ од 388 билиони долари, Филаделфија е рангирана на деветто место помеѓу светските градови и четврта во нацијата. Градот исто така е четврт најголем медиа маркет, рангиран од страна на„ Nielsen Media Research”.

Уметност, култура и кујна

уреди

Филаделфија е позната по својата уметност и култура. Сендвичот со стек и сирење и мекиот перек се симболични за кујната на Филаделфија, која е обликувана од етничкиот микс во градот. Градот има повеќе надворешни скулптури и фрески од кој било американски град и „Philadelphia's Fairmount Park” е најголем простран урбан парк во светот. Генеритрификацијата (процес во кој се рушат зградите на посиромашните луѓе и се преобновуваат во луксузни згради или објекти) на соседствата во Филаделфија продолжува во XXI век и градот има промени низ своите децении каде населението има многу изгубено.

Поврзано

уреди

Филаделфија како тема во уметноста и во популарната култура

уреди

Наводи

уреди
  1. Source U.S. Census Bureau: State and County QuickFacts. Data derived from Population Estimates, American Community Survey, Census of Population and Housing, State and County Housing Unit Estimates, County Business Patterns, Nonemployer Statistics, Economic Census, Survey of Business Owners, Building Permits.
  2. „Annual Estimates of the Resident Population: April 1, 2010 to July 1, 2014 - 2014 Population Estimates“. United States Census Bureau. Архивирано од изворникот на 2015-03-31. Посетено на March 26, 2015.
  3. „Округ Филаделфија, Пенсилванија“. Пописно биро на САД. Архивирано од изворникот на 2011-08-01. Посетено на February 2, 2015. (англиски)
  4. „Одбор за географски називи на САД“. Геолошки топографски институт на САД. February 2, 2015. Архивирано од изворникот на 2023-10-27. Посетено на January 31, 2008. (англиски)
  5. DISCOGS, Magazine ‎– The Correct Use Of Soap (пристапено на 25.3.2018)
  6. Discogs, Darkwood Dub ‎– U Nedogled (пристапено на 20.11.2021)
  7. YouTube, Obojeni program - Najvažnije je biti zdrav (пристапено на 21.10.2021)
  8. IMDb, Philadelphia (1993) (пристапено на 25.3.2018)

Надворешни врски

уреди