Ѕвоно на слободата

Ѕвоното на слободата е исконски симбол на американската независност, кој се наоѓа во Филаделфија, Пенсилванија. Порано поставен на кулата на Државната куќа на Пенсилванија ( сега преименувана во “Independence Hall‘‘), ѕвоното е направено од лондонската леарница на Лестер и Пак (анг. Lester and Pack –денес преименувана во Whitechapel Bell Foundry) во 1752 година и беше испишано со букви (дел од Левит 25:10) „Прогласете СЛОБОДА низ целата земја и сите жители во неа‟. Првично проѕвони кога за првпат пристигнаа во Филаделфија,а двапати проработи од страна на локалните работници Џон Пас и Џон Стоу чии презимиња се наоѓаат на ѕвоното. Во своите рани години ѕвоното беше користено за да се повикуваат законодавците и законодавни заседавања за да се предупредат граѓаните за јавни средби и прокламации.

Ѕвоно на слободата 2017 година

Непосредна прокламација од гласовите на Вториот Континентален Конгрес за независност не била направна и на тој начин ѕвоното не заѕвони на 4 јули 1776 година барем не за каква било причина во врска со тоа гласање. Ѕвона ѕвонеа за да го одбележат читањето на Декларацијата за Независност на 8 јули 1776 година и иако не постои доказ дека имало проѕвонување на ѕвоното за слобода, повеќето историчари верувале дека сепак едно од ѕвоната проѕвонело. Откако американската независност беше обезбедена, ѕвоното остана во анонимност неколку години. Во 1830-тите ѕвоното беше усвоено како симбол од страна на аболициностичките општества коишто го надзинхронизираа во „Ѕвоно на слобода”. Својата карактеристична пукнатина ја добило некаде во почетокот на 19 век – широкораспространети приказни тврдат дека тоа испукало додека ѕвонело за време на смртта на врховниот судија Џон Маршал во 1835 година.

Ѕвоното станало познато по краткиот расказ во 1847 година кој тврдеше дека еде стар ѕвонар го проѕвонел на 4 јули 1776 година по сослушувањето на гласањето на Вториот Контитентален Конгрес за независност. И покрај фактот дека ѕвоното не заѕвонило за независност на тој 4 Јули приказната беше широко прифатена како факт, дури и од страна на некои историчари. Со почеток на 1885 година, градот Филаделфија која што го поседува ѕвоното дозволи да биде на различни изложби и патриотски собири. Ѕвоното привлече голем број луѓе каде и да беше однесено и се здоби со дополнителни напукнувања и беа оштетени повеќе делови од страна на уништувачи на сувенири. Последен пат тоа се случи во 1915 година по што градот одби понатамошни барања.

По Втората светска војна, градот и дозволи на Националната парк служба да го преземе надзорот на ѕвоното, задржувајќи сопственост. Ѕвоното се користело како симбол на слобода за време на Студената Војна и беше популарно место за протестите во 1960-тите . Беше преместено од својот долгогодишен дом во „Салата за Независност‟ (анг. Independence Hall) во близина ,во стаклениот павилјон на трговскиот центар „Независност” во 1976 година, а потоа и во павилјонот на поголемиот центар „Ѕвоно на Слободата ‟ во непосредна близина , во 2003 година. На ѕвоното е пишувано со монети и поштенски марки и неговото име и слика е видно користена од страна на здруженијата.

Пронаоѓање (1751–1753)

уреди

Градското ѕвоно на Филаделфија се користело за да ја предупреди јавноста за прокламации или граѓанска опасност, од основањето на градот во 1682 година. Оригиналното ѕвоно обесено на дрво позади Државната куќа на Пенсилванија (сега позната како Сала за Независност) за кое беше кажано дека било донесено во градот од неговиот основач Вилијам Пен. Во 1751 година со изградбата на камбанаријата во Државната куќа на Пенсилванија, граѓанските власти побараа ѕвоно со подобар квалитет кое што ќе може да се чуе на поголема далечина во брзо проширениот град. Исак Норис, претседателот на Провинциското собрание на Пенсилванија даде наредби на застапникот на колонијата во Лондон – Роберт Чарлс да набави „добро ѕвоно тешко околу 2000 паунди”.

„Се надеваме и потпираме на нивната грижа и помош во оваа работа и дека ќе биде проследена од страна на првите добра како што нашите работници не известија и дека ќе нема поголеми незгоди за да се обеси ѕвоното пред нивните скелети да бидат удрени од зградата каде што имаат намера да го постават, кое што нема да биде завршено сè до крајот на следното лето или почетокот на есента. Ѕвоното нека биде поставено од страна на најдобрите работници и внимателно испитано, зборовите добро обликувани на него. По наредба на Собранието на провинцијата во Пенсилванија за државната куќа во градот Филада во 1752 година и под Прокламацијата за Слобода низ целата земја и сите жители во неа .‟ -Левит XXV.

Чарлс прописно го порача ѕвоното од Томас Лестер од лондонската фирма за производство на ѕвона „Лестер и Пак” (денес “the Whitechapel Bell Foundry”) по цена од 150 фунти, 13пени и 8 дајмс ( денес еднакво на 20 176,02 фунти) вклучувајќи го пренесувањето и осигурувањето до Филаделфија. Ѕвоното пристигна во август 1752 година. Норис му напиша на Чарлс дека ѕвоното е во добра состојба, но дека тие сè уште го немале чуено затоа што истовремено правеле часовник за кулата на Државната куќа. Ѕвоното било ставено на држач за да го тестираат звукот и со првото негово заѕвонување, еден од рабовите бил разбиен. Епизодата ќе се користи за добра сметка во понатамошните приказни за ѕвоното. Во 1893 година поранешниот претседател Бенџамин Харисон, говорејќи како ѕвоното помина низ Индијанаполис, тој изјави : „ова старо ѕвоно беше направено во Англија, но мора одново да биде променето во Америка пред да се наштима за проглсување на правото на самоуправа и еднаквите права на мажите.” Властите во Филаделфија се обидоа да го вратат со брод, но мајсторот на бродот не беше во можност да го земе на бродот.

Два локални основачи Џон Пас и Џон Сту се понудија да го променат ѕвоното. Иако тие не беа искусни во леење на ѕвона, Пас се насочи кон ‘‘Mount Holly Iron Foundry‘‘ (леарница) во соседството во Њу Џерси и дојдоа од Малта, кои имаа традиција за леење на ѕвоно. Сту, од друга страна беше само 4 години отсутен од неговото учење занает како месинг основач. Во леарницата на Стоу на Втората Улица, ѕвоното беше искршено на мали парчиња, стопени и излеани во ново ѕвоно. Двајцата основачи одлучија дека металот бил многу кршлив и го надоплнија металот на ѕвоното со околу 10 проценти бакар. Ѕвоното беше готово на 1 март 1753 година и Норис објави дека насловот ( каде се вклучени и буквите на основачите и годината) беа дури и почитки на новото ѕвоно отоколку на старото.

Градските власти закажаа јавна прослава со бесплатна храна и пијалак за теситрање на одново направеното ѕвоно. Кога ѕвоното беше удрено, не се распарчи туку звукот беше опишан од еден слушател како две канти за јаглен да биле треснати заедно. Исмејувани од страна на толпата, Пас и Стоу набрзина го земаа ѕвоното назад на преработка. Кога производот на обновените напори на двајцата основачи беше повторно донесен во јуни 1753 година, звукот бил задоволувачки иако Норис лично укажал на тоа дека нему не му се допаѓа. Ѕвоното било закачено на кулата на Државната куќа истиот месец.

Причината за тешкотиите со ѕвоното не е позната. Леарницата Вајтшапел (“The Whitechapel Foundry”) и денес сè уште во бизнисот зазема став дека ѕвоното или било оштетено во преносот или скршено од неискусниот ѕвонар кој необомислено го залетал чукалото врз работ наместо на телото на ѕвоното. Во 1975 година. Винтертур музејот спроведе анализа на металот на ѕвоното и се дошло до заклучок дека „ серија грешки биле направени во изградбата, реконструкцијата и втората реконструкција на ѕвоното резултирала во кршливо ѕвоно кое што едвај одбегна да биде во растурените отпадоци.‟ Музејот откри значително повисоко ниво на калај во ѕвоното за слобода од другите ѕвона на леарницата Вајтшапел во таа ера и претпоставува дека Вајтшапел направила грешка во легурата најверојато користејќи делови со високо ниво на калај отколку вообичаениот чист бакар. Анализата покажа дека на второто обновување наместо да се додаде чист калај во металот на ѕвоното, Пас и Стоу додале поевтина легура од калај и нецелосно ја измешале со нов метал во калапот. Резултатот бил „екстремно кршлива легура која не само што предизвика ѕвоното да не проѕвони туку и го олесни почетокот на колекторите за сувенири да одземе значителни делови од рамката‟.

Почетоци (1754 -1846)

уреди

Незадоволен од ѕвоното, Норис му налага на Чарлс да нарача второ и да види дали Лестер и Пак ќе го земат назад првото и да ја одобрат вредноста на металот преку сметката. Во 1754 година, Собранието реши да ги зачува двете ѕвона – новото беше прикачено на кулата часовник, додека пак старото по пат на гласање на Собранието е посветено „за такви употреби кои куќата може понатаму да ги назначи ” . Еден од најстарите документирани објаснувања за употребата на ѕвоното се во писмото на Бенџамин Фраклин до Кетрин Реј, адресирано во октомври, 1755 година.

„Збогум. Ѕвоното заѕвони и јас морам да одам до оние задргобните и да зборувам политика‟ .

Ѕвоното беше заѕвонето во 1760 година за да го одбележи пристапувањето на престолот на Џорџ III .Во раните 1760-ти, Собранието и дозволи на локалната црква да ја користи Државната куќа за услуги и ѕвоното за да ги повикува верниците, додека зградата на црквата беше во изградба. Ѕвоното исто така беше користено да ги повикува луѓето на јавни средби и во 1772 година група на граѓани се пожали на Собранието дека ѕвоното многу често ѕвонело.

И покрај легендите кои произлегле за ѕвоното на слободата, не заѕвонело на 4 Јули 1776 ( барем не за каква било причина поврзана со слободата), како што немало јавна најава за Декларацијата на Независноста. Кога Декларацијата за Независност била јавно прочитана на 8 јули 1776 година ѕвонеле ѕвона и додека нема посебен доказ дека ова типично ѕвоно ѕвонело, повеќе органи на власта се сложуваат дека Ѕвоното на слободата било помеѓу оние ѕвона кои ѕвонеле. Сепак, има шанси дека слабите услови на ѕвоното на Државната куќа го спречија ѕвоното да ѕвони. Според Џон Ц.Пејџ кој напишал историски труд за ѕвоното на Националната парк служба - „ Ние не знаеме дали кулата била доволно цврста за да овозможи ѕвоното на Државната куќа да ѕвони на овој ден. Доколу тоа би можело да ѕвони, можеме да претпоставиме дека ѕвонело. Дали ѕвонело или не, тоа ги симболизира сите ѕвона кои ѕвонеа кога Соединетите Држави ја прогласија независноста”.

Доколку ѕвоното ѕвонело, најверојатно било проѕвонето од Андру МкНер кој беше чувар на Собранието и Конгресот и беше одговорен за ѕвонење на ѕвоното. Како МкНер бешше отсутен на два неопределени денови помеѓу април и ноември, најверојатно било ѕвонето од Вилијам Хари кој го одредил него како чувар за Конгресот. Ѕвона ѕвонеа и да ја означат првата годишнина од независноста на 4 јули 1777 година.

По поразот на Вашингтон во Битката кај Брендвајн на 11 септември 1777 година, револуционерниот град Филаделфија беше беспомошен и градот се подготви за она што беше видено како неизбежен Британски напад. Ѕвона можеа лесно да се преработат во муниција и граѓаните се плаша дека Ѕвоното на слободата и другите ѕвона ќе ги снајде оваа судбина. Ѕвоното набрзина било симнато од кулата и испратено во возно купе под големо обезбедување до градот Бетелем. Локалните возачи го пренеле ѕвоното во Зион германско реформираната црква во Нортемптон, сега Елентаун каде што надвор ја чекале Британската окупација позади лажен ѕид. Беше вратено во Филаделфија во јуни, 1778 година по заминувањето на Британците. Со слабите услови на кулата на Државната куќа (кулата била потоа срушена,а подоцна обновена), ѕвоното било поставено во склад и било таму сè до повторното поставување во 1785 година.

Ставено на горниот спрат на Државната куќа, ѕвоното ѕвонело во раните години од независноста на Четврти јулии на роденденот на Вашингтон, како и на денот на изборите за да ги потсети гасачите да го дадат својот глас. Исто така за да ги потсети студентите на Универзитетот во Пенсилванија за нивните часеви во близината на Филозофската сала. Сè до 1799 година кога главниот град на државата беше преместен во Ленчестер, повторно заѕвони да ги потсети законодавците за заседание. Кога државата Пенсилванија немала повеќе потреба од Државната куќа, предложила да се сруши и да го продаде земјиштето, градот Филаделфија го купил земјиштето заедно со зградата, вклучувајќи го и ѕвоното за 70 000 долари, денес за 958.588 долари. Во 1828 година градот го продаде второто ѕвоно од Лестер и Пак на римокатоличката црква Свети Агустин која бешезапалено од анти католички верници за време на Националистичките немири во Филаделфија во 1844 година. Остатоците од ѕвоното биле преработени и новото ѕвоно сега се наоѓа кај Универзитетот Виланова.

Неизвесно е како дошло до разбивање на ѕвоното. Штетата настанала некаде помеѓу 1817 и 1846 година. Ѕвоното е споменато во повеќебројни написи во весници за време на тој период, не споменувајќи ја пукнатината која можела да се најде до 1846 година. Всушност, во 1837 година ѕвоноѕо беше прикажано во издание без пукнатина. Во февруари 1846 година „Public Ledger‟ објавија дека ѕвоното заѕвонело на 23 февруари 1846 година на прославата на роденденот на Вашингтон (бидејќи 22 февруари се паднал во недела, прославата била одржана наредниот ден) и исто така објавија дека ѕвоното одамна било распукано, но било поправено со тоа што биле пополнети испуканите страни. Весникот објави дека околу пладне било откриено дека ѕвонењето предизвикало распукувањњто да биде широко проширено и дека „старото Ѕвоно на Слободата .. сега е поставено на кулата на големиот град непоправливо испукано и засекогаш немо”.

Најчестата приказна за напукнување на ѕвоното е таа дека тоа се случило кога ѕвоното заѕвонило по смртта на главниот судија на Соединетите Држави Џон Маршал во 1835 година. Оваа приказна потекнува од 1876 година кога еден управник на Салата за Независност , КОлнер Франк Етинг изјавил дека тој ја утдврдил вистината на оваа приказна. Додека има малку докази за ова поддршка на ова гледиште, тоа се прифатило и било широко распространето. Други утврдувања во врска со распукувањето на ѕвоното вклучуваат приказни во кои било оштетено при пречекот на Лафеит за неговото враќање во Соединетите Држави во 1824 година, дека распукало објавувајќи го прифањањето на Британскиот католички акт во 1829 година и дека некои момчиња биле повикани да го заѕвонат ѕвоното и ненамерно го оштетиле. Дејвид Кимбал во неговата книга составена за Националната парк служба укажува на тоа дека најверојатно тоа расспукало помеѓу 1841 и 1845 година или пак на Четврти јули или на роденденот на Вашингтон.

Ѕвоното на Пас и Сту беше првен наречено „Ѕвоно за слобода‟ во весникот на њујоршкото анти ропствено општество -„Anti-Slavery Record”. Во дел од 1835 година „Ѕвоното наа слободата ‟ жителите на Филаделфија биле казнувани да не прават напори за отстранување на смртната казна. Две години подоцна , во работата на друго општество , дневниот весник Либерти објави слика на ѕвоното во фасадата со зборовите : „Прогласете Слобода‟. Истата година, анти ропствената публикација на ВИлијам Лоид Гарисон „The Liberator‟ го препечати аболистичкиот памфллет на Бостон кој ја содржел поемата под наслов : „Ѕвоно на слободата” кој истакнал дека во тоа време и покрај овој натпис, ѕвоното не прогласило слобода за сите жители на земјата.

Прераснување во симбол

уреди

Голем дел од современиот излгед на ѕвоното е како остаток од прокламацијата на Американската независнот која била создадена од писателот Џорџ Липард. На 2 јануари 1847 година, неговата приказна „Четврти јули, 1776 година‟ се појави во магазинот „Saturday Review”. Краткиот расказ опишан од стар ѕвонар на 4 јули 1776 гдина, седејќи под ѕвоното, плашејќи се дека Конгресот нема да има храброст да прогласи независност. На најдраматичниот момент едно момче се покавува со инструкции : да го заѕвони ѕвоноѕо. Приказната беше широко препечатена и скоро го поврза Ѕвоното за Слобода со Декларацијата за наезависност на јавно мислење. Елементите на приказата беа препеќатени во Сликовитиот Водич низ Револуцијата на историчарот Бенсон Џ. Лосинг (објавен во 1850 година) како историски факт и приказната беше широко распространета на генерациите во основните училишта.

Во 1848 година, со зголемувањето на интересот за ѕвоното. Градот одлучи да го помести во СОбраниската соба (исто таака позната како Соба за Декларација) на првиот кат, каде Декларацијата и УСтавот на Соединетите Држави биле дебатирани и потпишани. Градот изградил раскошен пиедестал за ѕвоното. Ѕвоното за Слобода било изложено на тој пиедестал во следниот четврт век поставено до орел (оригинално извајан,подоцна пополнет). Во 1853 година, Претседателот Франклин Пирс ја посети Филадефијаи ѕвоното и зборуваше како ѕвоноѕо ја симболизира Американската револуција и Американската слобода. Во тој период, Салата за независност се користела и како судница, а еден афроамерикански весник укажа на непостоењето на симбол на слбоодата во истата зграда во која федералните судии држеа сослушувања под Актот за избеганите робови.

Во февруари 1861 г. новоизбраниот претседател Абрахам Линколн, дојде во Собраниската соба и дад свое обраќање за својата инаугурација во Вашингтон. Во 1865 година, телото на Линколн беше вратено до Собраниската соба по неговиот атентат за да може јавно да се види телото пред да се испрати до неговиот вечен дом во Спрингфилд, Илионис. Поради временските ограничувања само мал дел беа во можност да го видат. Редиците во кои биле сите оние кои сакале да го видат не биле пократки од 3 милји (4.8 километри). Сепак помеѓу 120 000 и 140 000 луѓе имале можност да поминат до отворениот ковчег и потоа на ѕвоното внимателно поставено над главата на Линколн, можеле да го прочитаат написот :„ Прогласете слобода низ целата земја и за сите жители во неа”.

Патување на иконата на слободата (1866-1947)

уреди

Во 1876 година, градските власти разговарале за тоа каква улога ѕвоното треба да игра во националнот фестивал по повод Стогодишнина на нацијата во Филаделфија. Некои сакаа да го поправат со што ќе може да ја проѕвони на мафинестацијата во Филделфија , но идејата не беше усвоена. Чуварите на ѕвоното заклучија дека е малку веројатно од метал да се направи ѕвоно кое ќе има пријатен звук и дека пукнатината станала дел од ѕвоното. Наместо тоа, копија која тежи 13 000 паунди ( 5 900 килограми) (илјада килограми за секоја од оригиналните држави)беше излеана. Металот искористен за она што беше наречено „Стогодишнина на ѕвоното” беа вклучени 4 метални топови : еден користе од страна на Американсата револуционерна војна и еден користен за Граѓанската воја. Ѕвоното проѕвони на 4 јули 1876 година, кое подоцна беше преработено за подобрување на неговиот звук и денес ѕвоното е прикачено до часовникот на кулата на Салата за независност. Додека Ѕвоното за слобода не беше изложено на Експозицијата, голем број посетители на Експозицијата дојдоа за да го видат и неговата слика е ставена на голем број сувенири кои ббеа продавани и државните павалјони содржат копии на ѕвоното направени од супстанци од камен па сè до тутун. Во 1877 година, ѕвоното беше закачено на Собраниската соба со синџир од тринаесет окови.

Помеѓу 1885 и 1915 година, Ѕвоното на Слободата помина неколку патувања , експозиции и изложби. Секој пат, ѕвоноѕо патуваше со железница, со голем број постојки за време на патот со што луѓето ќе можат да го видат. Од 1885 година, Ѕвоното на слободатан беше интернационално признаено како симбол за слобода и како богат остаток од независноста и сè повеќе се набројуваа приказни како верзијата на легендата на Липард, кои беа препечатени во историјата и училишни книги. Во раната 1885 година, градот се согласи ѕвоното да патува до Њу Орлеанс на експозицијата на Светската годишнина на памукот. Голем број луѓе го видоа ѕвоното на секоја од станиците. Во Биокси, Мисисипи, поранешниот претседател на Здружените Држави на Америка, Џаферсон Дејвис дојде да го види ѕвоното. Дејвис одржа говор со почит упатен до ѕвоното и повикувајќи национално единство. Во 1893 година, беше пратено на експозицијата за Светските Колумбијци во Чикаго за да биде центар на државната изложба во зградата на Пенсилванија. На 4 јули, 1893 година во Чикаго ѕвоното беше поздравено со првата изведба на Ѕвоното за слобода во март, изведена од стана на „американскиот бенд водач” Џон Филип Суса. Граѓаните на Филаделфија почнаа да не ја прифаќаат таа идеја звоното да се праќа во други градови кога тоа се врати распукано од Чикаго и секое ново предложено патување се соочи со зголемување на опозицијата. Исто така беше пронајдено дека приватниот чувае на ѕвоното ги отстранувал напукнатините за сувенири. Градот го постави ѕвоното во стаклен сад. Во 1898 година, беше извадено од стаклениот сад и повторно прикачено на кулата на Салата за независност во соба која ќе остане негов дом сè до крајот на 1975 година. Чувар беше поставен за да ги обесхрабри ловците на сувенири да го присвојат.

Од 1909 година, ѕвоното помина шест патувања и не само што распукуваше уште повеќе туку и ловците на сувенири го лишија од еден процент од својата тежина. Кога во 1912 година организатоорите на интернационалната експозиција Панама –Тихи Океан го побара ѕвонто за 1915 саем во Сан Франциско градот беше принуден да го дадат повторно да патува. Градот конечно се одлучи да дозволи ѕвоното да патува затоа што тоа не отишло по западно од Св. Луис и било шанса да привлече милиони луѓе кои го немаат видено на друг начин. Сепак во 1914 година плашејќи се дека пукнатината моѓе да се прошири за време на долгиот пат, градот направи метална поддршка внатре во ѕвоното, која генерално се нарекува „пајак”. Во февруари 1915 година ѕвоното беше нежно удирано со метални удиралки за да произведат звуци кои ќе бидат пренесени на саемот како сигнал за да биде отворен. Преносот кој исто така ги најави и трансконтиненталните телефонски услуги. Околу 5 милиони американци го видоа ѕвоното на неговото патување на запад. Се проценува дека приближно 2 милиони го бакнаа на саемот со неизброиливите погледи. Ѕвоното беше вратено дома на друга патека – повторноо 5 милиони го видоа на неговото враќање. Пред да се врати во Филаделфија било пренесено само 5 пати : трипати за патриотски опсервации во текот на Првата светска војна и двапати додека ѕвоното беше преместувано од своето постојано место во 1976 и 2003 година.Чикаго и Сан Франциско го доби неговото присуство со потпишување на петиции потпишани од 3. 4 стотици од милиони ученици за изложбата за прогресот на векот Њујорк прикажа петиција за да обезбеди присуство на ѕвоното во 1939 светски саем во Њујорк. Двата напори беа безуспешни.

Во 1924 година, една од надворешните врати на Салата за независност беше заменета со стакло, дозволувајќи им на некои поглед на ѕвоното и тогаш кога зградата била затворена. Кога Конгресот го прикажа првиот нацрт за мир на нацијата во 1940 година, првите жители на Филаделфија бараа да прииложат заклетва пред Ѕвоното за слобода за отслужување на своите воени рокови. Откако почна војната, ѕвоното беше повторно симбол кој се користел за да ги врати воените обврзници. Во раните почетоци на Втората светска војна се стравувало дека ѕвоното може повторно да биде во опасност од диверзанти или непријателски бомбардирања и градските власи се согласија да го пренесат ѕвоното до Форт Нокс да биде складирано со државните резерви со злато. Идејата предизвика бура на протести помеѓу луѓетои беше неприфатлива. Властите потоа сметаше дека треба да се изгради подземен челичен свод над кој ќе биде прикажано или спуштено доколу има потреба. Проектот не се изведе откако студиите покажаа дека копањето може да ги поткопа темелите на Салата за Независност. Ѕвоното беше повторно поставено на Денот-Д како и за време на победата на Европејците и на денот на победата над јапонците.

Администрација на Парк службата (од 1948 до денес)

уреди

По Втората светска војна и по значителните контраверзии, градот Филаделфија се согласи дека ќе го пренесе притворот на ѕвоното и Салата за независност притоа задржувајќи ја сопственоста на федералната влада. Градот исто така ги пренел и некои згради кои ги поседува од колонијалната ера. Конгресот се согласил на трансферот во 1948 година и три години подоцна Независниот историски национален парк беше основан, присоединувајќи ги и управувајќи ги тие имоти од страна на Националната парк служба (НПС или Парк Служба). Парк службата ќе биде одговорна за одржување и прикажување на ѕвоното. НПС (националата парк служба) исто така ќе ги управува трите блока северно од Салата за независност која била осудена од државата, рушена и развиена во независен трговски центар.

Во повоениот период, ѕвоното стана симбол на слобода во Студената Војна. Ѕвоното било избрано за симбол од кампањата за зачувување на обврзниците во 1950 година. Целта на оваа кампања, Албен Баркли како вице – претседател ја направи за да ја направи државата „толку силна што никој нема да може безмилосно да намтне безбожни идеологии врз нас.” Во 1955 година, поранешните жители на нациите позади железната завеса им беше дозволено да го вметнат ѕвоното како симбол на надеж и охрабрување на нивните сонародници. Странските достоинственици, како што се израелскиот премиер Дејвид Бен-Гурион и западно белринскиот градоначалник Ернст Ротје биле донесени да го видат ѕвоното и тие прокоментирале дека ѕвоното ја симболизира врската помеѓу Соединетите Држави и нивните нации. Во текот на 1960-тите, ѕвоното беше центар на неколку протести, движења за граѓанските права и неколку демонстратни кои ја поддржуваа или беа против Виетнамската Војна.

Речиси на почеток од извршување на своите задачи, Парк Службата се обид да го премести ѕвоното од Салата за Независност на една конструкција каде полесно ќе можат да се грижат за ѕвоното и да ги пречекуваат посетителите. Ваквиот прв предлог беше истакнат во 1958 година, по значителниот јавен собир. Парк Службата се обиде повторно како дел од планирањата во 1976 за Двестегодишницата на СОединетите Држави. Советодавниот комитет на Независниот национален историски парк во 1969 година, предожи ѕвоното да се помести од Салата за независност затоа што не може да очекува дека таму може да се пречекаат милион посетувачи кои ќе ја посетат Филаделфија за Двестегодишницата. Во 1972 година, Парк Службата објави планови дека сака да изгради голема кула од стакло за ѕвоното во новиот центар за посеувачи јужно на Третата Улица и Честнут улицата (анг. Chestnut Street), два блока источно од Салата за независност, која ќе чини 5 милиони долари, но граѓаните повторно протестираа против тој чекор. Наместо тоа, во 1973 година, Парк Службата предложи да изгради помал павилјон од стаклоза ѕвоното на северниот крај на трговскиот центар за независност , помеѓу Арк и Рејс улиците. Градоначалникот на Филаделфија, Франк Ризо, се согласи со идејата за павилјонот, но предложи павилјонотда биде преку улицата Честнут од страна на Салата за независност, од која државата стравува дека ќе го уништи погледот на историската зграда од областа на трговските центри. Гледиштето на Ризо превладеа со што ѕвоното беше преместено од стаклениот и челичен павилјон за слобода, на околу 200 јарди (180 метри) од неговиот стар дом во Салата за незаввисност , откако почна годината на одбележување а Двестегодишницата.

За време на одбележување на Двестегодишницта, члленови на„ Клубот за одолговлекувачи”во Америка, шегобијно го одбележаа ѕвоното на леарницата Вајтшапел со знак „Добивме лимон” и „Што е со гаранцијата?” Леарницата им кажа на демнострантите дека ќе и биде многу драго доколку го преправат ѕвоното толку долго како што беше вратено во оригиналното пакување. Во 1958 година, леарницата ( тогаш во трговијата под име „Mears and Stainbank Foundry”) понуди да го преправи ѕвоното и Парк Службата кажа дека ниту тоа ниту јавноста ја сака отстранета пукнатината. Леарницата беше повикана во 1976 година да направи целосна копија на Ѕвоното за Слобода кое беше претставена на Соединетите Држави од страна на британската владетелка Кралицата Елизабет II и кое беше еднаш вдомено на кулата од поранешни посетители на трговскиот центар јужно на Третата Улица сè до неговото отстранување во 2013 година.

Центар за Ѕвоното на Слободата

уреди

Во 1995 година, Парк службата започна преелиминарна работа на повторно конструирање на трговскиот центар за независност. Архитектите Вентури, Скот Браун и здруженијата развија голем план со две создавачки алтернативи. Првата предложи долг блок посетителски центар на јужната страна на Маркет улицата, која ќе го вдоми Ѕвоното на слободата. Ова би ги попречила трите блок -панорами на Салата за Незавнисност и ѕвоното ќе дојде до излед само од јужната страна, односно од улицата Честнут . Втората алтернатива опфаќа сличен таков трговски центар на северната страна на улицата Маркет, исто така попречувајќи панорамата на трговските центри, со ѕвоното во мал павилјон на јужната страна. Градскиот уредувач Едмунд Бејкон кој го следел конструирањето на трговските ценри во 1950-тите и прикажал зачуввување на панорамите на Салата за Независност од суштинско значење. Тој направил свој нацрт план во кој ги вклучил павилјонот за ѕвоноѕо поставен северно од улицата Маркет. Реакцијата на јавноста за можното преместување на Ѕвоното за Слобода толку даелеку од Салата за Независност беше тотално негативна. НПС изјави дека ѕвоното ќе остане на блокот помеѓу улиците Честнут и Маркет . И други планови беа предложени, секој со свои слабости и предности, но целта беше да се охрабрат посетителите да видат нешто повеќе оод историскиот парк,а не само Ѕвоното на Слободата.

Партнерството „Олин” беше најмено да создаде нов голем план за трговскиот центар за независност. Неговиот тим го вклучи архитектот Бернард Чивински кој на крајот на изборот за дизјан ја освои можноста да го создава она што се нарекуваше Центарот на ѕвоното за слобода. Значително поголем од веќе постоечкиот павилјон, овозможувајќи за простор за изложби и центар за јавно излагање , предложената зграда на ѕвоното за слобода исто така ќе покрие околу 15% од основата на долго-уратата Претседателска куќа, „Белата Куќа” на Џорџ Вашингтон и Џон Адамс. Археолозите ископаа места наменети за изградбаата на Центарот на Ѕвоното на Слободата каде открија остатоци од куќите од 1790-1800 години кои беа повторно закопани. Проектот стана многу контраверзен кога беше откриено дека робовите во Вашингтон биле вдомувани само на неколку чекори од планираниот влез на центарот. Парк Службата одби повторно да ја дизајнира зградата за центарот на ѕвоното за слобода и кварталите на робовите, но неколку години подоцна на протестот од страна на „Црните активисти” се согласи. Новиот објект, кој беше отворен на 9 октомври 2003 година е во близина на квартовите на робовите и е означен на тротоарот, за ккое извршителите ја даваат важноста на она што го пронашле.

Внатре во Центарот на ѕвоното за слобода, посетителите поминуваат низ голем број на експанати поврзани со ѕвоното пред да биде именувано во Ѕвоно за Слобода. Поради загриженоста за безбедноста по нападот на ѕвоното од страна на еден посетител со чекан во 2001 година, ѕвоното е кренато високо и не е повеќе на дофат на посетителите и притоа сите посетители се подложат на безбедносна проверка.

Денес, Ѕвоното на Слободата тежи 2080 паунди (94 килограми). Металот е 70% бакрар и 25% калај,а осатокот се состои од олово, цинк, арсен, злато и сребро. Виси на она во кое се верува дека е неговаот јарем (врвка) направена од американска бреза. Додека пукнатината на ѕвоното се појавува на крајот на кратенката „Филада” на последната линија на написот која во 19 век се проширува со надеж дека ѕвоното ќе продолжи да ѕвони. Пукнатина во вид на влакнеста линија се проширува надвор и продолжува десно сè до врвот на ѕвоното преку зборот „и” (анг. „and” и „Пас и Стоу”, потоа преку одредениот член „the” пред зборот „Собрание ” (анг. „Аssembley”) и потоа преку буквит „рту”(анг. „rty”) во зборот „Слобода” (анг. „Liberty”) на првата линија. Пукнатината завршува во близина на приврзокот со јаремот.

Професорот Константин М. Греиф во својата книга следејќи ја историјата на Националниот парк на независноста, за Ѕвоното за Слобода напишал:

„ Ѕвоното на Слободата е најпочитуваниот предмет во паркот, национална икона. Не е толку убав како другите нешта кои беа во Салата за Независност во оние значајни двестегодини, а е непоправливо оштетен. Можеби тоа е дел од нашата речиси мистична желба. Како што е нашата демократија кревка и несовршена, но тоа подлегна на закани и ги издржа истите.”

Копии и распространета култура

уреди

Во согласност со копиите коишто се видени во Националниот историски парк, една рана копија на Ѕвоното за Слобода ја вклучува и таканареченото Ѕвоно за правда или Ѕвоно на слободата на жените нарачано во 1915 година од страна на гласачите за да се залагаат за правото на глас на жените. Ова ѕвоно ја има истата легенда како и Ѕвоното на Слободата со два додадени збора „ Воспостави правда”, зборови преземени од Преамбулата на Уставот на Соединетите Држави. Исто така и тоа ѕвоно имало чукало приврзано за ѕвоното за да не може да проѕвони, симболизирајќи ја неспособноста на жените, лишеноста од гласање за да влијаат врз политичките настани. Ѕвоното за Правда обиколило доста за да ја објави причината. По усвојувањето на Деветнаесеттиот Амандман ( доделувајќи им право на глас на жените), Ѕвоното за Правда било доведено пред Министерството за Правда на 26 август 1920 година за конечно да проѕвони. Тоа остана на платформа пред Салата за Независност неколку месеци пред градското барање да биде отстрането од таму,а денес се наоѓа во Спомен капелата на Вашингтон во „Valley Forge” (место за кампови на американската армија во времето на Револуционерната Војна).

Како дел од зачуваните обврзници на Ѕвоното за Слобода во 1950 година, 55 копии на Ѕвоното на Слободата (по едно за секоја од 48-те држави, Областа на Колумбија и териториите) беа нарачани од страна на Одделот при Министерството за Финансии на Обединеетите Држави и беа излеани во Франција од Леарницата Пакард. Ѕвоната требало да бидат изложени и да ѕвонат на патриотски прослави. Повеќе од ѕвоната денес се стационирани во близина на зградите на главниот град. Иако ѕвоното Винсконсин сега е во својот главен град, првично беше поставено во дворот на „Girls Detention Center”. Ѕвоното на Тексас е на Станицата на Универзитетот на Тексас „А и М” (анг. А & M) Ѕвоното на Тексас беше покажано на универзитето во чест на дипломираните студенти на факултетот.

Ѕвоното на Слободата се појави на комеморативна монета во 1926 година за да ја означи стоипедест годишнината од Американската независност. Неговата прва употреба на монета беше на задната страна на половината долар на Френклин, направена помеѓу 1948 година и 1963 година. Исто така се пијави на дизајнот на доларот на Ајзенхауер за Двесте годишнината, над месечината. Првата американска поштена марка на која е прикажано Ѕвоното за Слободата е издадена за експозицијата за Стоипедесет годишината во Филаделфија во 1926 година. На оваа поштенска марка всушност се појавува копија на ѕвоното на влезот во дворот на изложбата. Ѕвоното се појавува на поштенската марка која засекогаш ќе го има тој изглед, издадена во 2007 година и на која вредноста на поштенски стапки расте. Слика на Ѕвоното на Слободата ќе се појави на нова белешка од 100$. Приказот ќе се направи и во боја, и доколу исчезне тоа ќе биде во зависност на аглот на кој се наоѓа. Таа белешка требасе да се издаде во фрвруари 2011 година, но поради проблеми при издавањето се одложи нејзиното излегување.

Името „Ѕвоно на слободата” или „Ѕвонче на Слободата” најчесто се користи за комерцијални цели и е означува имиња на брендови и бизниси од компании за животно осигурување па сè до услуги за придружба „Монтана”. Еден голем нацрт на ѕвоното стои над нави вачките полиња во „Citizens Bank Park” – домот на Филаделфија Филис безбол тимо т и е осветлен секогаш кога нивен играч постигне погодок.Овој нацрт е префрлен од поранешниот дом на Филис, стадионот „Ветеранс”. На 1 април 1996 година „Тако бел” објави преку написи и реклами дека го откупил Ѕвоното за слобода и го променил неговото име во Ѕвоно за Слобода Тако. Ѕвоното ќе помине пола година во седиштетот на корпорацијата во Ирвин, Калифорнија, како што било објавено во написите. Навредливи повици го преплавиле Националниот историски парк, а Парк Службата набрзина свикала прес – конференции за да негира дека ѕвоното е продадено . По неколку часа, „Taco Bell” призна дека тоа сепак е прво априлска шега. И покрај протестите, компанијата за продажба на такос, енчилади и буритос (јадења со мексиканско потекло)ја зголеми својата продажба за повеќе од милион долари таа недела.