Палми

семејство растенија
(Пренасочено од Palmae)
Палми

Палми (науч. Arecaceae или Palmae) — семејство на скриеносемени растенија, единствената во монокотиледонскиот ред на палмовидните (Arecales). Постојат околу 202 рода палми со приближно 2600 видови и претежно виреат во тропските, суптропските и топлите умерени климатски појаси. Највеќето имаат големи сложени зелени листови распоредени во крошна врз стебло без гранки. Меѓутоа постојат многу палми кои се поинакви, што е впрочем одраз на огромната физичка разноликост кај палмите. Покрај морфолошката разновидност, палмите се среќаваат во речиси сите видови на живеалишта, од дождовни шуми, па сè до пустини.

Палми
Период: доцна креда – денес
Кокосова палма (Cocos nucifera)
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Монокотиледони
клад: Комелиниди
Ред: Палмовидни
Семејство: Палми
Bercht. & J.Presl, nom. cons.[1]
Типски род
Areca
Потсемејства
Синоними
  • Palmae

Палмите се една од најпознатите и најодгледуваните растителни фамилии. Од нив се добиваат разни производи и прехранбени артикли, а се ценат и поради нивната вредност како украсни растенија во надворешното уредување. Кај разни култури палмите симболизираат идеали како победа, мир и плодност, а денес претставуваат и мошне популарен симбол на тропскиот туризам.[2]

Распределба и живеалишта

уреди
 
Урмина палма (Phoenix dactylifera)

Највеќето видови палми виреат во тропите, каде ги има во изобилство и се среќаваат во секакви живеалишта. Најголема разновидност се забележува во влажни низински тропски шуми, особено во еколошките жаришта како Мадагаскар, каде има повеќе ендемски палми отколку цела Африка заедно. На ниво на поединечни земји, највеќе видови палми има во Колумбија.[3]

Вон тропите среќаваме околу 130 природно застапени видови, од кои највеќето се во супстропскиот појас. Најсеверната автохтона палма е средоземната џуџеста палма (Chamaerops humilis) која гостигнува 44° СГШ во јужна Франција.[4] Најјужна палма е видот никау (Rhopalostylis sapida), која достигнува 44° ЈГШ во Нов Зеланд, каде преовладува океанска клима.[4] Некои видови како кинеската конопна палма (Trachycarpus fortunei) успешно растат во океанската клима на 50° СГШ и уште посеверно (Ирска, Шкотска и приморска Британска Колумбија во Канада).

Палмите виреат во најразлични екосистеми. Над две третини од видовите се застапени во тропски шуми, каде повисоките видови ги достигнуваат крошните на останатите дрва, а покусите се во состав на подрастокот.[5] Некои видови растат во групи составени само од истиот вид, и тоа во слабо исцедливи на плавни подрачја. Таква е рафијата (Raphia hookeri) која е широко распространета во крајбрежните слатководни мочуришта во западна Африка. Други палми се среќаваат по планините во тропскиот појас на височина од над 1000 м, како оние од родот Ceroxylon од Андите. Палмите како урмата живеат во голи тревнати предели и честаци, обично околу извори на вода и пустински оази. Неколку вида се приспособени за живот на крајно базни варовни почви, а има и такви што растат на кисели серпентинитни почви.[4]

Одбрани родови

уреди
 
Кинеска конопна палма во Северна Ирска покриена со снег.
 
Никау во Нов Зеланд
 
Палми

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Angiosperm Phylogeny Group (2009). „An update of the Angiosperm Phylogeny Group classification for the orders and families of flowering plants: APG III“. Botanical Journal of the Linnean Society. 161 (2): 105–121. doi:10.1111/j.1095-8339.2009.00996.x.
  2. Пејзажно уредување со палми во Средоземјето Архивирано на 21 јуни 2006 г. (англиски)
  3. Палми Архивирано на 26 септември 2006 г. - Conservatory of Flowers (англиски)
  4. 4,0 4,1 4,2 Тропски палми Архивирано на 6 мај 2006 г. - Организација за исхрана и земјоделство (англиски)
  5. Виртуелна енциклопедија на палмите - Вовед Архивирано на 22 јануари 2018 г. (англиски)
  • C. H. Schultz-Schultzenstein (1832). Natürliches System des Pflanzenreichs..., 317. Berlin, Germany.
  • Dransfield J., Uhl N.W., Asmussen C.B., Baker W.J., Harley M.M., Lewis C.E. (2005). "A new phylogenetic classification of the palm family, Arecaceae". Kew Bulletin 60: 559–569. [најнова класификација на Arecaceae или Palmae]
  • Hahn, W.J. 2002. A Molecular Phylogenetic Study of the Palmae (Arecaceae) Based on atpB, rbcL, and 18S nrDNA Sequences. Systematic Botany 51(1): 92-112.

Надворешни врски

уреди