Никау (од маорски: nīkau; научRhopalostylis sapida) е вид палма ендемска на Нов Зеланд. Ова е единствената новозеландска палма, и вирее на умерена клима, по низините на Нов Зеланд. Природно расте јужно сè до Четемските Oстрови, полуостровот Бенкс и Хокитика на Западниот Брег. Со тоа ова е најјужната палма на светот (44° ЈГШ).

Никау
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Монокотиледони
клад: Комелиниди
Ред: Палмовидни
Семејство: Палми
Род: Палкостолбник
Вид: Никау
Научен назив
Rhopalostylis sapida
H.Wendl. & Drude

Никау е лесно препознатлив симбол на Нов Зеланд, иако ретко се среќава по градини заради бавниот раст и тешкотијата при превоз.

Расте до околу 10 м височина, со листови со должина до 2,5 м.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди
  • Rhopalostylis sapida. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 1998. Посетено на 11 мај 2006. (англиски)
  • Новозеландски месни растенија: Rhopalostylis sapida Архивирано на 14 август 2014 г. (англиски)