Петер Симон Палас

германско-руски зоолог и ботаничар
(Пренасочено од Pall.)

Петер Симон Палас (германски: Peter Simon Pallas; 22 септември 17418 септември 1811) — германски зоолог и ботаничар што работел во Русија.

Петер Симон Палас
Peter Simon Pallas
Петер Симон Плас
Роден(а)22 септември 1741
Берлин
Починал(а)8 септември 1811(1811-09-08) (возр. 69)
Берлин
НационалностГерманец
Полињазоологија
ботаника
ОбразованиеГетингенски универзитет
Лајденски универзитет
Познат пометеоритот паласит
Влијание одСимон Палас

Живот и дело

уреди

Роден во Берлин, во семејството на професорот по хирургија Симон Палас. Се школувал со приватни учители и пројавил интерес за природонаука. Студирал на Универзитетот во Хале и Гетингенскиот универзитет. Во 1760 г. се префрлил на Лајденскиот универзитет и докторирал на возраст од 19 години.

Патувал низ Холандија и го посетил Лондон со цел да го унапреди медицинското знаење. Потоа се преселил во Хаг и разработил нов систем на класификација на животните, кој добил високи оценки од природонаучникот Жорж Кивје. Во овој период го напишал трудот Miscellanea Zoologica (1766), каде опишал неколку ’рбетници нови за науката што ги нашол по музејските збирки во Холандија. Се подготвувал за патување во јужна Африка и Источните Инди, но ова не се остварило бидејќи татко му го викнал во Берлин. Во родниот град продолжил да работи, овој пат на делото Spicilegia Zoologica (1767–80).

Во 1767 г. Палас добил покана од царицата Катерина II да биде професор на Петербуршката академија на науките (тогаш главна во Русија). Помеѓу 1768 и 1774 г. предводел експедиција низ Поволжјето, Урал, западен Сибир, Алтај и Забајкалието, кајшто собирал природонаучни примероци за академијата. Го истражил Каспиското Море, Уралските, Алтајските Планини и горното течение на Амур, па на исток до Бајкалското Езеро. Редовните извештаи што ѝ ги испраќал на академијата бил издаден во збирка насловена како „Патување низ разни покраини во Руското царство“ (Reise durch verschiedene Provinzen des Russischen Reichs, 3 тома, 1771–1776). Во нив Палас обработува најразлични теми, вклучувајќи ја геологијата и минералогијата, домородното население и нивните верувања, како и описи на нови растенија и животни. Во 1776 г. бил назначен за странски член на Кралската шведска академија на науките.

По овој потфат, Палас се преселил во Санкт Петербург и станал миленик на Катерина II. Во ова својство, им предавал и природонаука на големите кнезови Александар и Константин. Добил растенија од други природонаучници за да го состави делото Flora Rossica, 1784–1815) и почнал да работи на Zoographica Rosso-Asiatica (1811–31). Се јавил и како уредник и издавач на патувањата на Јохан Антон Гилденштет низ Кавказ. Царицата ја купила неговата голема природонаучна збирка за 2.000 рубљи, за 500 над износот што го побарал, и му дозволила да ја задржи доживотно. Во овој период зел учество во подготовките за експедицијата на Муловски, која потоа се откажала.

 
Паласовиот имот во Симферопол.
 
Надгробна плоча на Палас во Кројцберг. Берлин.

Помеѓу 1793 и 1794 г. Палас покренал уште една експедиција, овој пат низ јужна Русија. Го посетил Крим и Црното Море, во придружба на ќерката и сопругата, цртач, послуга и воена придружба. Во февруари 1793 дошле до Саратов, а потоа низводно до Волгоград. Пролетта ја провеле во истражување на подрачјето на исток, а во летото дошле до Каспиското Море и Кавкаските Планини. Во септември дошле на Крим, презимувајќи во Симферол. Пролетта 1794 г. продолжиле на југоисток, а во јули ја прошле долината на Днепар, враќајќи се во Петербург во септември. Целото ова патување го опишал во делото P. S. Pallas Bemerkungen auf einer Reise in die Südlichen Statthalterschaften des Russischen Reichs (1799–1801). Царицата му доделила голем имот кај Симферопол, каде живеел сè со смртта на неговата втора жена во 1810 г. Потоа добил дозвола да се врати во Берлин и таму починал следната година. Погребан е на гробиштата во берлинскиот реон Кројцберг.

Паласит

уреди

Во 1772 г, Палас наишол на луѓе што му покажале 680-килограмска грутка од метал, пронајдена кај градот Краснојарск. Уредил истата да се превезе до Петербург и таму ја анализирал, заклучувајќи дека се работи на нов вид на каменожелезен метеорит. Овој тип на метеорит денес се нарекува паласит во негова чест, а самиот тој камен го добил името „Краснојарск“ или „Паласово железо“.

Видови наречени по Палас

уреди
 
Насловна страница на делото Icones Insectorum praesertim Rossiae Sibiriaeque peculiarium (1781)

Постојат повеќе животни што го носат името на Палас во народните називи како нивен откривач:

Покрај народните, името на Палас стои и во епитети на научни називи на животни опишани од други научници:

По Палас се именувани улици во Берлин и Кастроп-Рауксел (Pallasstraße). Во негова чест е наречен и градот Паласовка во Волгоградската област. Покрај ова, неговото име го носи и астероидот од главниот појас21087 Петсимпалас“.

Дела

уреди
  • Dissertatio inauguralis de infestis viventibus infra viventia (Лајден: Lugduni Batavorum, 1760).
  • Elenchus zoophytorum, sistens generum adumbrationes generaliores et specierum cognitarum succinctas descriptiones, cum selectis auctorum synonymis (Хаг: van Cleef, 1766).
  • Miscellanea zoologica, quibus novæ imprimis atque obscuræ animalum species describuntur et observationibus iconibusque illustrantur (Хаг, 1766).
  • Spicilegia zoologica (Берлин, 1767—1777).
  • Lyst der Plant-Dieren, bevattende de algemeene schetzen der geslachten en korte beschryvingen der bekende zoorten (Утрехт: van Paddenburg & van Schoonhoven, 1768).
  • De ossibus Sibiriae fossilibus, craniis praesertim Rhinocerotum atque Buffalorum, observationes (Novi Commentarii Academiae Scientiarum Imperialis Petropolitanae, XIII, Санкт Петербург, 1768).
  • Naturgeschichte merkwürdiger Thiere (Берлин, 1769—1778).
  • Dierkundig mengelwerk, in het welke de nieuwe of nog duistere zoorten van dieren, door naauwkeurige afbeeldingen, beschryvingen en verhandelingen opgehelderd worden (Утрехт: van Paddenburg & van Schoonhoven, 1770).
  • Reise durch verschiedene Provinzen des Russischen Reichs (Санкт Петербург, 1771—1801).
  • Merkwürdigkeiten der Morduanen, Kasaken, Kalmücken, Kirgisen, Baschkiren etс., Frankfurt & Leipzig, 1773—1777, 3 voll.).
  • Puteshestviye po raznym provintsiyam Rossiyskogo gosudarstva (Санкт Петербург, 1773—1788).
  • Flora Rossica (Санкт Петербург, 1774—1788, во 2 дела).
  • Sammlungen historischer Nachrichten über die mongolischen Völkerschaften. Санкт Петербург, Франкфурт, Лајпциг 1776–1801.
  • Observations sur la formation des montagnes et sur les changements arrivés au Globe, particulièrement à l’Empire de Russie (Acta Academiae Scientiarum Imperialis Petropolitanae, Санкт Петербург, 1777).
  • Novae species Quadrupedum e Glirium ordine (Ерланген, 1778).
  • Mémoires sur la variation des animaux (Acta Academiae Scientiarum Imperialis Petropolitanae, Санкт Петербург, 1780).
  • Katalog rasteniyam, nakhodyashchimsya v Moskve v sadu yego prevoskhoditel'stva deystvitel'snogo statskogo sovetnika i Imperatorskogo Vopitatel'nogo doma znamenitogo blagodetelya, Prokofiya Akinfiyevich Demidova, sochinyonnyy P. S. Pallasom, adademikom sankt-peterburgskim (Санкт Петербург, 1781).
  • Icones Insectorum praesertim Rossiae Sibiriaeque peculiarium (Ерланген, 1781—1806, in 4 issues).
  • Opisaniye rasteniy Rossiyskogo gosudarstva, s ikh izobrazheniyami (Санкт Петербург, 1786).
  • Sravnitel'nyye slovari vsekh yazykov i narechiy, sobrannyye desnitsey Vsevysochayshey osoby imperatritsy Yekateriny II (Санкт Петербург, 1787—1789, во 2 тома).
  • Tableau physique et topographique de la Tauride (Nova Acta Academiae Scientiarum Imperialis Petropolitanae, X, Санкт Петербург, 1792).
  • Kratkoye fizicheskoye i topograficheskoye opisaniye Tavricheskoy oblasti (Санкт Петербург, 1795).
  • Bemerkungen auf einer Reise in die südlichen Statthalterschaften des Rußischen Reichs in den Jahren 1793 und 1794 (Лајпциг, 1799—1801)
  • Species Astragalorum descriptae et iconibus coloratis illustratae (Лајпциг, 1800).
  • Travels through the southern provinces of the Russian Empire (Лондон, 1802, во 2 тома).
  • Illustrationes plantarum imperfecte vel nondum cognitarum (Лајпциг, 1803).
  • Zoographia rosso-asiatica (Санкт Петербург, 1811, во 3 тома).

Наводи

уреди
  1. „Автори“. Меѓународен индекс на растителни имиња. (англиски)

Надворешни врски

уреди