Народно име

име на еден таксон или организам во општа употреба кај народот

Народното име (наречено и тривијално или вернакуларно име, македонско име) — име во биолошката номенклатура на еден таксон или организам во општа употреба меѓу народот, денес или во минатото. За разлика од ова, истите организми имаат научно име.[1]

Народните имиња понекогаш не се „народни“ во историско-културна смисла, туку едноставно македонски називи на организмите кои може и да не се среќаваат во земјата. Целта е да се приближат називите на животните и растенијата до обичниот човек (земјоделци, ловци, риболовци или било кој заинтересиран) без да треба да се запомни латинско-грчкиот назив. Историски втемелените народни имиња можат во голема мера да се разликуваат од еден крај на земјата до друг, зависно од местото или дијалектот.

Во Македонија, како и во многу балкански земји, Германија, Холандија и земјите од словенското говорно подрачје, народните имиња се користат како главни за сите видови и таксономски рангови на сите места освен во стручни трудови, каде најчесто се користат научните и народните заедно. Затоа, народните називи (традиционални или новосоздадени) се од доста поголемо значење отколку во јазици како англиско или француско говорно подрачје.

Неповолности

уреди

Неповолноста на користењето на народни имиња е тоа што не ги опфаќаат сите видови, кои меѓу обичните луѓе не се познати или премногу слични на други видови за да добијат посебно име. Од друга страна, народната таксономија е многу попроизволна и несистематска, и почесто се води според физичките особини, па дури и восприемениот карактер на животното или растението отколку според суштински сличности или разлики кај видовите. Животни со исто или слично име можат да бидат впрочем различни, а неретко има и такви што се исти или мошне слични, но имаат разни народни имиња поради нивната големина, старост или едноставно обичаи на именување.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Kruckeberg, Arthur (1991). The Natural History of Puget Sound Country – Appendix I: The naming of plants and animals. Seattle: University of Washington Press. ISBN 978-0-295-97477-4.