Holy Wars... The Punishment Due
Holy Wars... The Punishment Due е песна на Мегадет од нивниот четврти студиски албум Rust in Peace. Песната е прва нумера во споменатиот албум, а воедно и прв објавен сингл од истиот. Како што се забележува и од насловот на песната, таа е составена од два дела, од кои првиот е Holy Wars, со времетраење од почетокот па сè до 2:26 минута.[1] Оваа делница е во многу побрзо темпо за разлика од втората секцијаThe Punishment Due. Овие две секции се поврзани со мост изведен на акустична гитара, а потоа следува делот кој е побавен, но со потежок звук за разлика од првиот. По 4:33 песната повторно влегува во ултра брзо темпо, за нагло да финишира, без посебен музички перформанс како одјавен дел.[2]
„Holy Wars... The Punishment Due“ | |||||
---|---|---|---|---|---|
Сингл од Мегадет | |||||
од албумот Rust in Peace | |||||
Издаден | 1990 | ||||
Текстописец | Дејв Мастејн | ||||
Формат | ЦД сингл, дигитално спуштање | ||||
Снимен | 1990 | ||||
Жанр | Треш метал, спид метал | ||||
Должина | 6:32 | ||||
Издавачка куќа | Капитол | ||||
Композитор | Дејв Мастејн | ||||
Продуцент | Дејв Мастејн | ||||
Хронологија на синглови на Мегадет | |||||
|
Проблеми со пуштањето? Помош. |
Обожавателите на Мегадет песната ја ословуваат едноставно само како Holy Wars. Тематски гледано, песната говори за северноирскиот верски конфликт помеѓу католиците и протестантите.[3] Во оваа нумера, Мастејн ги искажал своите лични ставови во врска со религијата и модерното општество.[4]
Песната „Holy Wars... The Punishment Due“ е дел од музичките видео игри како Rock Revolution и Guitar Hero: Warriors of Rock. На овие игри се наоѓа ремикс од песната, кој е малку поразличен од оригиналната верзија на албумот.
Заднина
уредиДоста занимлив е поводот по кој Мастејн се решил да го напише текстот. Имено, за време на турнејата на Мегадет низ Северна Ирска, членовите на бендот забележале бутик каде нелегално се продавале маички со логото на бендот. На повик од Мастејн, пристигнала локалната полиција и ги запленила маиците. Мастејн притоа разбрал дека сите пари кои биле собрани од продажбата на маиците ќе биле наменети за организацијата „The Cause“. „The Cause“ биле паравоена терористичка организација од Ирска, чија цел била припојување на Северна Ирска кон Република Ирска. Новинарите го протолкувале овој чин како поддршка од Мегадет за ова милитантно здружение, па така и ја пренеле информацијата низ медиумите. Овој гаф предизвикал општ револт помеѓу обичните граѓани во целата држава, па членовите од групата морале да бидат превезени во авотбус со непробојни прозорци до концертната локација. Со истото транспортно возило членовите си заминале од земјата во најбрз можен рок. По неколку месеци биле разјаснети недоразбирањата, и револтот кон Мегадет постепено исчезнал.
Видео запис
уредиВидео спотот за оваа песна беше снимен во август 1990 г. во време кога Заливската војна била во полн ек. Во филмскиот запис се прикажани дел од воените конфликти на Средниот Исток во тоа време. Освен повремените инсерти од оружени судири помеѓу завојуваните страни, на спотот во главна улога се членовите на бендот кои ја изведуваат песната на сцена која наликува на кафез.[5]
Коментари од бендот во врска со песната
уредиПоентата ми е дека војната си е војна, без разлика во која земја се води. Гадафи (Либија), Холомеини (Иран), сите овие идиоти со чудни имиња ги водат нивните земји во пропаст. Но тоа докажува само една работа, дека војната без разлика на кое место се одвива, предизвикува само крв и солзи.
—Дејв Мастејн, 1990 г.[6]
Требаше да убијам некој за да најпосле ми дозволат да го преснимам второто соло од песната. Кога првпат влегов во студиото и почнав да се загревам, ми пријде продуцентот Клинк и ми рече дека тоа ќе заврши работа. Отпрвин бев збунет, бидејќи не ја ни наштимав гитарата, а камоли да го отсвирев солото онака како што треба. Но, и Мастејн мислеше дека делницата беше квалитетна и дека би требало да продолжиме со наредната секција од композицијата. Со денови ме копкаше мислата дека работата не е завршена како што треба, но сите останати членови од бендот мислеа поинаку. На крај попушти трпението на Мајк Клинк и тој ми дозволи да влеземе во студиото и повторно да го снимиме тој дел. Ја направивме солажата како што треба, а впрочем и истата се најде на албумот. Не можам да ви опишам какво олеснување почувствував кога сите нешта си дојдоа на свое место.
—Марти Фридмен, 2002 г.[7]
Песни на винил изданието од Holy Wars... The Punishment Due
уреди- „Holy Wars...The Punishment Due“ (верзија од албумот) - 6:32
- „Lucretia“ (верзија од албумот) - 3:56
- Интервју со Дејв Мастејн (со различно времетраење на секое издание)
- Капитол Рекордс DPRO-79462