Краткомуцеста мечка

(Пренасочено од Arctodus simus)
Краткомуцеста мечка
Период: среден до доцен плеистоцен,
Скелет на краткомуцеста мечка пронајден во катраништето Ла Бреја
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Ѕверови
Семејство: Мечки
Потсемејство: Краткомуцести мечки
Род: Краткомуцеста мечка
Leidy, 1854
Видови
  • A. simus Cope, 1879
  • A. pristinus
Споредба на краткомуцеста мечка и човек висок 180 см

Краткомуцеста мечка (науч. Arctodus spp) — изумрен вид на мечка. Овој вид ја претставува најголемата мечка која некогаш живеела на земјата. Била распрoстранета во Северна Америка пред помеѓу 1,6 милиони и 10 000 години. Како многуте видови од поранешната мегафауна, и овие мечки изумреле на крајот на периодот плеистоцен.

Класификација и еволуција

уреди

A. simus припаѓа во потсемејството Tremarctine, кое е карактеристично за Новиот Свет. Претходен член на ова потсемејство бил Plionarctos кој живеел во Тексас за време на плиоценот. Овој ред се смета за претходник на краткомуцестата мечка и на денешната очилна мечка (Tremarctos ornatus).

Има 2 признати подвидови[1]:

Особености

уреди

Висината на оваа мечка достигнувала и до 2 метра до рамениците кога стои на 4 нозе. Исправена на задните достигнувала висина и над 3,4 метри. Се проценува дека тежела помеѓу 860 и 940 кг, што е за околу 42% поголема од денешното Гризли [2]. Најголемите примероци се пронајдени на Алјаска и на територијата Јукон [3]. Мажјаците биле за 20% поголеми од женките [1]. Оваа мечка била најголемиот грабливец во Северна Америка за време на леденото доба [1]. Черепот е необичен бидејќи нема убаво дефинирано чело и поседува кратка муцка, така што повеќе личи на редот Panthera отколку на денешните мечки. Мускулите кои ја движат долната вилица биле екстремно развиени.

Како што кажува името, мечката имала кратка муцка, и осет за мирис 2 пати поголем од денешните мечки, што им овозможувал да намирисаат мрша на многу големо растојание. Според градбата на вилицата, се претпоставува дека овие мечки можеле да ги јадат и коските[4][5].

Според анализи на коските откриено е дека страдале од болести на коските како и инфекции слични на туберкулоза и сифилис.[1]

Распространетост

уреди

Ова е мечка од Северна Америка и живеела од Алјаска и Канада па сè до централно Мексико, и од Калифорнија до Вирџинија. Била најбројна од првите северноамерикански мечки, а најмногу ги имало во подрачјето на Калифорнија.[3]

Исхрана

уреди
 
Череп на краткомуцеста мечка

Анализите врз коските на овие мечки, покажале високи концентрации на азот-15. Азот-15 е стабилен изотоп кој се акумулира кај месојадите кои не конзумираат растенија. Всушност се докажува дека A. simus биле строг месојадец. Се проценува дека на возрасна единка дневно и биле потребни околу 16 кг месо за да преживее[4][5].

Според една теорија, оваа мечка била брутален грабливец кој ги совладува големите цицачи од плеистоценот благодарение на неговата физичка сила. Оваа идеја се смета за проблематична, бидејќи иако е голема, оваа мечка има прилично нежна градба. За да лови животни од тогашната мегафауна, би требало да има многу покомпактна структура на скелетот.

Според други експерти оваа долгонога мечка ловела помали тревопасни животни како степските коњи и саига антилопите на начин сличен како што тоа денес го прави гепардот. Сепак, се смета дека тежината на мечката би била хендикеп за ваквиот начин на лов, како и зглобовите на скелетот кои укажуваат на градба која не е адаптирана на нагли свртувања[5] кои се карактеристични за грабливците кои го бркаат пленот.

Доктор Пол Метјуз (палеонтолог на Алјаскиот универзитет „Фербенкс“) открива дека овие мечки имале движење слично на камила или коњ, и градба која давала повеќе предност на издржливоста отколку на брзината[5]. Се смета дека Arctodus simus немала доволно добра градба да биде активен грабливец, па затоа ја употребувала својата големина да ги избрка помалите грабливци како Canis dirus, Smilodon и Американскиот лав, и да им го преземе пленот.

Истребување

уреди

Овие џиновски мечки исчезнале пред околу 12.000 години. Како дел од причините се претпоставува дека е изумирањето на нивен плен но и конкуренцијата од страна на помалите сештојадни кафеави мечки кои се доселиле во Северна Америка од Евроазија. Нивното исчезнување се поклопува и со појавата на подобрените техники за лов на палеоиндијанците што можеби учествувало во нивното истребување, како на директен начин (лов на мечките) така и на индиректен начин (преголемото ловење на животни кои биле главен плен на овие мечки).

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „North American Short-Faced Bear“. Harrington, C.R. Yukon Beringia Interpretive Centre. Архивирано од изворникот на 2008-01-30. Посетено на 2008-01-14.
  2. Macdonald, David (1992). The Velvet Claw. стр. 256. 0563208449.
  3. 3,0 3,1 Brown, Gary (1996). Great Bear Almanac. стр. 340. ISBN 1-55821-474-7.
  4. 4,0 4,1 National Geographic Channel, 16 септември 2007, Prehistoric Predators: Short-faced bear, interview with Dr. Paul Matheus
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 "The Biggest Bear ... Ever". Nancy Sisinyak. Alaska Fish and Wildlife News. Посетено на 2008-01-12. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)

Надворешни врски

уреди