Араукарии

(Пренасочено од Araucariaceae)
Араукарии

Араукариите (науч. Araucariaceae) — многу стара семејство на иглолисни дрва. Најголема разновидност достигнале во периодите јура и креда, кога растеле ширум целиот свет. На крајот од кредата, со изумирањето на диносаурусите изумреле и сите араукарии на северната полутопка.

Араукарии
Период: јура - денес
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
Оддел: Четинари
Класа: Четинари (класа)
Ред: Боровидни
Семејство: Араукарии
Henkel & W. Hochstetter
Типски род
Араукарија
Juss.
Родови

Каури (Agathis)
Араукарија (Araucaria)
Волемија (Wollemia)
Araucarioxylon
Araucarites
Brachyphyllum
Protodammara

Опис

уреди
 
„Тане Маута“ - огромно каури-дрво во Нов Зеланд

Видовите од оваа фамилија се мошне грамадни зимзелени дрва[1] што достигнуваат и над 60 м во височина[2] и некои од нив имаат огромна маса. На пример, Новозеландското дрво „Тане Махута“ („Господар на шумата“), примерок од видот каури (Agathis australis) е високо 45,2 м со пречник од 491 см и вкупна дрвна кубикажа од 516,7 м3.[3] Со тоа, ова е трето иглолисно дрво по големина, веднаш по секвојата и џиновската секвоја (обете од фамилијата Чемпреси).[1]

Стеблата се столбести и имаат релативно голема срцевина со смолеста средина.[4] Гранките растат хоризонтално и подредени една над друга, во венци од по три до седум гранки или наизменично во широко раздалечени парови.[5]

Листовите се мали, иглести и закривени, а кај некои се големи широко јајцевидни и сплеснати.[6] Подредени се спирално и доследно, и најчесто имаат напоредни жилички.[1]

Некои дрва имаат и женски и машки гамети, а пак други се само од еден пол.[7] Како и другите четинари, араукариите имаат шишарки.

Машките шишарки се меѓу најголемите во природата. По облик се цилиндрични и малку свиткани (налик на рески). Растат самостојно на врвовите од гранките или аксилите на листовите. Содржат многу спорофили распоредени во венчиња или спирали. Секоја на едниот крај има од четири до дваесет поленови ќесички од долната страна. Поленовите зрнца се обли и немаат крилца или набабрени делови.[1][5][6]

Женските шишарки исто така се многу големи. По облик се топчести до јајцевидни и растат исправени на дебелите кратки фиданки на врвот од гранките. Бројните ливчиња и лушпи се споени едни со други или пак се цепат на половина од должината.[1][5][6] Лушпите речиси секогаш имаат само по една семка (на горната страна), за разлика од вистинските борови, кои имаат по две.[8] И овие се многу големи, меѓу најголемите семиња кај четинарите. Имаат крилца со чија помош е едрат по ветерот и така се распрснуваат. Кога ќе созреат, женските шишарки паѓаат од гранка.[1][5][6] Доколку падне врз човек или животно, шишарката може да предизвика тешки повреди поради нејзината тежина и гломазност. На пример, шишарките на буњскиот бор (Araucaria bidwillii) имаат димензии како голем ананас, тежат 4,5 до 6.8 кг и паѓаат од висина до 23 м.[8]

Систематика и родови

уреди
 
Разнолисна араукарија (Araucaria heterophylla)
 
Мазнокорест каури (Agathis robusta)
 
Волемија (Wollemia nobilis)

Араукариите влегуваат во редот Боровидни (Pinales), класа Pinopsida од одделот Четинари (Pinophyta). Во овој оддел спаѓаат сите денешни иглолисни растенија. Меѓутоа од неодамна некои стручњаци ги сметаат араукариите за посебен род, кој го нарекуваат Araucariales.[1]

Араукариите денес имаат три рода со околу 41 вид.[4]

Содржи 19 вида. Расте во Нова Каледонија (каде 13 вида се ендемски), остров Норфолк, Австралија, Нова Гвинеја, Аргентина, Чиле и јужен Бразил.
Содржи 21 вид. Расте во Австралија, Вануату, Нова Каледонија, Папуа Нова Гвинеја, Индонезија, Малезија и Филипините
Содржи само еден преостанат вид кој е ендемски во Австралија. Пред неговото откривање во 1994 родот бил познат само од фосилни наоди.

Филогенија

уреди

Ова е филогенијата на четинарите според кладистичката анализа на молекуларните податоци, каде може да се види положбата на араукариите во рамките на одделот.[9]



Борови





Араукарии



Ногоплоди





Чадорести борови




Чемпреси




главотиси




Тиси








Респределба и живеалиште

уреди

Денес на науката ѝ е познат 41 вид, и тоа во три рода: Каури, Араукарија и Волемија. Сите водат потекло од антарктичката флора и распределени се главно низ јужната полутопка.

Во голема мера највеќе видови се среќаваат во Нова Каледонија (18 вида), а останатите се распоредени во Австралија, Аргентина, Нов Зеланд, Чиле, јужен Бразил и Малезија. Во Малезија, ареалот на Каурите малку навлегува и во северната полутопка, достигнувајќи 18° СГШ на Филипините.

Употреба

уреди

Неколку вида уживаат голема популарност во градинарството во суптропскиот појас, а некои имаат големо стопанско значење како извор на висококвалитетна дрвена граѓа. Неколку од нив имаат семки што се користат во кулинарството (налик на боровите семки), а други пак даваат скапоцена смола и килибар. Во шумите кајшто растат, овие дрва се најголеми и најдоминантни. Најголемо дрво е Araucaria hunsteinii, од Нова Гвинеја (со примерок од 89 м), а други достигнуваат 50–65 м во висина. Разнолисната араукарија (Araucaria heterophylla) од Островот Норфолк е мошне застапена во пејзажното уредување и како собно растение.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 „Araucariaceae“. The Gymnosperm Database. Посетено на 19 ноември 2011.
  2. „Araucariaceae: life history and ecology“. University of California Museum of Paleontology. Посетено на 19 ноември 2011.
  3. „Agathis australis“. The Gymnosperm Database. Посетено на 19 ноември 2011.
  4. 4,0 4,1 Fu Liguo, Li Nan, & Robert R. Mill (1999). Z.Y. Wu & P.H. Raven (уред.). „Cycadaceae through Fagaceae“ (PDF). Araucariaceae. Flora of China. Science Press. 4: 9–10. ISBN 9780915279340. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-05-24. Посетено на 2012-01-23.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 James E. Eckenwalder (2009). „Conifers of the world: the complete reference“. Timber Press. стр. 70. ISBN 9780881929744.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 Stuart Max Walters (1986). „The European Garden Flora: Pteridophyta, Gymnospermae, Angiospermae“. Cambridge University Press. стр. 72. ISBN 9780521248594.
  7. Gerald Carr. „Araucariaceae“. University of Hawaii. Посетено на 19 ноември 2011.
  8. 8,0 8,1 Wayne P. Armstrong. „The Araucaria Family: Araucariaceae“. Wayne's Word, Paloma College. Архивирано од изворникот на 2011-12-03. Посетено на 19 ноември 2011.
  9. Изведено од трудови на A. Farjon и C. J. Quinn & R. A. Price од Proceedings of the Fourth International Conifer Conference, Acta Horticulturae 615 (2003)