Чемпреси

фамилија на четинари од родот на боровидните
Чемпреси

Чемпреси или кипариси (научCupressaceae) — семејство на четинарски растенија со распространетост ширум целиот свет. Опфаќа 27 до 30 рода (од кои 17 монотипни), каде спаѓаат смреката и секвојата. Целата фамилија брои вкупно 130-140 вида. Полово се еднодомни, поддводомни и (ретко) дводомни. Растенијата имаат облик на дрва или грмушки со раст од 1 до 116 м. Кората кај возрасните дрва најчесто е портокалова до црвенокафеава. Има врвчеста структура и се лупи надолжно, но некои видови имаат мазна, лушпеста или коцкесто распукана кора.

Чемпреси
Гранче од обичен чемпрес со шишарки
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
Оддел: Четинари
Ред: Чемпресовидни
Семејство: Чемпреси
Bartlett[1]
Потсемејства

Листовите се распоредени спирално или како спротивставени парови нормално еден на друг, или пак спротивставено ѕвездести со 3 или 4 листа, зависно од родот. Кај младите дрвца листовите се иглести, а кога ќе достигнат зрелост стануваат помали и лушпести. Ова е случај кај највеќето родови, но има и такви што остануваат иглести до крајот на животот. Старите листови не паѓаат поединечно, туку во грстови. Исклучок се листовите на младорастите, кои израснуваат во гранки, па паѓаат поединечно кога кората ќе почне да се лупи. Највеќето видови се зимзелени, чии листови траат од 2 до 10 г, но три рода (Glyptostrobus, Metasequoia, Taxodium) се листопадни или имаат листопадни видови.

Шишарки на сандрак (Tetraclinis)

Шишарките се одрвенети, кожести или (кај смреката) месести бобинки, со една до повеќе семени зачетоци по лушпа. Плодните и семените лушпи се сраснати освен при врвот, каде лушпичката изгледа како боцка. Како и кај лситовите, шишаркините лушпи се распоредени спирално, спротивставено или ѕвездесто, зависно од родот. Семето е мало и потсплескано, со тесни крилца од обете страни. Во помалку случаи семето има триаголен облик и три крилца. Кај некои родови, (на пр. Glyptostrobus, Libocedrus) крилцата се значително поголеми од семката, додека пак кај други семката е голема и нема крилца. Кога е во зародиш, растението има по два котиеледона, но некои видови имаат до шест. Поленовите шишарки се поеднообразни во составот ширум фамилијата, долги по 1–20 мм со спирално распоредени лушпи, спротивставено или зрачно, зависно од родот. Никнува по едно на вровт на гранчето (највеќето родови), на лисната оска (Cryptomeria), во соплодија (Cunninghamia; Juniperus drupacea), или пак во посебна долгнавеста метличка (Metasequoia, Taxodium).

Чемпресите се најраспространета фамилија на четинари, покртивајќи го целиот свет освен Антарктикот. Ареалот се протега од 71° СГШ во поларна Норвешка (модра смрека) па сè до 55° ЈГШ во најјужниот дел на Чиле (плигодендрон), while црната смрека достигнува 5.200 м надморска височина Tibet, највисоко од сите дрвја и дрвенести растенија. Виреат во највеќето живеалишта со исклучок на поларната тундра и тропската низинска дождовна шума (иако неколку видови се важен дел од умерените дождовни шуми и тропските горски облачни шуми); ретки се и по пустините бидејќи само малку видови издржуваат такви суши (таков пример е сахарски чемпрес (Cupressus dupreziana) во средна Сахара). И покрај општата сеприсутност, многу родови и видови имаат реликтна застапеност, и доста од нив се загрозени.

Класификација

уреди
 
Чемпреси

Фамилијата се дели на седум потсемејства врз основа на генетската и морфолошката анализа (Gadek et al. 2000, Farjon 2005:

потсемејство кунингамии (Cunninghamhioideae) (Zucc. ex Endl.) Quinn
потсемејство тајвании (Taiwanioideae) L.C.Li
потсемејство тасмански чемпреси (Athrotaxidoideae) L.C.Li
потсемејство секвои (Sequoioideae) Saxton
потсемејство барски чемпреси (Taxodioideae) Endl. ex K.Koch
потсемејство калитриси (Callitroideae) Saxton
потсемејство (Cupressoideae) Rich. ex Sweet

Занимливости

уреди

Фамилијата е значајна по тоа што ги има најголемите, највисоките и најдебелите дрва во светот, and also the second longest lived species in the world:
најголемо — џиновска секвоја, со зафатнина на стеблото од 1486,9 м3
највисоко — секвоја, со висина од 115,55 м tall
второ најдебело — мексикански барски чемпрес (Taxodium mucronatum), 11,42 м во пречник (по африканскиот баобаб)
второ најстаро — патагонски чемпрес, 3.622 години (по долговечниот бор)

Sugi (Cryptomeria japonica) е национално дрво на Јапонија, а мексиканскиот барски чемпрес (Ahuehuete; Taxodium mucronatum) the national tree of Mexico.

Наводи

уреди
  1. Watson, Frank D.; Eckenwalder, James E. (1993), „Cupressaceae“, Во Flora of North America Editorial Committee (уред.), Flora of North America North of Mexico (FNA), 2, New York and Oxford, Посетено на 6 September 2013 – преку eFloras.org, Ботаничка градина на Мисури, Сент Луис и Хербариуми на Харвард, Кемриџ Invalid |mode=CS1 (help)
  • Farjon, A. (1998). World Checklist and Bibliography of Conifers. Royal Botanic Gardens, Kew. 300 p. ISBN 1-900347-54-7.
  • Farjon, A. (2005). Monograph of Cupressaceae and Sciadopitys. Royal Botanic Gardens, Kew. ISBN 1-84246-068-4.
  • Farjon, A., Hiep, N. T., Harder, D. K., Loc, P. K., & Averyanov, L. (2002). A new genus and species in the Cupressaceae (Coniferales) from northern Vietnam, Xanthocyparis vietnamensis. Novon 12: 179–189.
  • Gadek, P. A., Alpers, D. L., Heslewood, M. M., & Quinn, C. J. (2000). Relationships within Cupressaceae sensu lato: a combined morphological and molecular approach. American Journal of Botany 87: 1044–1057. Available online Архивирано на 29 септември 2009 г..
  • Little, D. P., Schwarzbach, A. E., Adams, R. P. & Hsieh, Chang-Fu. (2004). The circumscription and phylogenetic relationships of Callitropsis and the newly described genus Xanthocyparis (Cupressaceae). American Journal of Botany 91 (11): 1872–1881. пристап Архивирано на 15 мај 2008 г..

Надворешни врски

уреди