Чадорест бор
Чадорест бор Период: пред 230 м.г. - денес | |
---|---|
Чадорест бор | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Оддел: | Четинари |
Класа: | Четинари (род) |
Ред: | Боровидни |
Семејство: | Чадорести борови Luerss. |
Род: | Sciadopitys Siebold & Zucc. |
Вид: | S. verticillata |
Научен назив | |
Sciadopitys verticillata (Thunb.) Siebold & Zucc. |
Чадорест бор(науч. Sciadopitys verticillata) или којамаки (јап. コウヤマキ) — карактеристичен четинар кој е ендемски во Јапонија. Ова е единствен член на фамилијата Чадорести борови (Sciadopityaceae) и родот Sciadopitys и претставува жив фосил кој нема блискосродни дрва и растенија. Познат е од фосилните наоди од пред 230 милиони години.
Името на родот доаѓа од старогрчкката претставка скијадо- = „сенка“ и питис = „бор“; видовиот епитет значи „овенчен“.
Ова зимзелено дрво расте до висина од 15-27 м. Главните гранки се кафеави, а на нив има венчиња од долгнавести игли (кладоди) со големина од 7–12 см. Иако изгледаат и играат улога на листови, кладодите се всушност составени од стеблено ткиво. Понекогаш кладодата се двои на два дела, и во чаталот расте пупка. Шишарките се 6–11 см во должина, созреваат за 18 месеци и имаат сплеснати лушпи што се отвораат и испуштаат семиња.
И покрај бавниот раст и високата цена, чадорестиот бор е мошне популарно украсно дрво во градинарството поради неговиот пријатен изглед.
Занимливости
уредиВо Европа дрвото прв го донел шкотскиот ботаничар Џон Гулд Вејч во 1860.[1]
Наодите од анализите со инфрацрвена спектроскопија укажуваат на тоа дека балтичкиот килибар доаѓа од чадорестите борови, а не од дрва од фамилиите Араукариите и Боровите, како што се сметало порано.[2]
Наводи
уреди- ↑ James Herbert Veitch (2006). Hortus Veitchii. Caradoc Doy. стр. 51–52. ISBN 0-9553515-0-2.
- ↑ Wolfe AP, Tappert R, Muehlenbachs K, Boudreau M, McKellar RC, Basinger JF, Garrett A. (2009). A new proposal concerning the botanical origin of Baltic amber. Proc Biol Sci. 276(1672):3403-12. doi:10.1098/rspb.2009.0806 PMID 19570786
Надворешни врски
уреди„Чадорест бор“ на Ризницата ? |
- „Sciadopitys verticillata“. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 1998. Посетено на 11 мај 2006.
- Чадорест бор - База на голосеменици (англиски)
- Одлики на чадорестиот бор Архивирано на 3 март 2016 г. (англиски)