Палеоетноботаника

(Пренасочено од Палеоботаника)

Палинологија е научна дисциплина која го анализира поленот од фосилите и помага во реконструкција на древната растителност и клима.

Единствен сигурен доказ за реконструкција на некогашната флора се палеоботаничките наоди, но за жал тие се или ретки или територијално и временски ограничени. Од друга страна исто така врз основа на проучување на различните видови флорални комплекси, може да се направи обид да се реконструира околната средина и климата. Добиените податоци овозможуваат да се открие древната природната околина, т.е. да се види каков бил одност на човекот кон неговата животна средина. Меѓу другото, преку земјоделските и разни други активности може да се заклучи на кој начин пра- и протоисториските заедници го контролирале или го модифицирале составот на растителноста во својата околина.