Мирцштег

село во Штаерска, Австрија

Мирцштег (германски: Mürzsteg) — село во округот Брук-Мирццушлаг на покраината Штаерска во Австрија. Порано било одделна општина, но во 2015 г. е ставено во состав на Нојберг на Мирц.[2]

Мирцштег
Mürzsteg
Селската црква и детско игралиште
Селската црква и детско игралиште
ЗемјаАвстрија
ПокраинаШтаерска
ОкругБрук-Мирццушлаг
Површина
 • Вкупна108,58 км2 (4,192 ми2)
Надм. вис.&10000000000000782000000782 м
Население (2016)[1]
 • Вкупно594
 • Густина0,055/км2 (0,14/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.8693
Повик. бр.03859
Рег. таб.MZ
Мреж. местоmuerzsteg.at

Мирцштешки реформи уреди

Селото е познато во македонската историја како место кајшто се донеле познатите Мирцштешки реформи — програма на реформи на управата во Солунскиот, Битолскиот и Косовскиот вилает на Османлиското царство, кои големите сили му ги наметнале на царството.[3] Реформите делумно се спроведени во периодот 1904-1909 година. Во документот, рускиот цар Николај II и австрискиот цар Франц Јосиф со своите соработници на 2 октомври 1903 година постигнале спогодба за спроведување реформи во Македонија.

Население низ историјата уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
18691.398—    
18801.270−9.2%
18901.317+3.7%
19001.166−11.5%
19101.125−3.5%
1923936−16.8%
1934943+0.7%
1939879−6.8%
19511.099+25.0%
1961993−9.6%
1971813−18.1%
1981634−22.0%
1991652+2.8%
2001554−15.0%

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Statistik Austria - Bevölkerung zu Jahresbeginn 2002-2016 nach Gemeinden (Gebietsstand 1.1.2016).
  2. Die neue Gemeindestruktur der Steiermark
  3. Лалков, М. Мюрцщешката реформена програма 1903-1908 г. – в: Национално-освободителното движение на македонските и тракийските българи 1878-1944, том 3 (Македонски научен институт, София 1997)

Надворешни врски уреди