10 август (настани)
шаблон на Викимедија
1675 | Поставен е камен-темелникот на Кралската опсерваторија во Гринич, денес местото кајшто минува нултиот меридијан. |
1792 | Француска револуција: Револуционерите во Париз навлегле во палатата Тилери (подоцна запалена и урната во текот на Париската комуна), со што ја окончале монархијата. |
1913 | Потпишан Букурешкиот мировен договор, со катастрофални последици по Македонија и македонскиот народ. По Втората балканска војна, која на 30 јуни 1913 ја почна Бугарија, со цел да приграби поголем дел од Македонија. Во оваа војна учествуваа Црна Гора и Грција од една страна и Бугарија од друга страна. Во војната се вклучија Романија и Турција. Со овој мир Македонија е поделена на три дела: на Бугарија, на Србија и на Грција. Поради провидноста на некои одредби на овој мир, Балканот стана подрачје за постојани недоразбирања меѓу балканските држави. |
1969 | Само еден ден по шесте брутални убиства, членовите на култот Чарлс Менсон напаѓаат уште еднаш: овој пат жртви се Лено и Роузмари Лебјанка. |
1977 | Во Њујорк уапсен е Дејвид Берковиц, попознат како Синот на Сем, сериски убиец кој досега има признаено дека извршил шест убиства. |
2000 | Според следачот на промената на светското население на www.ibiblio.org, светската популација ја достигнува бројката од 6 милијарди. |
2005 | Ли Сунг Сеп од Јужна Кореја умира поради преголем замор предизвикан од непрестајно 49-часовно играње на World Of Warcraft и StarCraft. |