Мелнички мост
Мелнички мост — патен мост на регионалниот пат 1202, кој го поминува Дебарското Езеро.
Мелнички мост | |
---|---|
Воздушен поглед на мостот над Дебарското Езеро | |
Координати | 41°31′18″N 20°34′06″E / 41.521667° СГШ; 20.568333° ИГД |
Носи | |
Преминува | Дебарско Езеро |
Место | Долно Мелничани |
Сопственик | Електростопанство на Македонија |
Особености | |
Вкуп. должина | 368 м |
Историја | |
Проектант | Никола Хајдин |
Инженер | Цветан Таневски-Цони |
Градител | ГП „Пелагонија“ |
Почнат | 1969 |
Завршен | 1970 |
Сообраќај | |
Мостарина | нема |
Местоположба | |
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found |
Историја
уредиСо изградбата на браната „Шпиље“ и создавањето на Дебарското Езеро, било неопходно да се изгради мост за премостување на двете страни на езерото. Изградбата на мостот била извршена во периодот 1969-1970 година според проектна документација на професорот Никола Хајдин од Белградскиот универзитет. Мостот бил изграден од ГП „Пелагонија“, а со инвестиција на Електростопанство на Македонија.[1] Мостот бил изграден во 1970 година, а на него се наоѓа и градскиот водовод за Дебар, кој доаѓа од селото Росоки.[2]
Во текот на 2014 година бил обновен[3] откако биле регистрирани сериозни оштетувања на самата конструкција на мостот.[1]
Конструкција
уредиМостот е изведен како две континуирани независни конструкции преку четири полиња со меѓусебен распон 68 + 2 х 83 + 68 и преку две полиња со меѓусебен распон од 33 + 33 метри. Вкупната должина на мостот е 368 метри, и припаѓа на групата подолги и поатрактивни мостови во Македонија.[1]
Галерија
уреди-
Поглед на мостот
-
Воздушен поглед
-
Мостот пред обновата
-
Поглед на мостот по обновата
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Транспортна артерија на Дебар со останатите делови од Македонија“. Порта3. 2015-01-15. Посетено на 2023-01-08.
- ↑ „ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА | Јавно претпријатие за државни патишта“. www.roads.org.mk. Посетено на 2023-01-08.
- ↑ „Обновениот Мелнички мост пред технички прием, инвестирани 69,6 милиони денари“. kanal5.com.mk. Посетено на 2023-01-07.
Надворешни врски
уреди- Мелнички мост на Ризницата ?