Гилде
Гилде (германски: Gielde) — село и поранешна општина во округот Волфенбител во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Од 1 ноември 2013 година е дел од општината Шладен-Верла.
Гилде | |
Место во Шладен-Верла | |
Поглед на Гилце од југ | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Волфенбител |
Општина | Шладен-Верла |
Основни податоци | |
Површина | 9,11 км2 |
Надм. височина | 94−152 м |
Население | 792 (31 декември 2012) |
- Густина | 87 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | WF |
Пошт. бр. | 38315 |
Повик. бр. | 05339 |
Координати | 52°02′N 10°30′E / 52.033° СГШ; 10.500° ИГД |
Географија
уредиГилде се наоѓа на северното подножје на планинскиот масив Харц, сместен помеѓу Финенбург (дел од градот Гослар) на југ и Волфенбител на север; соседни села се Шладен на југоисток и Либенбург на југозапад.
Историја
уредиНаселба со име „Гелити“ (Gelithi) била првпат спомената во декрет од 953 година и како „Гелите“ (Gelithe) во 1140 година. Првата парохиска црква веројатно била изградена во текот на служењето на епископот Готхард Хилдесхајмски во почетокот на XII век. Тогаш, областа била дел од средновековното Војводство Саксонија. Остатоците на саксонската тврдина (Kukeriulenburg) се видливи на север од денешното село.
Дворецот Алтенроде, кој веројатно бил изграден од камењата на срушениот замок, бил попишан како имот на манастирот Хајнинген од 1306 година. Кога манастирот бил секуларизиран во 1810 година, дворецот станал приватен посед и денес е споменик на културата.
Надворешни врски
уреди- Гилде на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)
Оваа статија за место во Долна Саксонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |