Човечка глава
За други значења на поимот, погл. Глава (појаснување).
Во анатомијата, човечката глава (латински: caput) е горниот дел од телото на човекот. Главата се граничи кон вратот со линија која оди по долниот раб на долната вилица, долниот раб на надворешниот ушен отвор и мастоидниот продолжеток и преку горната тилна линија (linea nuchae superior), доаѓа до надворешното тилно испакнување (protuberantia occipitalis externa).
На главата се разликуваат два дела: череп (cranium) и лице (facies). Лицето, придодадено на преднодолниот дел од черепот, се граничи од него со линија која оди од коренот на носот, па преку горниот раб на орбитата и работ на јагодичната коска доаѓа до долниот раб на надворешниот ушен отвор.[1] [2]
Главата како тема во уметноста и во популарната култура
уредиГлавата како тема во книжевноста
уреди- „Трајко без глава“ - македонска народна приказна.[3]
- „Во главата кога 'клик' ти прави“ - песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2015 година.[4]
- „Обезглавување“ - кус расказ на македонскиот писател Драган Георгиевски од 2013 година.[5]
- „Бронзена глава“ (англиски: A Bronze Head) - песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс.[6]
- „Булка во глава“ — кус расказ на македонскиот писател Ненад Јолдески.[7]
- „Заменети глави“ - новела на германскиот писател Томас Ман од 1941 година.[8]
- „Песна за главата и месечината“ - песна на полскиот поет Јулијан Тувим.[9]
Главата како тема во музиката
уреди- „Хармонија во мојата глава“ (англиски: Harmony in my head) - песна на британската панк-рок група Базкокс (Buzzcocks) од 1979 година.[10]
- „Планините на твојата глава“ (англиски: Mountains Of Your Head) — песна на американската рок-група Buffalo Tom од 1992 година.[11]
- „Глабоболка“ (англиски: Headache) - албум на американската рок-група Биг блек (Big Black) од 1987 година.[12]
- „Провери ја главата“ (англиски: Check your head) - албум на американската рап-група Бисти бојс (Beastie Boys) од 1992 година.[13]
- „Наведни ја главата“ (англиски: Hang Down Your Head) - песна на американскиот музичар Том Вејтс (Tom Waits) од 1985 година.[14]
- „Каде и да ја оставам главата“ (англиски: Anywhere I Lay My Head) - песна на американскиот музичар Том Вејтс од 1985 година.[15]
- „Болен во главата“ (англиски: Ill In The Head) — песна на американската панк-рок група Дед Кенедис (Dead Kennedys) од 1980 година.[16]
- „Мојата глава е мојата единствена куќа, освен кога врне“ (англиски: My Head Is My Only House Unless It Rains) - песна на американската рок-група Captain Beefheart And The Magic Band од 1972 година.[17]
- „Жешка глава“ (англиски: Hot Head) - песна на американската рок-група Captain Beefheart & His Magic Band од 1980 година.[18]
- „Глави“ (српски: Главе) — песна на српската рок-група Електрични оргазам од 1982 година.[19]
- „Во мојата глава“ (англиски: Inside My Head) — песна на британската рок-група Inspiral Carpets од 1990 година.[20]
- „Главата на Хеди“ (англиски: Hedi's head) - песна на швајцарската панк-рок група Клинекс/ЛиЛиПУТ (Kleenex/LiLiPUT).[21]
- „Глава со крилја“ (англиски: A Head With Wings) - песна на американската рок-група Морфин (Morphine) од 1993 година.[22]
- „Глава како дупка“ (англиски: Head Like a Hole) - песна на американската група Најн инч нејлс (Nine Inch Nails).[23]
- „Глава“ (англиски: Head) — песна на американскиот поп-музичар Принс од 1980 година.[24]
- „Повреда на главата“ (англиски: Head Injury) - песна на американската рок-група Саундгарден (Soundgarden) од 1988 година.[25]
- „Наведната глава“ (англиски: Head down) - песна на американската рок-група Саундгарден од 1994 година.[26]
- „Втора глава“ (англиски: Second Head) — песна на англиската рок-група The Teardrop Explodes од 1980 година.[27]
- „Околу мојата глава“ (српски: Oko moje glave) - песна на југословенската рок-група Шарло Акробата од 1981 година.[28]
Оваа статија од областа на анатомијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Bošković, M.S. Anatomija coveka. Medicinska knjiga, Beograd-Zagreb, 1977.
- ↑ Карговска-Клисарова А. et al. Анатомија на човекот: Остеологија. Просветно дело, Скопје, 2000.
- ↑ Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 12-13.
- ↑ Ана Бунтеска, Стави лајк на сопствениот живот. Скопје: Матица Македонска, 2015, стр. 88-89.
- ↑ Драган Георгиевски, Метаморфузија, Темплум, Скопје, 2013.
- ↑ Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 179-180.
- ↑ Очудувања 3. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 41-42.
- ↑ Miloš Đorđević, „Novele Tomasa Mana“, во: Tomas Man, Tonio Kreger - Smrt u Veneciji. Beograd: Rad, 1963, стр. 140.
- ↑ Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 37-38.
- ↑ The Buzzcocks, Singled going steady, I.R.S. Records, X2-13153.
- ↑ Discogs, Buffalo Tom – Let Me Come Over (посетено на 15.3.2022)
- ↑ DISCOGS, Big Black – Headache (пристапено на 21.4.2021)
- ↑ DISCOGS, Beastie Boys – Check Your Head (пристапено на 17.6.2020)
- ↑ DISCOGS, Tom Waits – Rain Dogs (пристапено на 20.7.2019)
- ↑ DISCOGS, Tom Waits – Rain Dogs (пристапено на 20.7.2019)
- ↑ Discogs, Dead Kennedys – Fresh Fruit For Rotting Vegetables (пристапено на 9.9.2022)
- ↑ Discogs, Captain Beefheart And The Magic Band – Clear Spot (пристапено на 26.6.2020)
- ↑ YouTube, Hot Head - Captain Beefheart & His Magic Band (посетено на 3.10.2017)
- ↑ Discogs, Električni Orgazam – Lišće Prekriva Lisabon (пристапено на 15.4.2021)
- ↑ Inspiral Carpets – Life (пристапено на 17.2.2023)
- ↑ YouTube, Kleenex/LiLiPUT - Hedi's Head (from Kleenex/LiLiPUT) (пристапено на 1.7.2017)
- ↑ YouTube, Morphine - Cure for Pain (Full Album) (посетено на 16.6.2017)
- ↑ YouTube, Nin Pretty Hate Machine Full Album (пристапено на 17.1.2020)
- ↑ Prince – Dirty Mind (пристапено на 17.2.2023)
- ↑ Discogs, Soundgarden – Ultramega OK (пристапено на 8.8.2019)
- ↑ YouTube, Soundgarden - Superunknown (Full Album) HD (пристапено на 8.1.2017)
- ↑ Discogs, The Teardrop Explodes – Kilimanjaro (пристапено на 12 март 2021)
- ↑ YouTube, Sarlo Akrobata - Oko moje glave (пристапено на 12.2.2017)