Черпишта

село во Нигритско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Чирипишча)

Черпишта или Черништа (грчки: Τερπνή, Терпни; до 1923 г. Τσέρπιστα, Церписта[2]) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот округ, Грција. Иако изворите го претставуваат населението како грчко, всушност се работи за погрчени Македонци.

Черпишта
Τερπνή
Черпишта is located in Грција
Черпишта
Черпишта
Местоположба во областа
Черпишта во рамките на Визалтија (општина)
Черпишта
Местоположба на Черпишта во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°54.59′N 23°28.53′E / 40.90983° СГШ; 23.47550° ИГД / 40.90983; 23.47550
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаВизалтија
Општ. единицаНигрита
Надм. вис.&1000000000000007000000070 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно1.593
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓа во Серското Поле, на 1 км северно од Нигрита, во северното подножје на Богданска Планина.

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Црквата „Св. Димитриј“ е од 1740 г.[3]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Черипишта (Tchéripischta) имало 150 домаќинства со 306 Грци и 120 муслимани.[4]

Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Черпишта:

Черписта — село со мешано население, муслиманите се Турци Коњари, христијаните — Грци; една црква, едно училиште, една џамија и едно муслиманско училиште (мектеб). Оддалечено е на половина час од Нигрита.[5]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Чирпишта, на СЗ од Нигрита, во подножјето на Бешичка Планина, на растојание 12 час. Ова село некогаш цветало, сега сосем опаднало; жителите се задолжени до уши. До Чирпишта се гледаат урнатини од стари ѕидини од непозната епоха. 120 куќи, половината Турци, а половината христијани — Грци. Имаат црква.[6]

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) на почетокот на XX век Черпишта имало 460 жители Турци и 500 Грци.[7] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население на Черништа (Tchetnichta) се состоело од 800 Грци и во селото имало грчко училиште.[8]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 938 жители, а во 1920 г. се накачило на 1.333 лица.[9] Во 1920-тите турското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки колонисти. На пописот од 1928 г. Черпишта е мешано мештанско-дојденско село со 2.044 жители,[9] од кои 280 лица (64 семејства) биле дојденци, а останатите мештани.[10] Во 1923 г. селото е преименувано во Терпни.[11]

Во понатамошните години селото продолжило да расте поради новостекнатата земја добиена по пресушувањето на Тахинското Езеро.[9]

Месности во Черпишта преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г.
Име Грчки Ново име Грчки Опис
Сали Милос[12] Σαλή Μύλος Севастианон Рема Σεβαστειανόν Ρέμα[13] името на Голема Река во нејзиното горно течение на Богданска Планина[12]
Амбарудија[12] Άμπαρούδια Апотикес Αποθήκες[13] врв на Богданска Планина на ЈЗ од Черпишта (926 м)[12]
Морава[12] Μουράβα Мермингас Μέρμηγκας[13] централниот венец на Богданска Планина на ЈЗ од Черпишта (807,4 м)[12]
Крендишта[12] Κρέν Τίστα/Κρεντίστα[14] Иконостаси Εικονοστάσι[13] возвишение на Богданска Планина на ЈЗ од Черпишта[12]
Патрах[12] Πατράχι Стронгилон Στρογγυλόν[13] возвишение на Богданска Планина на ЈЗ од Черпишта[12]
Мација[15] Ματσιά Самаринон Рема Σαμαρινόν Ρέμα[13] името на реката Лагатрис во нејзиното горно течение[15]
Ќадули[12] Κιαδούλι Исома Ίσωμα[13] месност на СИ од Черпишта[12]
Косело[12] Κοσιέλο Камбос Κάμπος[13] месност на С од Черпишта[12]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 2.663 2.603 2.872 2.616 2.514 2.316 2.189 2.169 1.593
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. „Ιερός Ναός Αγίου Δημητρίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 3 ноември 2014.[мртва врска]
  4. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 122–123. ISBN 954-8187-21-3.
  5. Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 58.
  6. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 843.
  7. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 179. ISBN 954430424X.
  8. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 200–201.
  9. 9,0 9,1 9,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 243. ISBN 9989-9819-6-5.
  10. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  11. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  12. 12,00 12,01 12,02 12,03 12,04 12,05 12,06 12,07 12,08 12,09 12,10 12,11 12,12 12,13 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  13. 13,0 13,1 13,2 13,3 13,4 13,5 13,6 13,7 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1042. 1968. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  14. Λιθοξόου, Δημήτρη. „Μετονομασίες θέσεων (μικροτοπωνυμίων)“. Δημήτρης Λιθοξόου.
  15. 15,0 15,1 Nigríta GSGS (Series); 4439. 1st ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. 610/10395." In collections: Greece 1:100k Topographic Maps. Digital Archive McMaster University. London: War Office. 1944.