Чимборасо (шпански: Chimborazo) — неактивен вулкан во состав на Андите во Еквадор. Последната ерупција се случила во околу 550 г.[6]

Чимборасо
Chimborazo
Врвот на Чимборасо - најоддалечената точка на Земјата од нејзиниот центар.[1]
Највисока точка
Надм. вис.6.310 м [бел 1]
Истакнатост4.123 м
Заведена каконајвисок во земјата
ултра
Географија
{{{name}}} на карта

Карта

ПокраинаEC
Матичен венецАнди
ТопокартаIGM, CT-ÑIV-C1 [3]
Геологија
Старост на карпатапалеоген[4]
Видстратовулкан
Последен избув550 г. ± 150 години [5]
Искачување
Најлесен патледник/снег; PD

Со висина од 6.310 м, Чимборасо е највисока планина во земјата. Највисокиот врв мошне блиску до екваторот. Иако оваа планина не е највисока по надморска височина, фактот што лежи на екваторската испакнатина значи дека нејзиниот врв е најоддалеченото место од центарот (јадрото) на Земјината топка. Планината е претставена на грбот на Еквадор.

Географија

уреди

Местоположба

уреди

Чимборасо е дел од венецот Кодилјера Оксидентал во состав на Андите во среден Еквадор, 150 км југозападно од главниот град Кито. Врвот се издига 2.500 м над околните гори (~3.500 до 4.000 м), а основата му е широка ~20 км.

При ведри услови, врвот на Чимборасо може да се види од крајбрежниот град Гвајакил, оддалечен речиси 140 км. Најблиски градови до планината се Риобамба (~30 км на југоисток), Амбато (~30 км на североисток) и Гваранда (~25 км на југозапад). Подрачјето околу планината е заштитен резерват[7] кој има за цел да го заштити екосистемот кој претставува живеалиште за автохтоните членови на семејството Камили: викуњата, ламата и алпаката.

Ледник

уреди

Врвот на Чимборасо е сосема прекриен со ледник, а некои североисточни ракави се преливаат надолу до висина од 4.600 м. Овој ледник ги снабдуба со вода покраините Боливар и Чимборасо. Ледената маса се има повлечено во изминатите децении, што некои сметаат дека се должи на глобалното затоплување, пепелта од неодамнешната вулканска активност [бел 2] на планината Тунгарауа и природната појава Ел Нињо.[9][10]

Вулканизам

уреди

Чимборасо е претежно андезитно-дацитен стратовулкан. Во една бурна ерупција пред околу 35.000 години дел од планината се урнала во лавина, врз чии наноси е изграден градот Риобамба. Вулканот избувнал неколкупати во текот на холоценот. Последниата ерупција се случила во околу 550 г. (± 150 години).[5] Денес вулканот е неактивен.

Најоддалечена точка од центарот на Земјата

уреди

Врвот на планината Монт Еверест достигнува најголема надморска височина, но, благодарение на испапченоста на земјата кај екваторот, врвот на Чимборасо е најоддалечената точка на Земјата од нејзиниот центар.[11][12] На второ место е планината Уаскаран, и тоа со мошне мала разлика. Иако надморската височина на Чимборасо е помала за цели 2580 м, врвот е оддалечен од центарот на Земјата 6.384,4 км, што е за 2.168 м подалеку од врвот на Монт Еверест.[бел 3] Меѓутоа, сметајќи по надморска височина, Чимборасо не е ни највисоката планина на Андите.

Прво искачување

уреди

Сè до почетокот на XIX век, се сметало дека Чимборасо е највисока планина на светот (надм. височина) и поради тоа постоеле многу обиди за нејзино искачување во XVII и XVIII век. Во 1802, за време на неговата експедиција во Јужна Америка, Александар фон Хумболт, Еме Бонплан и Еквадорецот Карлос Монтуфар се обиделе да ја искачат планината. Достигнувајќи 5.875 м, почнале да патат од висинска болест и затоа морале да се вратат. Во 1831 истиот обид го направиле Жан Батист Бусенго и полковникот Хол, но и тие не стигнале до врвот, туку успеале да ги надминат претходниците со искачените 6.006 м.[13][14] Во 1880, врвот на Чимборасо први го освоиле англискиот истражувач Едвард Вимпер и браќата Луј и Жан-Антоан Карел од Италија. Оца подоцна го повториле со придружба.[15]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Наведената надморска височина е утврдена со дифиренцијален GPS во 1993; погл. World Mountaineering во наводите. Точноста изнесува ±2 м.[2] Оваа бројка се совпаѓа со податоците од SRTM, за разлика од постарата и неисправна, но сè уште распространета бројка од 6310 м.
  2. Неодамнешните активности на вулканот Тунгарауа започнале во 1999. Најзначајните ерупции се случиле во периодите октомври-декември 1999 и мај-јули 2006.[8]
  3. In this ranking several other Andean peaks as well as Africa's highest mountain, Kilimanjaro, exceed Everest.
  1. Reaching Earth´s Closest Point to the Sun
  2. „Ecuador, Chimborazo/Cotopaxi (copy)“. Mountain INFO. High Magazine (136). 1994. Посетено на 18 август 2008.
  3. „Chimborazo Ecuador, CT-ÑIV-C1“. IGM (Instituto Geografico Militar, Ecuador). 1991. Архивирано од изворникот на 2012-04-25. Посетено на 26 јануари 2008.
  4. Gomez, Nelson (1994). Atlas del Ecuador. Editorial Ediguias. ISBN 9978-89-009-2.
  5. 5,0 5,1 „Глобална програма за вулканизам“. Смитсонова установа. Посетено на 1 јануари 2009. (англиски)
  6. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-09-22. Посетено на 2012-06-24.
  7. шпан. Reserva de Produccion Faunistica Chimborazo
  8. „Actividad Volcan Tungurahua“. Instituto Geofísico, EPN Ecuador. Архивирано од изворникот на 2007-06-13. Посетено на 28 април 2007.
  9. Chaffaut, Isabelle; Marie Guillaume (2004). „El Niño and glacier melt in the tropical Andes“. innovations report. Посетено на 8 август 2006.
  10. Schoterer, Ulrich; Grosjean M.; Stichler W; и др. (2003). „Glaciers and Climate in the Andes between the Equator and 30° S: What is Recorded under Extreme Environmental Conditions?“. Climatic Change. 59: 157. doi:10.1023/A:1024423719288.
  11. Audrey Salkeld, ed., World Mountaineering, Bulfinch Press, 1998, ISBN 0-8212-2502-2, стр. 140
  12. NPR
  13. "Greatest Ascents in the Atmosphere" The Times (Лондон). среда, 7 септември 1836. Бр. 16202, col E, стр. 2.
  14. McCosh, Frederick William James (1984). Boussingault: Chemist and Agriculturist. Dordrecht: D. Reidel. ISBN 90-277-1682-X.
  15. Whymper, Edward (1892). Travels Amongst the Great Andes of the Equator. John Murray. ISBN 1-904466-24-9.

Надворешни врски

уреди