Чимборасо
Чимборасо (шпански: Chimborazo) — неактивен вулкан во состав на Андите во Еквадор. Последната ерупција се случила во околу 550 г.[6]
Чимборасо | |
---|---|
Chimborazo | |
Врвот на Чимборасо - најоддалечената точка на Земјата од нејзиниот центар.[1] | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 6.310 м [бел 1] |
Истакнатост | 4.123 м |
Заведена како | највисок во земјата ултра |
Географија | |
Покраина | EC |
Матичен венец | Анди |
Топокарта | IGM, CT-ÑIV-C1 [3] |
Геологија | |
Старост на карпата | палеоген[4] |
Вид | стратовулкан |
Последен избув | 550 г. ± 150 години [5] |
Искачување | |
Најлесен пат | ледник/снег; PD |
Со висина од 6.310 м, Чимборасо е највисока планина во земјата. Највисокиот врв мошне блиску до екваторот. Иако оваа планина не е највисока по надморска височина, фактот што лежи на екваторската испакнатина значи дека нејзиниот врв е најоддалеченото место од центарот (јадрото) на Земјината топка. Планината е претставена на грбот на Еквадор.
Географија
уредиМестоположба
уредиЧимборасо е дел од венецот Кодилјера Оксидентал во состав на Андите во среден Еквадор, 150 км југозападно од главниот град Кито. Врвот се издига 2.500 м над околните гори (~3.500 до 4.000 м), а основата му е широка ~20 км.
При ведри услови, врвот на Чимборасо може да се види од крајбрежниот град Гвајакил, оддалечен речиси 140 км. Најблиски градови до планината се Риобамба (~30 км на југоисток), Амбато (~30 км на североисток) и Гваранда (~25 км на југозапад). Подрачјето околу планината е заштитен резерват[7] кој има за цел да го заштити екосистемот кој претставува живеалиште за автохтоните членови на семејството Камили: викуњата, ламата и алпаката.
Ледник
уредиВрвот на Чимборасо е сосема прекриен со ледник, а некои североисточни ракави се преливаат надолу до висина од 4.600 м. Овој ледник ги снабдуба со вода покраините Боливар и Чимборасо. Ледената маса се има повлечено во изминатите децении, што некои сметаат дека се должи на глобалното затоплување, пепелта од неодамнешната вулканска активност [бел 2] на планината Тунгарауа и природната појава Ел Нињо.[9][10]
Вулканизам
уредиЧимборасо е претежно андезитно-дацитен стратовулкан. Во една бурна ерупција пред околу 35.000 години дел од планината се урнала во лавина, врз чии наноси е изграден градот Риобамба. Вулканот избувнал неколкупати во текот на холоценот. Последниата ерупција се случила во околу 550 г. (± 150 години).[5] Денес вулканот е неактивен.
Најоддалечена точка од центарот на Земјата
уредиВрвот на планината Монт Еверест достигнува најголема надморска височина, но, благодарение на испапченоста на земјата кај екваторот, врвот на Чимборасо е најоддалечената точка на Земјата од нејзиниот центар.[11][12] На второ место е планината Уаскаран, и тоа со мошне мала разлика. Иако надморската височина на Чимборасо е помала за цели 2580 м, врвот е оддалечен од центарот на Земјата 6.384,4 км, што е за 2.168 м подалеку од врвот на Монт Еверест.[бел 3] Меѓутоа, сметајќи по надморска височина, Чимборасо не е ни највисоката планина на Андите.
-
Викуња кај планината
-
Чимборасо од запад
-
Чимборасо од Гвајанкил
-
Сенката на Чимборасо од врвот на изгрев
Прво искачување
уредиСè до почетокот на XIX век, се сметало дека Чимборасо е највисока планина на светот (надм. височина) и поради тоа постоеле многу обиди за нејзино искачување во XVII и XVIII век. Во 1802, за време на неговата експедиција во Јужна Америка, Александар фон Хумболт, Еме Бонплан и Еквадорецот Карлос Монтуфар се обиделе да ја искачат планината. Достигнувајќи 5.875 м, почнале да патат од висинска болест и затоа морале да се вратат. Во 1831 истиот обид го направиле Жан Батист Бусенго и полковникот Хол, но и тие не стигнале до врвот, туку успеале да ги надминат претходниците со искачените 6.006 м.[13][14] Во 1880, врвот на Чимборасо први го освоиле англискиот истражувач Едвард Вимпер и браќата Луј и Жан-Антоан Карел од Италија. Оца подоцна го повториле со придружба.[15]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Наведената надморска височина е утврдена со дифиренцијален GPS во 1993; погл. World Mountaineering во наводите. Точноста изнесува ±2 м.[2] Оваа бројка се совпаѓа со податоците од SRTM, за разлика од постарата и неисправна, но сè уште распространета бројка од 6310 м.
- ↑ Неодамнешните активности на вулканот Тунгарауа започнале во 1999. Најзначајните ерупции се случиле во периодите октомври-декември 1999 и мај-јули 2006.[8]
- ↑ In this ranking several other Andean peaks as well as Africa's highest mountain, Kilimanjaro, exceed Everest.
- ↑ Reaching Earth´s Closest Point to the Sun
- ↑ „Ecuador, Chimborazo/Cotopaxi (copy)“. Mountain INFO. High Magazine (136). 1994. Посетено на 18 август 2008.
- ↑ „Chimborazo Ecuador, CT-ÑIV-C1“. IGM (Instituto Geografico Militar, Ecuador). 1991. Архивирано од изворникот на 2012-04-25. Посетено на 26 јануари 2008.
- ↑ Gomez, Nelson (1994). Atlas del Ecuador. Editorial Ediguias. ISBN 9978-89-009-2.
- ↑ 5,0 5,1 „Глобална програма за вулканизам“. Смитсонова установа. Посетено на 1 јануари 2009. (англиски)
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-09-22. Посетено на 2012-06-24.
- ↑ шпан. Reserva de Produccion Faunistica Chimborazo
- ↑ „Actividad Volcan Tungurahua“. Instituto Geofísico, EPN Ecuador. Архивирано од изворникот на 2007-06-13. Посетено на 28 април 2007.
- ↑ Chaffaut, Isabelle; Marie Guillaume (2004). „El Niño and glacier melt in the tropical Andes“. innovations report. Посетено на 8 август 2006.
- ↑ Schoterer, Ulrich; Grosjean M.; Stichler W; и др. (2003). „Glaciers and Climate in the Andes between the Equator and 30° S: What is Recorded under Extreme Environmental Conditions?“. Climatic Change. 59: 157. doi:10.1023/A:1024423719288.
- ↑ Audrey Salkeld, ed., World Mountaineering, Bulfinch Press, 1998, ISBN 0-8212-2502-2, стр. 140
- ↑ NPR
- ↑ "Greatest Ascents in the Atmosphere" The Times (Лондон). среда, 7 септември 1836. Бр. 16202, col E, стр. 2.
- ↑ McCosh, Frederick William James (1984). Boussingault: Chemist and Agriculturist. Dordrecht: D. Reidel. ISBN 90-277-1682-X.
- ↑ Whymper, Edward (1892). Travels Amongst the Great Andes of the Equator. John Murray. ISBN 1-904466-24-9.
Надворешни врски
уреди„Чимборасо“ на Ризницата ? |
- „Информации за искачување на Чимборасо“. Summitpost.org. Посетено на 25 октомври 2011. (англиски)
- „Чимборасо“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. Посетено на 25 октомври 2011. (англиски)
- „Последниот леден човек на Чимборасо“. Посетено на 25 октомври 2011. (англиски)