Чаликово

историско село во Солунско, Егејска Македонија

Чаликово (се среќаваат и Чал’ково и Чалково; грчки: Τσαλίκοβο, Цаликово) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Делта на Солунскиот округ во областа Централна Македонија. Населението се состоело исклучиво од Македонци.[1]

Чаликово
Τσαλίκοβο
Чаликово is located in Грција
Чаликово
Чаликово
Местоположба во областа
Чаликово во рамките на Делта (општина)
Чаликово
Местоположба на Чаликово во Солунскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°36.53′N 22°48.17′E / 40.60883° СГШ; 22.80283° ИГД / 40.60883; 22.80283
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски
ОпштинаДелта
Надм. вис.&100000000000000030000003 м
Население
 • Вкупноиселено
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓало во областа Вардарија, на 3 км југоисточно од градот Кулакија, на територијата на Националниот парк Делта на Вардар.[2]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX век Чаликово било мал чифлик. Тодор Симовски ги дава алтернативните имиња Чали Чифлик и Чалкатик.[1] Во 1880 г. се наоѓало меѓу двата ракава на Вардар (Голем и Мал Вардар).[3]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека Чаликово е село с 26 домакинства и 115 жители Македонци.[4][5] Според Васил К’нчов („Македония. Етнография и статистика“) в 1900 година в Чалъково живеят 200 Македонци християни.[4][6] Цялото село е под върховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) в 1905 година во Чаликово (Tsalikovo) имало 128 жители Македонци под патријаршијата и работело грчко училиште[4].[7]

Во 1905 г. според грчки податоци Чаликово имало 68 жители, „славофони патријаршисти“.[3]

Селото страдало од поплавувањето на Вардар. Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Чалаково било растурено во поплава од 1897 г. кога имало 30 куќи.[8] Во 1906 г. селото повторно било целосно уништено во голема поплава на Вардар. Во јуни истата година Димитриос Сарос, кој наминал во регионот, вели дека селото е збришано од речните води, и останале само црквата и малото училиште.[3]

Во Грција

уреди

За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција. Селото не е обновено, но отпишано е дури во 1927 г.[1]

Единствена преостаната градба од селото е црквата „Св. Димитриј“ — трикорабна базилика од 1858 г. Во 1983 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.[9]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 347. ISBN 9989-9819-6-5.
  2. „Πολιτιστικά μνημεία“. Εθνικό Πάρκο. Посетено на 22 октомври 2022 г. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 Μπαλάσης, Ευγένιος (Ιούλιος 2009). Οικισμοί του Κάμπου της Θεσσαλονίκης την περίοδο 1900-1940 : Μεταπτυχιακή Εργασία Επιβλ. Καθ. Μ. Μυρίδης (грчки). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης. Πολυτεχνικής Σχολή. Τμήμα Αγρονόμων Τοπογράφων Μηχανικών Τεχνικές και Μέθοδοι στην Ανάλυση, Σχεδίαση και ∆ιαχείριση του Χώρου Χαρτογραφική Παραγωγή και Γεωγραφική Ανάλυση. стр. 41. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 154–155. ISBN 954-8187-21-3. no-break space character во |pages= во положба 4 (help)
  6. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 141. ISBN 954430424X.
  7. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 218–219.
  8. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 109.
  9. „Δημοτικό Διαμέρισμα Χαλάστρας, πρώην Δήμος Χαλάστρας“. Δήμος Δέλτα. Посетено на 31 јули 2014.[мртва врска]