Црква „Св. Петка“ - Варвара

Света Петка претставува главната црква во тетовското село Варвара. Во Минатото непосредно под селото имало стара разурната црквичка посветена на Св. Петка Римска. Околу 1900 година, варварчаните Миајле, Гаљо и Бошко, во средината на селото изградиле провизорна црква со плетени прачки и облепена со кал. Подоцна, на истото место селаните изградиле мала капела и ја посветиле на истиот светител. Во 1977 година црквата е обновена и фрескоживописана од Крсто Гоговски од село Непроштено, а во 1978 година е осветена од Полошко-кумановскијот митрополит Господин Кирил.[1] Патронот на црквата се празнува на 8 август на денот на Св.Петка -Летна (Денот на Петка Римска).[2]

Света Петка

Поглед кон црквата

македонска православна црква
Епархија Тетовско-гостиварска
Архијерејско намесништво Тетовско
Парохија Теаречка
Местоположба

Карта

Место Варвара
Општина Теарце
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Петка Римска
Изградба 1970
Осветување 1971
Живопис 1971
Зограф Крсто Гоговски
Архитектонски опис

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Црквите и манастирите во Тетовското Архиерејско Наместништво“. Архиерејско намесништво Тетово. Посетено на 2010-09-11.
  2. „П Р А З Н И Ц И кога се собира повеќе народ во црквите и манастирите во Тетовското Архиерејско Наместништво“. Тетовско Архиерејско намесништво. Посетено на 2010-09-11.

Надворешни врски

уреди