Црква „Св. Илија“ - Глобочица
Свети Илија — црква во селото Глобочица која се наоѓа на самиот брег на истоименото езеро.
Свети Илија
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Струшко |
Парохија | Трета струшка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°19′04.1″N 20°38′30.8″E / 41.317806° СГШ; 20.641889° ИГД |
Место | Локов |
Општина | Струга |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Илија |
Изградба | 19 септември 2011 |
Завршено | 2014 |
Осветување | 14 септември 2014 |
Ктитор | ЕЛЕМ |
Архитектонски опис |
Историја
уредиКамен-темелник за изградба на црквата бил поставен на 19 септември 2011 година,[1], а истата била завршена била во 2014 година. Осветувањето било извршено на 14 септември 2014 година, кога биле одбележани точно 50 години од потопувањето на истоимената потопена црква.[2] Карактеристично за оваа црква е тоа што камен-плочата од некогашната потопена црква од 15 век е вградена во новата над влезот. Истата била извадена од дното на езеро од страна на нуркачки тим во мај 2012 година.[3]
Архитектура
уредиЦрквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола, која има по една монофора на северната, јужната, западната и источната страна. Влезот на црквата е сместен на западната страна, а просторот пред него е покриен со натстрешница. Објектот е изграден од камен и е покриен со лимен кров. Дворот на црквата е ограден со камена ограда.
Галерија
уреди-
Црквата со езерото Глобочица
-
Црквата со околината
-
Јужната страна на црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Н., В.. „Глобочани започнаа да ја градат црквата Св. Илија“. ВМ Телевизија. 19 септември 2011.
- ↑ Н., Ј.. „На 50 годишнината од потопувањето на Глобочица осветена новата црква Св.Илија“ МРТ. 14 септември 2014.
- ↑ „„Св.Илија“ над вода по 50 години Архивирано на 13 јули 2021 г.“ MKD.mk. 12 септември 2014.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Илија“ - Глобочица на Ризницата ?